РУСИЈА:
Осми март во Русија е државен празник и неработен ден. Годинава Русите го слават три дена- понеделникот (7март) го одработиле претходно.
- Сите треба да им бидеме благодарни на жените што ни даваат живот.Жените секогаш не следат,и ние многу сакаме тие да ни го украсуваат животот“ им порача на жените Путин.
Московската полиција вети дека денеска нема да ги казнува жените за сообраќајни прекршоци,а московското метро на жените им го честита празникот со љубовни песни. Градскиот транспорт во повеќето градови зa жените е бесплатен./www.kanal5.com.mk
ГЕРМАНИЈА :
Сојузната канцеларка Ангела Меркел денеска на 100 годишнината од одбележувањето на Меѓународниот ден на жените ги повика мажите поводот да го искористат за размислување самите за себе.
Во текст во специјалното издание на "Tagesscajtung" Меркел пишува дека доколку мажите така постапат „ќе добијат многу“.
Во Германија 100 годишнината од првите женски демонстрации се одбележува со трибини,политички собири и дебати.
Конзервативната министерка за социјални прашања Урсула фон дер Лајен и опозицијата ја заговараат идејата за воведување квоти за жени меѓу водечките менаџери во фирмите и во надзорните одбори. Противници на ова идеја се Меркел и министерката за семејство Кристина Шредер.
Синдикатите потсетуваат дека жените во Германија заработуваат 23% помалку од мажите со иста квалификација и на исто работно место.Кај мажите вработеноста е 71% а кај жените 60%./www.kanal5.com.mk
МАКЕДОНИЈА:
Според официјалните податоци жените во Македонија во просек живеат 73 години,а мажите 69-објави Државниот завод за статистика.
Жените во Македонија во просек живеат 73,а мажите 69 години.Во вкупната популација застапеноста на жените и мажите е подеднаква.
Просечната возраст за стапување во брак во текот на изминатата декада (1999-2009) за жените била 25 а за мажите 28 години.
Ова се дел од податоците во публикацијата
„Жените и мажите во Република Македонија во 2010“ на Државниот завод за статистика .
Жените во Македонија се почесто се одлучуваат да раѓаат по едно или две деца, а најзастапен тип семејство е брачна двојка со деца, најчесто две.
На факултетите се запишуваат повеќе жени. Повеќе жени се запишуваат на втор и на трет циклус на студии, како и завршени студенти на прв, втор и трет циклус. Бројот на жените запишани и завршени на прв, втор и трет циклус главно е поголем во општествените, хуманистичките и медицинските науки, за разлика од техничко-технолошките науки каде што и бројот на запишани и бројот на завршени жени е помал во однос на мажите.
Но,вработеноста во Република Македонија се карактеризира со многу неповолна полова структура.
- Стапката на вработеност во 2009 година кај жените изнесува 29,4 и е значително пониска во споредба со мажите која изнесува 47,5. Стапките на невработеност кај жените и кај мажите се многу блиски, односно 32,8 и 31,8. Стапката на активност кај жените е пониска и изнесува 43,7, а забележливо е повисока кај мажите и изнесува 69,6, покажува истражувањето на ДЗС.
Од вкупно пријавени 15.511 познати полнолетни сторители на кривични дела во 2009 година, 1.486 или 9,6 проценти се жени, односно 14.025 или 90,4 отсто мажи. Кај обвинетите од вкупно 11.905, 1.022 или 8,6 отсто се жени, а 10.883 или 91,4 се мажи. Од 9.801 осудено лице, 695 или 7,1 отсто се жени, а 9.106 или 92,9 проценти се мажи./www.kanal5.com.mk
ЗАКЛУЧОК ЈАС:
Едно е јасно ,подобро мечка да си земеш за жена ,ке те изеде наеднаш......чудни створења сте вие жените ,ама вистина е дека без вас не можеме , многу ве сакаме како жени ,мајки,керки ,баби ,пратенички,камењарки.....забегав ептен

Среќен празник:smir: