Споредба на фудбалери. [Овонеделен дуел: Винсент Компани vs Тиаго Силва]

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Точно.Ројс е!

Пишав дека споредбава е тешка пошто се различни играчи...Скоро и немогуча е споредбава...Ко Чави и Меси да ги споредуваш!
Јас колку што знам играат на идентични позиции и Геце и Крос, единствена разлика е тоа што Крос не игра како лево крило туку како централен играч за врска, НО како втора негова позиција, значи резервна позиција.Примарни нивни позиции се истата позиција што ја играше Пандев кога беше во Лацио, онаа сезона поточно кога постигна 14 голови.
 
:cuc::cuc::cuc:

Двајцата се најјаки на светот!

Дојчланд убер алес!

Гарфилд за свемирски модератор! :cuc::cuc:

Озбилно, Тони Крос е измислен за Гетце, Тони Крос има прецизен и силен шут со двете нозе, добар пас и осет да игра. И подиректен е кон голот од Гетце, кој е мивка за Тони Крос!!!

Гетце is overrated and overpriced и ако замине од Дортмунд во било кој друг тим кој не ја има филозофијата на Клоп ќе пропадне као Сахин и Кагава.

Тони Крос беше во позајмица во Неверкузен 2 години и таму растури.
Сериозен си? Ти прв би го заменил Крос за Геце ;)

Шала на страна, тешко е да споредиш двајца фантастични играчи. двајцата имаат голем потенцијал но тој на Геце неспорно е поголем. Споредувам 20годишен Геце со скоро 23годишен Крос. Крос има можеби малце повеќе искуство ама Геце исто така игра трета година во првиот тим на Дортмунд, има земено 3 големи титула па и во ЛШ годинава игра одлично. Крос во споредба има повеќе искуство во ЛШ.

Двајцата играат иста позиција но предноста на Геце е што може лево - десно и централно да игра. Крос претежно игра централно зад шпиц и понекојпат како 6ка. Геце е побрз, има подобра техника и сенс за игра, Крос е познажен и има подобар шут па и во пасови има некоја предност. Крос иако е млад од прилика се знае дека може да достигне ниво како Швајни на пример, ама потенцијалот на Геце се чини неограничен. Исто така ја оправи својата слабост за давајне голови, со Хановер сега ете даде 3 гола. И јас лично сметам дека ментално Геце е малце подобар. Крос ако не му оди на тимот не е играч кој преземе иницијатива, се виде во финалето на ЛШ. Геце за разлика е моментално водечкиот играч во Дортмунд.
Сепак зборуваме за нијанси, двајцата се феноменални играчи, млади и со голема кариера пред нив. Мој избор сепак е Геце, го има она генијалното во себе што е многу ретко и што неможе да се преплати. На Крос тоа му фали.
 
okay-meme-face.jpg

Со тебе и со девојче неможе да добијам аргумент. :sick:
 
okay-meme-face.jpg

Со тебе и со девојче неможе да добијам аргумент. :sick:

Е сега не замреувај, двајцата се феноменални играчи ама Геце важи за поголем талент. Дали на крајот на кариерата ќе биде поуспешен од Крос не знаеме, али на двата им предвидувам голема кариера :) Добро е што сега има во Германија таленти колку сакаш, пред една деценија сите во Балак се крстевме :icon_mrgr:
 
Јас колку што знам играат на идентични позиции и Геце и Крос, единствена разлика е тоа што Крос не игра како лево крило туку како централен играч за врска, НО како втора негова позиција, значи резервна позиција.Примарни нивни позиции се истата позиција што ја играше Пандев кога беше во Лацио, онаа сезона поточно кога постигна 14 голови.
Не се ист тип на играчи. Геце делува повеќе како полушпиц а Крос како плејмејкер. Мислам стави ги на крилна позиција и ќе видиш кој ќе се снајде подобро. Едниот ги нема тие карактеристики да биде напаѓач (Крос) колку другиот ( Геце).

Тука можеше да падне споредба Крос / Озил за поквалитетна дискусија.
Како и да е премногу различен тип на играчи за да се избере подобар. И двата се светска класа.

Крос, Вилшер и Геце ми се топ 3 најдобри млади фудбалери во светот.
 
Јас колку што знам играат на идентични позиции и Геце и Крос, единствена разлика е тоа што Крос не игра како лево крило туку како централен играч за врска, НО како втора негова позиција, значи резервна позиција.Примарни нивни позиции се истата позиција што ја играше Пандев кога беше во Лацио, онаа сезона поточно кога постигна 14 голови.

