Спомен куќа на Мајка Тереза

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
za laici nema potreba da se fpustaat vo diskusii zosto ispagaat smesni zatoa gledajte i uzivajte zosto ova da bese vo rim site ke pagavte vo nesves
 
za laici nema potreba da se fpustaat vo diskusii zosto ispagaat smesni zatoa gledajte i uzivajte zosto ova da bese vo rim site ke pagavte vo nesves

Ептен стручно го долови посакуваниот "не си го цениме своето" момент.
Постручно, здравје:tapp:
 
Мислам дека идејата на творецот на идејното решение сакал да направи градба која ја опишува Мајка Тереза како човек на сите луѓе какви било култура, религија и националност. Делови кои личат на џамија, модерна западна црква, прозори како од Македонската традиција....

Можеби, ама тоа го направил премногу помпезно и со тоа погазил една друга особина што ја опишува Мајка Тереза како човек: скромноста.
 
Мене ми се допаѓа изгледот на куќава ептен. Уникатна и впечатлива е, само околината не чини, можеле да најдат посоодветна местоположба... :toe:

Еве ја куќата од надвор,

( предниот и десниот страничен дел )

( задниот дел )

и од внатре

^горниот спрат.

Долниот сеуште не е комплетно готов, ама колку што видов таму беше само продолжетокот на бунарот ( ) и скали...

Немав баш многу погодни услови за сликање, но мислам дека доволно може да види од сликите некој што не ја посетил куќата.
 
Старата куќа на мајка тереза не била таму,, местоположбата на старата куќа е одма до плоштадот Македонија, односно ако тргнеш од плоштадот кон ГТЦ ќе забелешиш на асфалтот до тоа што селениот остров 4 ќошеви кои ја дефинираат пестополошбата на старата куќа на мајка тереза.
Da, ama sega na toa mesto pastirot ke gradi pravoslavna crkva. Zosto li, se prasuvam... :)
 
Е каква де, католичка или протестантска да гради? :)

Никаква. Тоа е поентата. Ама тоа е друга тема на разговор, дали треба или не да се гради што и да е на таа локација...Која воопшто и не е градежна локација, туку е дел од урбано подрачје за јавна употреба. ПЛОШТАД. Главен градски плоштад на главниот град на републиката. Дотичнава локацијава е избрана пошто таму некогаш постоела католичка црква. Наводно. Не знам за тоа.

Друга работа. Арни сте бе вие со мозок да се постави оној циркус на плоштад? Баш на тоа место? Малку е чирчето пред ГТЦ? Паради ќе прајме...или изложба „како не треба“ - наменета за млади, а богами итроа постарички архитекти. Читајте ме погоре бре, ако не ви е мака. Одприлика сум се потрудил да објаснам колкав е неквалитетот на... делово.

Поентата е во тоа што не треба да постои како таков објект, што не одсликува никаква симболичност, што е масакр за архитектура... и да не се повторувам понатаму, почнувам да се иритирам на темава.
 
Мене ми се допаѓа изгледот на куќава ептен. Уникатна и впечатлива е, само околината не чини, можеле да најдат посоодветна местоположба... :toe:

Еве ја куќата од надвор,

( предниот и десниот страничен дел )

( задниот дел )

и од внатре

^горниот спрат.

Долниот сеуште не е комплетно готов, ама колку што видов таму беше само продолжетокот на бунарот ( ) и скали...

Немав баш многу погодни услови за сликање, но мислам дека доволно може да види од сликите некој што не ја посетил куќата.

Ваква како што е куќава на сликава, ми се допаѓа. Локацијата, односно опкружувањето нејзино е тоа што го грди градот, а не обратно.

И колку што знам, веќе 2 години се развлекуваше по разни медиуми сомнителноста во изборот на Божиновски.
Незнам дали воопшто може да се најдат некаде и другите предложени проекти!?

Но сепак, доколку успееш да направиш нешто што на повеќето ќе им се свиѓа, си ја постигнал целта. :toe:

Да рушиме бе другар, а, се одоколу? И да изградиме поново - ваква архитектура. За да не ти го грди градот...

Тема на муабет не е „сомнителноста на изборот на Божиновски“ туку неговиот изведен проект пред Домот на АРМ, наречен Спомен Дом на Мајка Тереза. Квалитетите и недостатоците на тој проект. Да не политизираме многу, не на овој форум. Другите проекти, ако можеа да се најдат, ќе испаднеше подлабока анализа - од страна на стручњаци кои се задолжени за истата... па ќе се видеа многу пропусти, многу нелогичности... па ги снема трудовите, мистериозно. Или барем, не се онака лесно достапни за публика - како што треба да бидат.

Колку што јас од темава можам да избројам, некако не ми полнат една рака тие на кои им се „свиџа“ објектот... Али ајде, како викате вие, и тоа вашите... има Градители и Грабители... мора да ни се допадне... оти сега не водат градителите.

Ура! Напред! За поубава Македонија! За поубаво Скопје! Градете, градители...само така.

П.С. Некој погоре, побара ѓуле... Нека ти го позајмат, ако сакаш... да видам шо би срушил ти од Скопје. Чисто онака, од разонода, да ти видам памет...
 
П.С. Некој погоре, побара ѓуле... Нека ти го позајмат, ако сакаш... да видам шо би срушил ти од Скопје. Чисто онака, од разонода, да ти видам памет...
Паа....јас...
јас би една многу ружна жута зграда позади ТехноМетал-Вардар у центар.
Онда би... уште една темно жута на кај окер...
у сам центар,ко жуљ со чир заедно...
одма спроти Градски Трговски Центар !!!
 
Да рушиме бе другар, а, се одоколу? И да изградиме поново - ваква архитектура. За да не ти го грди градот...

Тема на муабет не е „сомнителноста на изборот на Божиновски“ туку неговиот изведен проект пред Домот на АРМ, наречен Спомен Дом на Мајка Тереза. Квалитетите и недостатоците на тој проект. Да не политизираме многу, не на овој форум. Другите проекти, ако можеа да се најдат, ќе испаднеше подлабока анализа - од страна на стручњаци кои се задолжени за истата... па ќе се видеа многу пропусти, многу нелогичности... па ги снема трудовите, мистериозно. Или барем, не се онака лесно достапни за публика - како што треба да бидат.

Колку што јас од темава можам да избројам, некако не ми полнат една рака тие на кои им се „свиџа“ објектот... Али ајде, како викате вие, и тоа вашите... има Градители и Грабители... мора да ни се допадне... оти сега не водат градителите.

Ура! Напред! За поубава Македонија! За поубаво Скопје! Градете, градители...само така.

П.С. Некој погоре, побара ѓуле... Нека ти го позајмат, ако сакаш... да видам шо би срушил ти од Скопје. Чисто онака, од разонода, да ти видам памет...

Немој толку да се набрекнуваш Кире, бидејќи самиот си ја носиш дискусијата во етикетирања и политизирање.

А сомнителноста во изборот на Божиновски беше и причината за петицијата на група студенти по Архитектура.

:toe:

П.С. Малку ќе ми е едно ѓуле.
 
Пошто татко ми е бифши бомбаш да не сакате да ви дадам ТНТ да си играме малце како на филмовите....куќата е окај само што локацијата е утната скрос ама СКРОС на што личи тоа ??? АМА ајде ви се молам !!!!
 
Немој толку да се набрекнуваш Кире, бидејќи самиот си ја носиш дискусијата во етикетирања и политизирање.

А сомнителноста во изборот на Божиновски беше и причината за петицијата на група студенти по Архитектура.

:toe:

П.С. Малку ќе ми е едно ѓуле.

Другар Братот, јас не политизирам, туку само посочувам кон одредени коментари, дадени од личности кои...па...да речам, се бараат политички. Сеуште. Ти па, одма во одбрана... Полека...

Даље, петицијата и сомнителноста за „авторот“, повторувам, е друга тема, и колку и да е неизбежно, не би се коментирало овдека. Темата е јасна, се бара став за делото. Нормално, секој со својот вкус. Никој ништо не може против тоа... Уште за кич не измислиле иљач.

Сеа другово, за сите:
Ако имате да си кажите нешто уште по темава, арно. Ако не, динамити и бомби, отворете си тема, и бомбардирајте објекти, ако ви се сака. Ама со усул - за секој рушен објект, да ми дајте објаснување. Инаку, не се прифаќа.
 
Ајде да преброиме и видиме кои и колку архитектонски стилови и редови се натрупани на објектов, а?

Вангел го сметам за ретко писмен архитект во Македонија, ама на дело, човеков ми е јааако конфузен...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom