Не можам да помислам дека таа девојка не е добра за него. Секој си има своја убавина. Ако не е убава физички, сигурно карактерно му се допаѓа штом е со нејзе, не може да се зборува генерално, секој има посебен вкус. Што е за мене убаво, за некој друг можеби не е. Штом е со нејзе, значи нему му е добра и што мајка барам јас да донесувам судови за тоа дали треба да бидат заедно или тој со мене? Ако е дечко на моја другарка, низ мислите може само како другар/пријател да ми се врти и ништо друго. И како би мислела дека другарка моја не е за него? Ако нејзе и е убаво со него, ако ја прави среќна, како да мислам дека таа не е за него или тој за нејзе? Сите си имаме право на избор, а ние другите не сме тие кои треба да кажуваме кој со кого би требало да биде.
Не зборуваме за изневерување, нели? Но, ако во една врска нешто не чини, ако еден од партнерите не е задоволен од другиот, ако не си ги решат проблемите, секако дека ќе оди кај друг/а.
Прво, не е можно да не знам дека претходно и` бил дечко на другарка или колешка. А соученичката ако не ми е блиска, тогаш секако дека нема да знам. Со другарките сме блиски и нема шанси да не знам кој и` бил дечко. Како и да е, со личност која ја сакам нема шанси да се испокарам поради некој дечко.
Еве ќе се обидам поинаку да објаснам. Ако другарка ми раскинала со дечкото, уште неразденето јас ќе дознам дека раскинала, а не па да знам дека биле заедно.
И да, другарството/пријателството ме прават среќни. А јас среќа и со друг дечко би нашла, не би бил тој последен воз за да сум среќна и да отфрлам другарство кое сме го негувале долго време.
Еве јас да те прашам нешто. Ти си со девојка, убаво ти е, среќен си. Се појавува некоја девојка која ти укажува (или ти кажува) дека таа девојка со која си не е за тебе, дека таа е подобра од сегашната девојка. Како би реагирал? Би и дал шанса да докаже дека е подобра од девојка ти или би игнорирал се` и би продолжил да си среќен со таа со која си моментално? Каков ризик би прифатил?
Ај да не испадне прашањето дека го поставив само за тебе, би можело да одговорат и другите.