Филип Лазаров повеќе од солиден на првенството,за играч од клупа нема што повеќе да се бара.
Темелков не знаеше кај тера посебно денеска а последниот промашен шут беше срамота за крило.Не ни му фати спинот.Може да се отпише уште од сега.
Ангеловски во одбрана не беше нималку лош и исто не верувам да имаме играчи солидни барем колку него за во одбрана.
Велко Маркоски мислам дека не беше на ниво на првенствово.За разлика од светсково на европското беше ѕвер.
Лазаров премногу далеку седеше ,премногу споро играше и додаваше.Барем за мене прави лоши потези со одење кон средината па после тера и кон лев бек и си останува таму па Мојсоски тера на десен бек и тоа беше пробивање или одземена топка во 99% од случаите.Исто оди и се забива без потреба а таа игра не му лежи ама ич.Но севкупно изигра доста добро.
Миркуловски добар во одбрана во напад беда жива.
Мојсовски одигра срамни натпревари и направи премногу пробивања и грешни додавања.
Некој потфрли,некој одигра подобро но врти сучи тоа ни се квалитетите.
Моја огромна забелешка е што Шундо или пак играчите што форсира/ат спори напади и не можам да ги разберам.Се додаваат на 12-13 метра едно пола минута и веќе кога е јасно дека ќе ни дигнат пасивен напад излага пикер исто на 12-13 метри и ги прават "фамозните укрштаи" и ретко кога успеале да постигнат гол од повеќето вакви напади.Се виде и денеска кога се игра брза топка бевме успешни а со спора топка Германците не оставаа пиле да замине.
Мислам дека бековите едноставно и Кирил Лазаров ќе го рачунам дека немаат јајца да се одигра јуначки кога треба.Сите три бекови кога им фуфка само се додаваат еден на друг и никој не преземаа одговорност а за бековите кои се главни играчи во екипата тоа е големо понижување.Денес ме изненади кога Мојсоски ги навлече германците на шут и потоа му додаде на Лазаров кој имаше празен простор пред него и тоа резултираше со гол.Но,прашањето е тоа колку пати го сторија во сите натпревари досега?
Барем јас така мислам а тоа е дека доколку имавме разработени акции ќе имавме поголом успех.Едноставно самата игра си кажува дека на ова првентство немаше ниедна разработена акција(освен цепелините против Данска

).
И уште една голема забелешка за денешниов натпревар е кога при крај два-три пати им додаваат на Стоилов и Димовски топка далеку од нивната позиција и после Германциве ги удвоија на нашите бекови а пикериве наши освен што се туркаат незнаат друго да направат и нормално си направија грешки а кога му ја украде топката на Димовски мислам дека Рогиш ја заврши контрата(како и на почетокот).Помалку да јадат не би било лошо или повеќе да тренираат.Мислам дека како ние што имаме шкембари пикери нема никоја друга репрезентација.Исто така само ние им ја даваме на пикер топката па тие да одлучат кај ќе добацат или асистираат.

Исто може да се забележи дека ние немаме среден бек којшто може да асистира.Нека го снимаат Хансен како асистира и нека се вежбаат малце.
И за крај,како и што предвидуваа стручњаците поврзани со ракомет добро си предвидоа дека ќе завршиме од 12-16 место.