Стипендии

  • Креатор на темата Креатор на темата Mädchen
  • Време на започнување Време на започнување
Вака имам еден проблем. За овој повторниов конкурс што е за стипендии од типот В. Во електронската пријава си пишав колку што си зима татко ми плата, ама во потврдата му пишале плус 2 000 тие што му идат за осигурување. Сеа таму пишува дека податоците од електронската пријава и документите треба да бидат ИДЕНТИЧНИ, во спротивно ако не бидат нема да се земат во предвид документит. Сеа ке ми прават ли проблеми за ова или не??? Има ли некој како моето искуство? ПОзз
 
Тодоров: Исплатени две рати од студентските стипендии...

По тримесечно доцнење, студентските стипендии почнаа да се исплаќаат. Две рати од стипендијата веќе легнале на книшките на околу 2.800 студенти.

Министерот за образование го потишал и мартовскиот налог. Тодоров вели дека оваа година нема да се случи студентите да чекаат на тие пари од кои многумина и зависат, средствата навремено ќе се исплаќаат. До јуни студентите ќе ги добијат парите од сите 9 рати.

Поради неповратениот долг од студентските кредити, или милијарда евра, министерството реши годинава да ја исфрли оваа категорија и воведе три типа на стипендии. 200 талентирани студенти земаат по 4.000 денари месечно, 1.000 студенти по 3.000 денари и 1.600 социјални случаи по 2.500 денари.

Со алал да си ги трошете...
 
^Ова е за старите корисници, или и за нас новите? Пошто уште нема стигнато договор, или нема везе тоа.
За кого и да се, со здравје трошење :)
 
Две ради од новите. До јуни ќе ги добиеме сите 9. Крстарење по Нил ќе си купам.
 
Две ради од новите. До јуни ќе ги добиеме сите 9. Крстарење по Нил ќе си купам.

Ти си од новите? Ти стигна некој договор по пошта или не ни требаше? Прашувам зошто мене не ми стигнало, а слушнав такви информации..
 
Јас сум од новите, не ми стигна никаков договор по пошта, всушност - однесов таму трансакциска сметка број е еве денес слушам на вести дека почнале со исплата на 2 рати. А исто така најавија дека до јуни месец ќе ни ги исплатат сите 9 рати. Признај дека и ти сакаш изборни години! :)
 
Јас сум од новите, не ми стигна никаков договор по пошта, всушност - однесов таму трансакциска сметка број е еве денес слушам на вести дека почнале со исплата на 2 рати. А исто така најавија дека до јуни месец ќе ни ги исплатат сите 9 рати. Признај дека и ти сакаш изборни години! :)

Да, да, кога слушнав за избори ептен се израдував :)

И јас истото го направив како тебе нормално, само чекав некој договор потпишан да ми стигне по пошта зошто така слушнав. Баш ќе проверам во банка дали нешто е исплатено.
 
Ја ппрееска бев во банка накај 5 после веста на сител и ништо немаше на картичката ваљда треба да легнат па после понеделникот да ги очекуваме парите...
 
Секоја година избори :vozbud:Но нема стигнато ништо на сметка се надеваме за понеделник .
 
^^ Сеа глеав на сител кажаа нешо дека се укинати кредититеи воведени се 3 нови стипендии. Една категорија беше "Стипндија за талентирани студенти". Може некој да ми каже нешто повеќе околу оваа стипендија. Услови итн...
 
Јас имам стипендија за талентирани, кај мене требаше да имам просек над 9 и не знам што... А јас имам 9.8 .
Инаку 4000 денари е месечно.
Уште не ми е стигнал договорот назад по пошта, и не знам дали имам исплатено некоја рата. Утре ќе проверам па ќе ви кажам :)
 
Две ради од новите. До јуни ќе ги добиеме сите 9. Крстарење по Нил ќе си купам.

Хахахахахаххах ме пресмеа жими мајка... А шо рече Министерчето за старите корисници !? Кога ќе се доисплатат пари ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom