Stari skopjani

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Најгласни провинцијалци се студентите. Другите се адаптираат. Овие не. Сељачизмот го тераат додека се у тоа студентскиот.
valjda znaes deka u noviot studentski dom, 80% od studentite se clenovi na UMS, neli? :D
 
Во време кога се случувна масовна Албанизација и криминализација на Скопје, место да се обидат да го зачуваат градот, држејќи се до својот земјак и сопатилец Македонец, стариот скопјанец ќе му ги извади очите пошто се доселил во градот 30 години покасно од него.
Турска и шкиптарска касаба си била 500 години пред Србите да дојдат и да решат да носат колонизатори и да ги маваат турците и да средат нешто. Потоа станува најголемата прчварница во СХС , место за блуд и разврт. После 45та почнува да станува македонски град ако може да го сметаме. Ја умревме цела Македонија за да се населиме тука заради нашите политичари и урбаната мафија и патем веќе бројот на новородени македонци е веќе помал од 50%.

Нити е имал некоја душа нити некоја традиција, а не пак некоја посебна култура. Пардон симит погача е тоа што ја отсликува "душата", празен бурек во леб. Би ми било срам да кажам на странец дека ова е нешто по кое градот се идентификува. Како и секој голем град ќе го следи истата судбина, допрва со приливот на турци, бангладеш, индијци ќе си добие нешто од тоа што е било до пред 100 години.

Ова е моја прогноза иако се согласувам со тебе, дека треба да се проба да се спаси колку што може од враќање на тоа што си бил. Кога веќе се умре друго освен Скопје, да не биде за џабе. Ма да гратчиња од источна се швајцарија по чистота за Скопје.
 
Такви муабети ќе слушнеш само од "стари скопјани" лузери. Кои за жал се се поголем и поголем број иако тоа не се скопјани.

Тие мораат кога ќе се погледнат во огледалото наутро некако да се оправдуваат зошто парите не им стигнуваат ни за симит погача во кутијата за чевли од 45 квадрати или наследената барака од солидарност.

Цел живот и поминал во спрдачење и неработење во таа барака потоа, продавање на бараката за 3 стана, потоа продавање на стан за нерална цена периодично, за на крај да завршат во кутија за чевли од 35 квадрата, сега тој што се трудел во животот им е виновен.
 
Најгласни провинцијалци се студентите. Другите се адаптираат. Овие не. Сељачизмот го тераат додека се у тоа студентскиот.
И чаре ?
Да ги затвориме сите студентски за да не доаѓаат провинцијалци ?
И забрана за станови издавање на провинцијалци ?
 
Такви муабети ќе слушнеш само од "стари скопјани" лузери. Кои за жал се се поголем и поголем број иако тоа не се скопјани.

Тие мораат кога ќе се погледнат во огледалото наутро некако да се оправдуваат зошто парите не им стигнуваат ни за симит погача во кутијата за чевли од 45 квадрати или наследената барака од солидарност.

Цел живот и поминал во спрдачење и неработење во таа барака потоа, продавање на бараката за 3 стана, потоа продавање на стан за нерална цена периодично, за на крај да завршат во кутија за чевли од 35 квадрата, сега тој што се трудел во животот им е виновен.
Ја сум те видел дека имаш некој неоправдан хејт кон Скопјаните, ама тоа е сосем нормално човек кога живеел во едно време (ете Анчо) кога имало 200К жители да му пречи одеднаш да стане 600К и да расте, да не мислиш дека во Германија или каде и да беше по ДАХ регионот сега веќе скокаат од радост од дојденците или ве викаат ауслендери но во негативна конотација? Ако се тргнеме од бумерите, во наше време, на милениалите, веќе кога се беше измешано, најгласни против провинцијалци беа луѓе кои беа прво колено на доселеници во Скопје, доста парадоксално, он сака да забрани друг да дојде кога веќе некој му дал на неговиот татко да дојде.
Не би живеел во Скопје никогаш... Многу поубави гратчиња има... Едино ако се мора.
Подобро и ако се мора избегавај.
Автоматски споено мислење:

И чаре ?
Да ги затвориме сите студентски за да не доаѓаат провинцијалци ?
И забрана за станови издавање на провинцијалци ?
Требало на времето да ограничат влез, ко во Љубљана, така ќе имал ќар и Скопје, што не е наменет за толку народ, и Македонија, ќе се децентрализирало се од администрации до распределба на финансии, до можности, не сме ние толку голема држава да се централизираме во еден град, требало барем да се развие и Битола, и пример Штип или Струмица, да го стигнат Скопје по жители. Денес, кога штетата е направена на Македонија и на Скопје, нема смисла веќе некој да се ограничува да дојде, дури и не е фер да се ограничи.
 
