Канте

Апсолутно заслужена титула на французите,без никаква дамка.Второ полувреме подобри противници,во прво полувреме Хрватите сами си се преебаа,не дека изиграа нешто јако како што се труби овде од неколкумина.Страшно зрело играа сите од Франција,што е дури и чудо за една ваква млада репрезентација.За зрелоста и квалитетот на Мбапе уште на 19години нема потреба да зборам.
Да не се заборава и каков пат минаа за до финале,за разлика од другиот финалист.Аргентина,Уругвај,Белгија.Многу многу потежок пат,за разлика од доста други поранешни шампиони.
Придонесот на Жиру е доста поголем отколку овде што се труби.Впрочем,воопшто не ме чуди што овде се збори.Еднодимензионалноста и потесното и простото согледување на нештата се секојдневие овде.Дешамп e 6години тренер на Франција,од тие 6,4 го форсира Жиру.Не е од вчера ова.И ова не е потег како Жињак и сл.,
далеку попродуктивен за колективот е Жиру,за разлика од Жињак.Тоа што му беше побарано,тоа си го сработи.Гризман и Мбапе се финишерите во оваа репрезентација,никогаш да не заборавете,посебно првиот.
Тоа со статистиките за рамки во гол,не гол,шут,се за простите индијци и слични на нив,да си вадат очи низ интернетот и да се трола.
И пред да се лепне,да,срамно е да се нема дадено гол на светско,а си прв напаѓач на шампионот и плус немаш упатено шут во рамки на голот.
Ептен ми е мака за Кошелни што има гнасна повреда поради која пропушти светско и златен медал,можеби и последната шанса да биде дел од големо натпреварување,со оглед на годините и веќе се почестите повреди.Можеби и излезе на некој чуден начин и добро,поради тоа што Варан-Умтити веќе имат едно големо натпреварување зад нив како штоперско дуо,така да може да создадат добро дуо кое ќе трае доста време.