ThA-BiTcH
~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
- Член од
- 23 септември 2005
- Мислења
- 4.338
- Поени од реакции
- 62
Нема човек кој не ги мрзи утрата....стануваш рано, не можеш да гледаш, се би дал да поспиеш уште 5 минути, и цел свет те нервира. Не дај боже уште да нема такси или да не пали колата...ееее тогаш следува хаос...
Еве како, едно утро да ви започне прекрасно, без нервози и стрес.
Сепак не заборавајте:
"По утрото се познава денот"
Утрото обично поминува во брзање – што да се облече, доручек, носење на децата во училиште и капење, и сето тоа пред 8 часот. Има некои работи што можете да ги направите за денот да ви почне „на десна нога”.
Разбудете се со пријатна музика – наместо да се будите со бучниот нервозен аларм на будилникот напумпани со адреналин, наместете радио-станица со пријатна музика.
Доручкувајте – ова ќе ви ги определи и понатамошните оброци во денот. Доколку останете гладни, тешко дека ќе одолеете на крофните во 11 часот, а за ручек сеуште нема да бидете гладни.
Изедете нешто свежо – земете банана или јаболко, или барем некој овошен сок. Ваквиот почеток на денот е добар за вашето тело и за вашата душа. Свежо овошје е секогаш подобро од мултивитамински сок.
Од вечерта подгответе што ќе носите – кога во 7 часот ќе се разбудите и панично ќе почнете да барате што да облечете воопшто нема да ви биде пријатно. Особено доколку планираната облека си ја најдете на дното од кошот за пеглање.
Напијте се вода – многумина се благо дехидрирани наутро. Сепак, сте минале 7-8 часа без воопшто да се напиете вода.
Измијте ги забите – започнете го денот со свеж здив и чисти заби. Поттикнете ги и другите во вашето семејство на ова.
Полека со кафето – многу луѓе велат дека не можат очи да отворат додека не се напијат кафе. Сепак, останете на една испиена шоља, а со неа пијте и вода, бидејќи кафето всушност дехидрира.
Утрото не треба да биде битка – не се карајте со никого рано наутро. Тоа може да ве вознемири и во остатокот од денот и бидејќи сте на работа честопати тоа не можете да го контролирате до вечерта.
Истуширајте се – секогаш е пријатно да го започнете денот со чувство на свежина. Избањајте се или истуширајте се, тоа е добро за циркулацијата.
Движете се – доколку е можно, направете кратка утринска прошетка. Ова не секогаш е можно, но барем потрудете се.
Станете десет минути порано – со ова ќе го избегнете избезуменото утринско брзање, а кој сака на работа да пристигне задишан и испотен со чорапи во различна боја?