Среќен 8-ми март ...

  • Креатор на темата Креатор на темата pLaToOn
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Среќен празник на сите жени и на тие што не се жени ама се чувствуваат како жени.
 
РУСИЈА:
Осми март во Русија е државен празник и неработен ден. Годинава Русите го слават три дена- понеделникот (7март) го одработиле претходно.

- Сите треба да им бидеме благодарни на жените што ни даваат живот.Жените секогаш не следат,и ние многу сакаме тие да ни го украсуваат животот“ им порача на жените Путин.

Московската полиција вети дека денеска нема да ги казнува жените за сообраќајни прекршоци,а московското метро на жените им го честита празникот со љубовни песни. Градскиот транспорт во повеќето градови зa жените е бесплатен./www.kanal5.com.mk

ГЕРМАНИЈА :
Сојузната канцеларка Ангела Меркел денеска на 100 годишнината од одбележувањето на Меѓународниот ден на жените ги повика мажите поводот да го искористат за размислување самите за себе.

Во текст во специјалното издание на "Tagesscajtung" Меркел пишува дека доколку мажите така постапат „ќе добијат многу“.

Во Германија 100 годишнината од првите женски демонстрации се одбележува со трибини,политички собири и дебати.

Конзервативната министерка за социјални прашања Урсула фон дер Лајен и опозицијата ја заговараат идејата за воведување квоти за жени меѓу водечките менаџери во фирмите и во надзорните одбори. Противници на ова идеја се Меркел и министерката за семејство Кристина Шредер.

Синдикатите потсетуваат дека жените во Германија заработуваат 23% помалку од мажите со иста квалификација и на исто работно место.Кај мажите вработеноста е 71% а кај жените 60%./www.kanal5.com.mk

МАКЕДОНИЈА:

Според официјалните податоци жените во Македонија во просек живеат 73 години,а мажите 69-објави Државниот завод за статистика.
Жените во Македонија во просек живеат 73,а мажите 69 години.Во вкупната популација застапеноста на жените и мажите е подеднаква.
Просечната возраст за стапување во брак во текот на изминатата декада (1999-2009) за жените била 25 а за мажите 28 години.

Ова се дел од податоците во публикацијата
„Жените и мажите во Република Македонија во 2010“ на Државниот завод за статистика .

Жените во Македонија се почесто се одлучуваат да раѓаат по едно или две деца, а најзастапен тип семејство е брачна двојка со деца, најчесто две.

На факултетите се запишуваат повеќе жени. Повеќе жени се запишуваат на втор и на трет циклус на студии, како и завршени студенти на прв, втор и трет циклус. Бројот на жените запишани и завршени на прв, втор и трет циклус главно е поголем во општествените, хуманистичките и медицинските науки, за разлика од техничко-технолошките науки каде што и бројот на запишани и бројот на завршени жени е помал во однос на мажите.
Но,вработеноста во Република Македонија се карактеризира со многу неповолна полова структура.

- Стапката на вработеност во 2009 година кај жените изнесува 29,4 и е значително пониска во споредба со мажите која изнесува 47,5. Стапките на невработеност кај жените и кај мажите се многу блиски, односно 32,8 и 31,8. Стапката на активност кај жените е пониска и изнесува 43,7, а забележливо е повисока кај мажите и изнесува 69,6, покажува истражувањето на ДЗС.

Од вкупно пријавени 15.511 познати полнолетни сторители на кривични дела во 2009 година, 1.486 или 9,6 проценти се жени, односно 14.025 или 90,4 отсто мажи. Кај обвинетите од вкупно 11.905, 1.022 или 8,6 отсто се жени, а 10.883 или 91,4 се мажи. Од 9.801 осудено лице, 695 или 7,1 отсто се жени, а 9.106 или 92,9 проценти се мажи./www.kanal5.com.mk

ЗАКЛУЧОК ЈАС:
Едно е јасно ,подобро мечка да си земеш за жена ,ке те изеде наеднаш......чудни створења сте вие жените ,ама вистина е дека без вас не можеме , многу ве сакаме како жени ,мајки,керки ,баби ,пратенички,камењарки.....забегав ептен :)
Среќен празник:smir:
 
Фала најмногу! :smir: Честиткиве ќе ги сфатиме како каранфилки, симболот на 8. март. :pos:

Среќен 8. март на сите жени што го празнуваат!


П.С. Гораздс многу ти фала на убавите зборови! Заклучов ти е прекрасна честитка. :pos:
 
Среќен роденден на сите госпоѓи, мајки, теткици, милфици итн. итн. :)
 
8-mimart.jpg
 
Среќен празник до сите што се од понежниот пол...и останатите што се нежни!
 
Среќен празник и се најдобро до сите девојки и жени на форумов! :smir:
 
Среќен празник на сите припадници од понежниот пол што се на форумов :smir:
 
И од мене Среќен 8ми Март мајне Дамен :back:
26357_347932191357_549896357_3507914_3574619_n.jpg
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во чест на 8 Март, Меѓународниот ден на жената, Државниот завод за статистика ви претставува неколку интересни податоци за жените во Република Македонија[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] [/FONT][FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Жените живеат четири години подолго од мажите[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Процентуалното учество на жените и на мажите во вкупното население е подеднакво, 50% од населението се жени, 50% се мажи. Поголем број на жени се забележува во старосната група од 65 години и повеќе.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] Жените во Македонија сe почесто се одлучуваат да раѓаат по 1 или 2 деца. [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Grafik8Mart.jpg
[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Жените повеќе се дружат со книгите [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во 2009 година, 57.8 % од вкупниот број на дипломирани студенти (10 332) се жени. Учеството на жените магистри во вкупниот број на магистрирани лица изнесува 56.6 %. Учеството на женските лица кои одбраниле докторска дисертација изнесува 64 кандидати, што претставува 53.8 % од вкупниот број на лица кои докторирале во 2009 година. [/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Жените помалку користат компјутери од мажите[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во 2010 година од вкупниот број на жени на возраст од 15 до 74 години, 54.4 % се корисници на компјутер, а 49.3 % на интернет, додека кај мажите на иста возраст, 58.4 % се корисници на компјутер, а 54.5% на интернет.[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Жените и понатаму имаат помало учество во статусот работодавец[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во 2009 година, 22 % проценти од работодавците биле жени. Гледано по вработени по секторите на дејност, жените се најзастапени во секторот Здравство и социјална заштита со 72%, а најмалку во секторот Градежништво со 6%. Во 2009 година, 60% од неплатените семејни работници биле жени.[/FONT]

[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Жените во земјоделството[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]Во 2009 година, во земјоделските претпријатија биле вработени 21.5 % жени од кои 24.4% со вишо и високо образование, а 46,7 % со средно образование.[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]На веб-страницата на Државниот завод за статистика: www.stat.gov.mk можете да најдете уште многу интересни податоци во публикацијата Жените и мажите.

http://www.stat.gov.mk/glavna.asp?br=134
[/FONT]
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom