СП 2022 Катар - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Од кој континент ќе биде победникот на СП 2022 во Катар?


  • Вкупно гласачи
    167
  • Гласањето е завршено на .
Добар напад имаат овие Камерун, ништо чудно да ги плеснат Швајцарците.
 
Добар напад имаат овие Камерун, ништо чудно да ги плеснат Швајцарците.
Никаков напад немаат бидејки во нападот немаат никаков колектив.Јас да сум селектор на Камерун тој себичниот фарбан што игра по левата страна веднаш би го извадил и би го избркал од репрезентација затоа што поради него Камерун не води со 2:0.Втората шанса беше мат позиција само требаше да му ја даде на тој истрчаниот десно и голот беше празен но очигледно не му кажале дека фудбалот е колективен спорт а не индивидуален.
 
Има напредок кај Канада ама искрено нема шо да бараат на ова светско. Синоќа имаа толку грешни пасови, сите нафрлени топки завршија во гол аут, корнер и аут не знаеа да изведат.
Имаат неколку добри играчи кои има во нив голем потенцијал ама џабе кога останатите се дупка невидена и нема со кој да проиграат.
Се надевам дека до наредното светско кога ќе бидат домаќини ќе извадат уште некој салам фудбалер и ќе се доизградат како репрезентација, ќе соберат и искуство на ова светско.
 
Ким комбинира со Ким овој со одличен пас во празно до Ким :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom