Спас за Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување
Сите партии богами гафови изнакажаа на митинзиве.Треба такви демотивација на фејсбук да направам :pos2:
 
Спас за Македонија е ако сите во ова предизборие добро се изнасмеат на нашите политичари и на денот на гласање да отидат да си го скинат ливчето.
 
Спас за Македонија???Па да му ја дадеме целата земја под концесија на некој странец Швеѓанец или Јапонец на пр.Аеродромите не знаевме да ги менаџираме ги дадовме под концесија на Турците.Струјата ја раководат Австријци.Текстилните компании Грци.Еве да му ја даеме цела Мк на некој странец со задача да ја обнови економски.Ако веќе ние не знаеме како можда некој однадвор ќе знае.
 
Спасот е во брз економски развој со минимални даноци и интервенции од државата.
Спасот е во намалувањето на уделот на државата во економските процеси, вработувања и создавање на вештачка конкурентност.
Спасот е во почнување од почеток, со плати кои кореспондираат со реалните прилики.
Еден либертаријански или анархо-капиталистички модел кој ќе овозможи брз раст на продуктивноста, преку елиминација на бедната социјалната сигурност која е во моментов.
Мора да се прекине процесот на живуркање и да се изнајде некој порадикален концепт, бидејќи системов каков е денес е катастрофален и не носи на пат полош од Грчкиот, бидејќи за разлика од нив немаме некоја постабилна основа за помош.
Томсасо ги спомена работите кои ги пишував и јас пред некоја година и кои се апсолутно нужни за некаков посаглам исчекор.

Не сакам да се расплинувам, но ситуацијата во светот не е какво што беше порано. Западниот свет го губи приматот, се јавуваат и други, посериозни од бивш СССР економски центри кои го пореметија претходното неоколонијално западно владеење. Новите играчи донесоа и нови правила на игра, кои ќе резултираат со намалување на работните места, намалување на приходите и една стагнација на западот.
Не може да се држат веќе преку употреба на сила толку високи плати. Сега и остатокот од светот, не само западот, ќе треба да вкуси малку од благодетите на цивилизацијата.
Ќе биде интересно за сите оние кои се немаат финансиски досега обезбедено.:)
 
Врска да се немало од ништо.


Се изначитав глупости :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Многу луѓе ја ругаат темата околу легализирањето марихуана. ама доколку имаме само 20% од туризмот кој го добива Холандија поради марихуаната можеме да пуштиме едно големо оро низ Скопје и да се пијанчиме до сабајле.

Друго што ќе има добар економски удел е Интернет едукацијата и Интернет можностите за плаќање. Со интернет едукацијата младината ќе стекнува образование како да основа мали интернет бизниси и како да дојде до квалитетни заработки кои за нашиот стандард се големи а се навистина лесни за остварување ( ова не зборам ppc програми и слични bullshits). Нека го овозможат PayPal во Македонија и ќе видите какви економски успеси ќе доживееме. Големите продавници ќе можат да продаваат и online (слевање пари во економијата) Народот ќе почне да заработува online (повторно слевање пари во економијата).

Бизнис едукацијата! Народот не е едуциран како да води сопствен бизнис луѓе! НЕМА ПОИМ! Секоја квалитетна бизнис едукација во државава се плаќа ДЕБЕЛИ пари. Нека се овозможи поевтина бизнис едукација и ќе имаме огромен напредок

.Има еден стереотип кај народов кој владее и изгледа вака: Полесно е да работиш за друг одколку да водиш сопствен бизнис. Овој стереотип убива тотално... Мора некако да се искорени. Да се репрограмира народот.

Нека се намалат давачките за извоз уште повеќе, така многу странски компании ќе дојдат и ќе отворат фабрики во државава каде што работната рака не е скапа и давачките би биле ниски.
 
Нема спас за државава, толку и беше. Господ не ја спасува држава во која поранешенпремиер му се смее на човек дека имал проблеми. Е Бране Бране, докога бе ќе те гледаме. Попрво да ми дојде Гадафи да ми биде премиер него ти.
 
Спас за Македонија ?
Доживотна робија за секој оној кој е работоспособен, а не работи.
 
Во кратка иднина - сопиране со задолжуванието и строга фискална и монератна дисциплина.
Одене ком 0% буджетски дефицит и привлекуване на странски инвестиции.
 
Nema spas za Makedonija ..Hrvatska vleze vo EU nie uste ne sme ni pocnale so pregovorite ...kakov spas od gospod
 
Каков спас луѓе, арно си животаркаме наоколу:cool:
 
Nema spas za Makedonija ..Hrvatska vleze vo EU nie uste ne sme ni pocnale so pregovorite ...kakov spas od gospod

Мала држава сме ,не се многу народ кои би заминале надвор од државава на печалба во ЕУ ,јас мислам има шанса да не примат во ЕУ :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom