СП Хрватска 2009 - Ракомет (мажи) - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Дечки јас не го гледав натпреварот не можев ВЕ МОЛАМ ЛИНК ЗА ДА ГО СИМНАМ И ДА СИ ГО ГЛЕДАМ А И ЗАСЛУЖУВА ЦЕЛ ЖИВОТ ДА ГО ЧУВАМ ПОЗДРАВ
 
Добро ќе биде на некој од Сител да му текне да направи видео.
92 гола на Кире Лазаров :)
 
Ајде сега малце прогнози за полуфиналињата. :salut:
Данска-Франција 17.30

Хрватска-Полска 20.30

Моја прогноза Франција и Полска понатаму
 
Ајде сега малце прогнози за полуфиналињата. :salut:
Данска-Франција 17.30

Хрватска-Полска 20.30

Моја прогноза Франција и Полска понатаму
Иста е и мојата прогноза, а Полска ќе биде првак, додека Хрватска ќе го освои третото место.
 
Иста е и мојата прогноза, а Полска ќе биде првак, додека Хрватска ќе го освои третото место.

Не верувам многу во Полска. Тие ја темпираа формата за Задар и тогаш им се разбрани Шмал, па влегоа во елемент. Во Вараждин беа изненадени со нас се друго им одеше по план, иако не играа добро. Ние бевме и единствена репрезентација која ги застана Бјелицки и Лиевски кои им се клучни играчи.

Но сега ќе си имаат работа со Хрватска, во која не знаеш од кого попрво да се браниш. Имаат феноменален играчи, пред се Вори, Метличич и Балич. Тимот во главно се ротираше со Франција па сите им се одморени, единствена репрезентација се која нема никаква мака со повредите. И ја имаат феноменалната публика, а Пољаците единствено се изгубија на уште еден меч во кој имаше феноменална публика - со Македонија. (Поразот од Германија не им го бројам комплекс имаат од нив).

Хрватска сигурно ќе им отиде на двата бека а Шмал ќе си има работа очи во очи со Вори многу пати, овој играч доаѓа до чисти ситуации за удар од шестерецот.

Очекувам сигурна победа на Хрватите и пласман во финалето. Нема потреба да се каже дека фаворит во другиот меч е Франција.
 
Види Хрватска ја форсираат судии да освои злато. Поточно ИХФ го прави тоа.
Тоа што Полска изгуби од нас не значи дека се послаби од нас, туку се класа пред нас и тоа го докажаа во вторава фаза. Ќе ми се направи најголем кејф ако победи Полска, малку да им се запати паметот на Хрватите и да им текне дека не е само Хрватска во ракомет.
 
Домаќини се, и така е во ракометот за жал, ги форсираат појаките како да не е доволно што се појаки, а домаќинот секогаш има мала предност.

Но сепак, се е на страна на Хрватите вечерва. Полска не е репрезентација која може да игра во онаква атмосфера. Се изгубија во финалето со Германците во Германија, ќе се изгубат и вечерва. Тоа го уплаќам, па ако згрешам нека изгорам :pos2:
 
na ova prasanje mozda ne mu e mesto ovde ili veke e odgovoreno(me mrzi da baram).
Zosto Branko Angeloski ne igra za MAKEDONIJA?
 
na ova prasanje mozda ne mu e mesto ovde ili veke e odgovoreno(me mrzi da baram).
Zosto Branko Angeloski ne igra za MAKEDONIJA?
А дали ние сите тука на форумов сме ќелави и имаме бркови како Илија Темелковски за да можеме да ти одговориме на тоа прашање?
 
Французиве се машина, Ги изгазија данциве. А зашто не игра Хансен за Данска?
 
А дали ние сите тука на форумов сме ќелави и имаме бркови како Илија Темелковски за да можеме да ти одговориме на тоа прашање?

Ова е најдобар одговор на мошне глупаво прашање.
 
Би требало Французите да победат. Омејар уште еднаш докажа дека е еден од најдобрите голмани во светот. Абало 5/5, ова ќе биде дебакл на Данците.

Очекувам во финале да се сретнат со Хрватска.
 
А дали ние сите тука на форумов сме ќелави и имаме бркови како Илија Темелковски за да можеме да ти одговориме на тоа прашање?
me interesirase samo dali e povreden, se povlece od reprezentacija ili ne dobi povik od Ilija Temelkovski
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom