Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
@Lester Freamon

Да, ама и во помалите градови претежно голем дел од чкартот е растен далеку од центарот, во периферијата.
Еве за полесно, распрашај се за градскиов чкарт каде е растен, па ќе дојдеш до заклучок дека 90% од нив се растени во периферија. И да биде салам детево/фамилијава, комшиите не се. Ќе тргне по лоши насоки уште од помало. Претежно се од посиромашни семејства и уште од помала возраст го бараат спасот на полесен начин. Така да и за во помаливе градови 50-100к не држи вода муабетов.

Да не ти звучам сеа како јас в центар дека сум растен, некаде измеѓу сум :D
се потсернав на столот додека ти ги читав глупостите, ако не си од центар си бил чкарт
 
Последно уредено:
Baram stan vo skopje za prestojuvanje eden mesec so parking
 
Завод за Статистика вика Скопје има 59,300 празни станови.

Според последниот попис, Скопје има 213.850 станови. Ова значи дека секој четврт стан или нешо повеќе од 25% од становите во Скопје седат празни.

До кога би било одржливо ова? Може да стигнеме до 50% празни станови?
 
Дур не се побунат луѓето и се стави некаков данок за неискористен стан. До тогаш ќе си ги уништуваме населбите со градби во кој никој не живее.
 
Многу народ се води на адреса во родниот град. Тие што се дружам единствено имат сменето адреса оние што имаат деца па за градинка или училиште треба да ги запише. Се друго неаме никој адреса на Скопје, смешен е данокот на луксуз и не чуствувам потреба да сменам адреса. Нека оди некој денар од данокот во родна грутка :icon_lol:
 
И тој дел го забораив. Ама од другари попишувачи стварно имало доста празни станови. Данокот на луксуз е смешка.
 
Дур не се побунат луѓето и се стави некаков данок за неискористен стан. До тогаш ќе си ги уништуваме населбите со градби во кој никој не живее.
Данок на неискористен стан е пропаганда од левите кавијар соцјалисти, ама таа пропаганда добро се лепи претежно кај помладата популација.
Крив е некој си што наследил полуриниран стан и му стои празен.
Никој не кажива дека данокот нема ама баш во никој случај да ги направи бетонот, стаклената волна, циглите, ќерамидите, варта, работната рака поефтини.
Само една давачка повеќе во џебот на локалните државни апаши која преку повисока цена ќе му биде наплатена на населението.
 
Како моменталната цена на бетон ги качи цените на становите изградени пред 50 години?

Инаку заклучени пари во економијата не се добри во никој случај. Поготово заклучени во цигли. Да не зборам што ем нема станови за тие што сакаат да живеат, ем населбите стануваат се погрди и погрди зашто се градат згради на секој чекор и потоа блеат полупразни.
 
Многу народ се води на адреса во родниот град. Тие што се дружам единствено имат сменето адреса оние што имаат деца па за градинка или училиште треба да ги запише. Се друго неаме никој адреса на Скопје, смешен е данокот на луксуз и не чуствувам потреба да сменам адреса. Нека оди некој денар од данокот во родна грутка :icon_lol:
И покрај тоа има многу празни станови, помини пред зградите и погледни на колку од нив имаш уклучено светло навечер, или колку од сметките се подигнати во поштенско сандаче.
Последно во зградата каде што бев во Аеродром (5 години стара) околу 35% од становите беа празни, што е најинтересно не се замараа ни да ги рентаат :D Во спротивната зграда мислам дека уште помалку имаше вселени, а беше стара околу 4 години, на огромен број никогаш не видов светло навечер, а ми беа директно спроти балкон.
 
Јас и понатаму не можам да сфатам што сум згрешил што имам стан, кој не го користам. Дали, ако за тие пари купев џип, гревот ќе ми беше помал? За станот плаќам годишен данок, кој ете, од оваа година се зголеми. За џипот не би плаќал ништо, доколку не го користам. Се осеќам како грешник, кој треба да биде уште повеќе казнет затоа што не сум одлучил парите да ги дадам на луксуз. Толку ли државава ќе има повеќе од мене корист ако го продадам количево за помалку од 2000 евра и купам поголема?
Станот не го издавам, дека еден ден планирам да живеам во него, па ќе морам да го реновирам. Ќе морам сериозно да ги преиспитам своите постапки
 
Секаде на Запад гледаат да го стегнат тоа second home ownership и колку што се сеќавам давачките за тоа се високи.

Работата е едноставна. Намената на куќа/стан е за домување, за некој да живее во него а не како инвестициско средство. Кој сака да се занимава со инвестирање нека вложи во инвестициски фонд, берза, нека отвори фирма или нека си купува уметнички дела или злато.

Кај нас имаме ситуација на квази-феудалци со по 10 стана кои ништо не придонесуваат за економијата освен што им наплаќаат кирии на млади брачни парови кои работат и ефективно придонесуваат за раст на економијата.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom