„Генерално сум задоволен од ова СП, затоа што наша примарна цел беше да се пласираме во осминафиналето. Мене ми е многу жал што немавме време да одржиме ниту еден тренинг за да се подготвиме подобро за дуелот со Германија. Сепак, се случи тоа што се случи, денеска целосно потфрливме, не само по наша вина, но ете, токму во осминафиналето го завршивме својот настап на овој Мундијал“ - изјави Шундовски, алудирајќи на патешествието кое нашата делегација го имаше од Севиља до Барселона.
„Сакам да им ја честитам победата на Германците, но вчерашниот ден остави и тоа како трага врз нас. По тоа тринаесетчасовно наше патување додека Германците одмараа, беше јасно дека двете селекции не се во израмнета положба пред почетокот на овој меч. Денеска и покрај слабиот почеток ни успеваше да го одржуваме резултатот неизвесен, а во второто полувреме имавме шанса и да го стигнеме противникот. Но, немавме сили да одиграме во исто темпо до крајот. Многуте промашени шутеви и техничките грешки што ги направивме не дозволуваат да се добие еден ривал каков што е Германија“ - заврши селекторот Шундовски.