Заслужи Монреал, не заебавај, секако нема да биде стартер, беше еден од постабилните во отепаниот Арсенал сезонава
Дури и Гаја би го зел пред Монреал јас во тимот. Прочитав едно мислење од хрвативе или србиве беше не знам, ги имаа набројано Алекс Сандо, Алексис Телеес; Дињ, Курзава, Амави; Маркос Алонсо и Гаја и имаше пишано секој од овие кои сега се изоставени би биле прва опција во речиси сите репрезентации, освен во оние нивните ради кои се изоставени. Се согласувам со тоа јас.
Пишал за Тиаго зошто е земен, а ни збор два за Начо и Васкез демек заслужено добиле повик

, а Тиаго не требало кој си беше првотимец и во квалификациите.
Како бе Тиаго не би го зел?

Абе пошекнат и од Мартинез си
Топ 5 ЦМ е а и НЕМА отепано чоек во Шпанија.. Поштено му ја скри топката на Крос и Модрич штета шо тие пред него беа отепани
Пишав да бев јас не би го зел, а не дека тоа е неоправдан потег од Лоптеги.
Фала богу дека он не би оставил стандарден играч на Баерн дома.
Да се вратам на моето субјективно мислење за Тиаго. Не е ни во топ10 ЦМ во светот. Добар играч е, но не е (и мислам дека и во репрезентацијава сега ќе се увиди тоа) она што се очекува да биде од него, лидер во средниот ред и некаков хибрид на Чавиниеста.
Од Начо немаат подобар избор како четврт стопер (Аспикуилета ќе биде третиот избор за стопер, не бек) освен Хави Мартинез, но неговата недефиниран статус веројатно е причината што не е повикан (не ме заебавајте со Бартра).
За Васкез се согласувам, но он и Аспас ги имаат најпотешно изборено местата за ова СП. Пред почетокот на сезонава никој не би ги ставил како сигурни патници, но веќе во март за нив се знаеше дека ќе ги земе, заради одличните сезони кои ги имаат двајцата.
Овде Васкез му е земен и ради тоа што немаат освен него класично крило во тимот, освен Асенсио.
Но да, тие двајца се земени и ради тимот во кој играат, како што бркото ги повикуваше порано играчите на Барса пред другите кои беа можеби индивидуално поквалитетни, се сврте тркалото.
Како и да ја вртиш, на првенставава во силниве репрезентации кои се фаворити се битни 14-15 играчи, останатите се само декор кои ќе го изиграат третото коло да ги одморат првотимците ако веќе имаат обезбедено пласман во полуфинале или ќе улетаат при случај на повреда на некој стандарден.
Иако од друга страна пак, некој таков потег со внесување на изненадувечки играч може да го сврти мечот.
Со оглед на офанзивниот квалитет на Алба и Карвахал, јас би играл 4-4-2 или 4-5-1 верзија без класични крила.
Де Геа
Карва - Пике - Рамос - Алба
Бускец
Коке - Силва
Иниеста/Иско
Коста - Асенсио/Аспас
Гледаме во Атлетико дека Коста подобро фунцкоинира кога има партнер во нападот, овде Асенсио може да го игра тоа што Гризман го игра, па дури и Аспас.
Но Тиаго веројатно и ќе биде прва опција па Лоптеги веројатно ќе игра:
Бускец - Тиаго
Иско - Силва - Иниеста
што му е фактички стандардната постава, иако и Коке и Саул ептен заслужуваат да играат, но конкуренцијата е многу силна.
Многу голем оптек на играчи има, а и овие како и Бразилците и Германците имаат играчи со кои можат да сменат формација а да нема голем квалитативен пад, што мислам дека го нема кај Белгија и Франција, каде што се знае дека ќе се игра 4321-4231 и играчите се компатибилни строго на таа.