Рики требаше после Хуманити да извади и уште еден спешл, бар така го слушав по интервјуа, али претпоставувам дека со пандемијава се пролонгира. Хуманити е одличен спешл, можеби и најдобар, сите му ги иам гледано.
Од женскиве, ми се допаѓа Али Вонг, но таа мислам дека нема некој нов материјал. И лани ја открив Тејлор, моментално една од подобрите. Се изнасмеав за муабетот за венчавките и гримасите што ги прави.
Ентони е исто ок, малце ко да претерува со црниот хумор, зашто поцрн не може да биде, али тоа му е трејдмарк. Срцка е вака физички, само малце да се опушти со телото и да не е толку uptight, ќе остава подобар впечаток.