Во време кога се случувна масовна Албанизација и криминализација на Скопје, место да се обидат да го зачуваат градот, држејќи се до својот земјак и сопатилец Македонец, стариот скопјанец ќе му ги извади очите пошто се доселил во градот 30 години покасно од него.
Ова го има во секој град кај нас, баба ми ден денес 70 години од кога е иселена се гордее дека нејзината фамилија била од градот а не од селата. А кога прочепкавме по дрвото, и нејзината фамилија дошла таму 2 генерации претходно.

Стари скопјани се сметаа луѓе што живееле тука пред земјотресот. Тоа било многу мал процент на луѓе тука, а и сите се измешани со останатите. Не е ова Варош кај што луѓето се деформирани како Хабсбургзи за да ја зачуваат линијата.
Автоматски споено мислење:

Имам тетка во Скопје која е родена под падините на едно Планинско село во Источна Македонија, во 60-тите учела во Скопје, таму ја бендисал тетинот (доселеници од Пелагонија) и така формирале "скопско" семејство :) . . . Да напоменам и дека беа на функции во бивша YU и живееја доста модерен и современ живот за тоа време, во 80-тите кога одев кај нив на гости во Дебар-маало ми се чинеше како да сум во Њујорк, се разбира од моја тогашна детска перцепција :)
Денес мојата тетка е во години и личи на талијанска баронеса а и живее во таква куќа, нема шанси да ја познаете дека е родена во некое село, сличен пример е и т.н. Камењар од бој-бендот Нови дечки чиј татко исто потекнува од едно Планинско село во Источна, денес тотално напуштено а мајка му е од една Радовишка населба вон градот...Така да тоа е се што може да кажам за т.н. стари скопјани
Пример овие не се стари скопјани, и луѓето би им се смееле ако така се декларираат. Камењар е позната градска фаца, безразлика од кај потекнуваат неговите.
 
Последно уредено:
Турска и шкиптарска касаба си била 500 години пред Србите да дојдат и да решат да носат колонизатори и да ги маваат турците и да средат нешто. Потоа станува најголемата прчварница во СХС , место за блуд и разврт. После 45та почнува да станува македонски град ако може да го сметаме. Ја умревме цела Македонија за да се населиме тука заради нашите политичари и урбаната мафија и патем веќе бројот на новородени македонци е веќе помал од 50%.

Нити е имал некоја душа нити некоја традиција, а не пак некоја посебна култура. Пардон симит погача е тоа што ја отсликува "душата", празен бурек во леб. Би ми било срам да кажам на странец дека ова е нешто по кое градот се идентификува. Како и секој голем град ќе го следи истата судбина, допрва со приливот на турци, бангладеш, индијци ќе си добие нешто од тоа што е било до пред 100 години.

Ова е моја прогноза иако се согласувам со тебе, дека треба да се проба да се спаси колку што може од враќање на тоа што си бил. Кога веќе се умре друго освен Скопје, да не биде за џабе. Ма да гратчиња од источна се швајцарија по чистота за Скопје.
Има историја и значаен е до Пиколомини. После 200 години стагнација подемот почнува крајот на 19 век, кога прво станува главен град на Косовскиот вилает. Од Призрен се сели престолнината во Скопје. Тогаш имал 2-3 илјади жители, 90% Турци. Па и називот на вилаетот се менува во Скопски вилает.
 
Тоа дури смешно е да се дискутира, градот како град има огромна историја и бил центар на значајни настани.

Тоа што одреден период бил мнозинство турци е типично за повеќето градови тој период. Нашите биле по селата и планините. Инаку атина во 1800та има 5000 жители, од кој знае какво потекло. Не верувам дека некој би кажал дека Атина нема историја.
 
Може да се нарече стар Скопјанец само ако семејството му/и живее во градот барем 150 години.

Значи она што бил градот пред 150 години, не нива или село каде по земјотресот е изградена населба.

Секако мислам дека многу се оптеретуваат и Скопјаниве и новодојденците.
 
Луѓето од другите градови ги мешаат старите скопјани. Тоа е термин што си го смислија за да се одвојат од луѓето што се дојдени после земјотресот, да речам регуларните скопјани :D Нема врска со дојденците, туку обид за супериорност према луѓе родени и растени тука.

150 години тешко дека некој би си ја нашол лозата, тоа е многу ретко. Затоа и терминот е смешен само по себе.
 
Back
На врв Bottom