Д
Демијан
Гостин
Со победа утре над Русија се квалификуваме во втора фаза и вкрстуваме со Д-група.Од таму кои се сигурни?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Норвешка и Данска се 100% сигурни,би требало и србите пошо играат против Саудиска Арабија а они се последни у група без победаСо победа утре над Русија се квалификуваме во втора фаза и вкрстуваме со Д-група.Од таму кои се сигурни?
епа со полска судиите почнаа да заебаваат 5 минути пред крај затоа не им успеа а сеа со германциве порано почнаа,сигурна варијантаАбе дајте не зфркавајте дека Лазаров заслужил црвен картон. Најреално ке беше жолт и 2мин. исклучување ама исто така и за швабата што го фаулираше. Реални судии???:nesvest: Па еден куп неправедни досудувања: исклучување 2мин за немецот и топка за Германија:kesa:, поништување чист гол на Макалоски,бранење во простор од 6 метра и неми судии, и еден куп непостоечки чекори и пробивања. Да му досудеше 2 мин на швабата што продолжи да го влече Лазаров немаше ни да добие црвен. Пробаа вчера судиите да ги спасат Полска на крајот ама не им успеа , па сега на пола од 2ро полувреме не уништија со Германија
П.С Да не знае некој дали на мечот со Русија ке игра Алушевски?
Со победа денеска ке одиме понатаму и тоа со кредит од 2 бода. Уште подобро ке биде доколку Полска ја победи Германија и сите три репрезентации ке одиме со по 2 бода.Ајде, да се надеваме дека утре ќе ја тепаме Русија, бидејќи после натпреварите со Полска и Германија, сфативме дека го можеме тоа.
Но, највеќе се зафркнавме поради тоа што изгубивме од Тунис. Тунис има засега само два бода и тоа поради победата над Македонија.
Да го тепавме Тунис, сега немаше да правиме толку калкулации, за тоа кој треба да тепаме за да идеме понатаму, ама тоа е тоа....... супер се дечките и верувам дека повеќето од нив даваат све од себе за репрезентацијата и за Македонија.
ПРОФЕСОРКЕ СТЕГНИ ГИ МАЛКУ ЗА ДЕНЕС НЕКА НЕ СЕ ЗАЕБАВААТ инаку ќе ја поништам дипломската што ја бранев кај тебеНе знаев дека сме го практикувале ова:
ЛЕНЧЕ АЛЕКСОВСКА, СПОРТСКИ ПСИХОЛОГ НА РАКОМЕТАРИТЕ
Не попуштаат под притисок
Репрезентативците може да се справат со секакви емоции, а најважна е тимската цел
![]()
Нема депресија по поразите, ни летање во облаци по победите. Подготвени сме на секоја ситуација, размислуваме и се подготвуваме длабоко, го предвидуваме секој момент. Секоја наша реакција е однапред анализирана, секој потег предвиден, вели Ленче Алексовска, нашиот спортски психолог во репрезентацијата.Задолжена за психичката подготовка, одржување на концентрацијата Алексовска уште од мај 2008 година е активно вклучена во работата со репрезентација. Тоа беше период на запознавање. Сега веќе одлично се познаваме, имам психолошки профил за секој играч. Со секого работам одделно, пред и по натпреварите, во слободно време. Најважно е што тие сфатија дека треба самите повеќе да се ценат и никого да не потценуваат. Сум работела со многу екипи и репрезентации, но оваа ракометнава има навистина голем потенцијал. Тоа се веќе изградени личности, но ги прифаќаат сите сугестии и размислувања - вели Алексовска. Работата со спортски психолог во репрезентацијата почна уште пред средбата со Исланд. Оттогаш таа има постојано состаноци, разговори, групни и поединечни. Дури и со стручниот тим.
- Секогаш разговараме за емоциите, размислувањата. Најважно е што сите сакаат да разговараат. Нема потиснување на емоциите. Јас сум некогаш и построга, но, тоа е бидејќи се држам до правилата што сум им ги дала на ракометарите. Од тоа нема бегање - вели Алексовска. Подготовката за следните натпревари почнува откако ќе заврши претходниот. Им се дава време малку емотивно да го доживеат мечот, да се израдуваат или тагуваат, но, тука завршува се'. Почнува нова подготовка.
- Ракометарите се свесни дека најважна е тимската цел. Секој има своја лична, но сега сме подредени на тоа да ја оствариме зацртаната цел, а тоа е пласман во вториот круг. Дури и тоа да не го сториме, нема да има жалење. Сите сме професионалци. Малку влијае на нив некоја одлука од судија и провокација. Тоа најмногу ме радува. Верувам дека ќе имаме уште заеднички успеси - вели Алексовска.
Не е ни чудо што личиме на екипа. Досега психолошката припрема на играчите во нашиот спорт во главно се состоеше од два збора: Ајде јунаци!!! :pos2:
Го мислеше тоа на шала, не сфаќај одма при срце...Е сега цела македонија е со тебе, пошто ако тепаме, сме тепале заради ти што се закани дека ќе ја поништиш дипломската![]()
Го мислеше тоа на шала, не сфаќај одма при срце...
@тема
Да се надеваме на победа денеска..т.е мора победа!. Вчера Русија - Алжир 28-27 изиграле мислам..што незначи дека Русите се слаби, мислам дека играа со втората постава, али не ја гледав утакмицата, само претпоставувам...не треба со потценување да се влезе на натпреватор, или со преценување. Со среќа денес, нека победи подобриот.
1.ДанскаСо победа утре над Русија се квалификуваме во втора фаза и вкрстуваме со Д-група.Од таму кои се сигурни?