Вистината за изградбата на Стоунхејџ?
Од сите мистериозни места на Земјата, ретки се тие кои можат да конкурираат на Стоунхенџ - мистериозен камен споменик сместен во околина на Салисбур во Јужна Англија.
Најновата торија за начинот на изградбата и пренесувањето на големите камени блокови, укажува на можноста дека градителите од неолитот, користеле тркалезни носачи.
Мегалитите, големи вертикално поставени камени блокови, високи се над три метри и тешки неколку тони. Поставени се во круг и се верува дека така стојат 3000-5000 години. Археолозите од Стоунхенџ Риверсајд Проџект сметаат дека тоа место служело за гробишта. Но, некои други прашања ги навеле научниците на размислување - дали можеби постои некој таен или дури научен мотив за постоење на таква градба. Поради положбата на мегалитите се разгледувало дали е Стоунхенџ всушност софистицирана астрономска опсерваторија.
Транспортот на мегалитите од каменолом одалечен 150 милји
Едно од прашањата е на кој начин се пренеле и позиционирале мегалитите. Како ги транспортирале од каменолом одалечен 150 милји? Можеби тајната конечно е откриена. Научници од универзитетот во Ексетер експериментираат со дрвени округли лежаи, сместени во долги издлабени и дебели дрвени даски. Кога ќе се постават тешки бетонски блокови на таква платформа, на лежаи, многу полесно се поместуваат.
Археологот Ендрју Јанг се качил на еден таков блок за да му додаде тежина и гледал како се однесува конструкцијата при транспорт.
„Вистински тест за теоријата беше кога колегата и мене и блокот не помести само со помош на показалецот. Малку бутна со прстот и полетав напред“, вели Јанг. „Тоа докажа дека со помош на таква платформа може да се поместуваат големи и тешки објекти, па дури и мегалитите од Стоунхенџ“.
National Geographic подготвува посебна епизода
По овие успешни експерименти, археолозите веруваат дека градителите на Стоунхенџ, ако го користеле овој метод, можеле да поминат и до 10 милји дневно. Тоа би значело дека камените блокови од каменоломот до местото на градбата можеле да стигнат за околу две недели.
National Geographic подготвува посебна епизода, „Stohenge decoded“, во која ќе се разгледуваат неколку различни теории околу градбата Стоунхенџ - предисториски компјутер, астрономска опсерваторија, место за обожување, гробишта, па и можноста дека монолитите ги поставиле вонземјани.