:pos:

Што вика еден член подоле,стави ги на крилните позиции ќе ја видиш разликата...

Реално нијанси се во прашање,не сме ние ни тренери овдека стручни за да судиме,ама факт е дека Крос е повеќе насочен како плејмејкер,играч кој наоѓа простор во линиите на противничката екипа,доста интелегентен со феноменално чувство за тајминг и пас,и бомба шут...

Гетце е ала Рибери,експлозивен,како дриблер страшно вешт,и во тој сегмент поразличен од Крос.Полесно се снаоѓа на крилните позиции....

Јас повеќе Озил и Крос би ги споредувал....Иако несомнео Гетце и Крос се најталентираните играчи на денешницата,и идни соиграчи во Баерн!:D
 
Igorcemk :drk::drk::drk:

Кој од кој гол поубав!

Kros wat are u doing, Kroos stahp :D

Головите на Крос се одлични има феноменален шут. Не може Геце да се мери во таа категорија, али со технички движејна Геце не е лош:

Геце е многу динамичен и брз и плус ситуацијата ја сфаќа експресно и одма реагира. :)
 
Гарфилд не требало Крос со Гетце :facepalm: туку Крос против Озил, и двајцата се 10ки, играчи што играат како полушпиц, зад напаѓачите.
 
Тука гласам за Геце само заради тоа што Крос во финалето со Челзи се испичка како најголемо путе и пиче и не шутираше пенал, па мораше Нојер да дојде да не се посрамотиме скроз!
 
И еднниот и другиот се млади фудбалери. Гласав за Тони Крос бидејќи мислам дека е подобар од Марио Геце, зошто? Ете зошто.

- Тони Крос има феноменален шут, тоа што Геце го нема и треба многу да вежба за да го стигне Крос.
Според мене тоа е единствената причина поради која Крос е подобар од Геце.
 
Јас Геце не го рачунам веќе за талент бидејќи тој е оформен играч со место за голем напредок.Иако само 20години покажува дека заслужува најголем респект а неговите игри го докажуваат баш тоа.
Иако Крос игра како полушпиц неговата задача е да обезбеди да има лесен проток на топката,значи неговата задача e да биде плејмејкер на екипата за разлика од Геце кој е типичен крилен играч со доста добар first touch и finishing.
Крос додека играше во Леверкузен под палката на Јуп Хајнкес играше лево крило и беше доста успешен како со голови така и со асистенции но по доаѓањето во Баерн таа позиција бeше locked!Иако играше понекогаш 6-ка Крос,се гледа дека таа позиција не му лежи воопшто.
Крос и Геце се веќе надежта на Германија во офанзивниот дел и сметам дека нивните позиции се доста различни на теренот па секоја споредба е излишна.И двајцата заслужуваат голема почит за направеното во првата полусезона,од аспект на голови и асистенции итн..
Моментално Геце e too mainstream па нормално е да се фаворизира и секако е играч кој во иднина може да освои доста награди но пак ќе речам неговата позиција го диктира тоа.Мислам дека моментално е играч кој не е кренат во облаци и се надевам ќе биде предводник на Германската репрезентација во иднина.(y)
Крос иако игра 10-ка тој е доста повлечен и затоа неговата работа неможе да се забележи но соиграчите си знаат колкава заслуга има тој во играта на Баерн.
Јас нема да ги споредам бидејќи мислам дека коректно си ја извршуваат својата работа,своите задачи кои се доста спротивни еден со друг па ако заклучиме дека и Дортмунд и Баерн имаат различна филозофија се доаѓа до мојот заклучок.Дортмунд нема типична 10-ка а Баерн има,Баерн не може да игра притисок како што може Дортмунд итн па затоа Крос и Геце имаат голема тежина во тимовите но Геце моментално има поголема тежина бидејќи тие се клуб кој е во голем подем и немаат сеуште ѕвезди(секако цела екипа е респектирана но сепак немаат интернационална ѕвезда).Геце со своите 20години за мене е потребното штрафче во екипата на Дортмунд па и затоа го сметам како главен играч на екипата.Нормално може да си имате различно мислење.:D

И за крај,соломонско решение би било да гласам за двајцата но никако не би одвоил некој од наведените играчи.

П.С Наредна недела дајте споредба на голмани ако може,барем тука се знае кој е подобар бидејќи немаат различни позиции и задачи во тимот.:D
 
Гласав за гетце,затоа што мислим дека е покомплетен и подобар фудбалер.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom