СП 2018- Финале: Франција Хрватска

  • Креатор на темата Креатор на темата Bateman
  • Време на започнување Време на започнување
По мене жиру једина мана му е што има не лоша завршница туку катастрофална завршница, а е напаѓач, но за сметка на тоа е страшно тимски играч, трча се блро, спушти денеска милион топки за гризман и мбапе, секоја топка оди преку него, за разлика од Бензема што има лоша завршница истипт треба да му наместат 10 топки да даде еден гол, така да жиру што тррбаше да одигра си заврши максимално работа , мада тоа не ги прави добар напаѓач туку само добар тимски играч.
 
Уште фризурата ко петел фалеше ама и вака не е лошо.. Селфито и дабот се тука

DiKi5WhX4AIaJh8.jpg


DiKMD15U8AAqG45.jpg
 
Канте:love:
Апсолутно заслужена титула на французите,без никаква дамка.Второ полувреме подобри противници,во прво полувреме Хрватите сами си се преебаа,не дека изиграа нешто јако како што се труби овде од неколкумина.Страшно зрело играа сите од Франција,што е дури и чудо за една ваква млада репрезентација.За зрелоста и квалитетот на Мбапе уште на 19години нема потреба да зборам.
Да не се заборава и каков пат минаа за до финале,за разлика од другиот финалист.Аргентина,Уругвај,Белгија.Многу многу потежок пат,за разлика од доста други поранешни шампиони.
Придонесот на Жиру е доста поголем отколку овде што се труби.Впрочем,воопшто не ме чуди што овде се збори.Еднодимензионалноста и потесното и простото согледување на нештата се секојдневие овде.Дешамп e 6години тренер на Франција,од тие 6,4 го форсира Жиру.Не е од вчера ова.И ова не е потег како Жињак и сл.,далеку попродуктивен за колективот е Жиру,за разлика од Жињак.Тоа што му беше побарано,тоа си го сработи.Гризман и Мбапе се финишерите во оваа репрезентација,никогаш да не заборавете,посебно првиот.
Тоа со статистиките за рамки во гол,не гол,шут,се за простите индијци и слични на нив,да си вадат очи низ интернетот и да се трола.
И пред да се лепне,да,срамно е да се нема дадено гол на светско,а си прв напаѓач на шампионот и плус немаш упатено шут во рамки на голот.
Ептен ми е мака за Кошелни што има гнасна повреда поради која пропушти светско и златен медал,можеби и последната шанса да биде дел од големо натпреварување,со оглед на годините и веќе се почестите повреди.Можеби и излезе на некој чуден начин и добро,поради тоа што Варан-Умтити веќе имат едно големо натпреварување зад нив како штоперско дуо,така да може да создадат добро дуо кое ќе трае доста време.
 
Абе каков Жиру дај ајде ти се молам, поима нема од фудбал. Вов го форсирал 4 години Дешамп, па тоа не значи дека Дешамп е тренериште, од авион се гледа дека има фетиш на киклопи. На прошлото СП го играше Жињак додека овој играше за Тигрес од Мексико, па сеа ти види.

Според мене Франција не одигра ништо спектакуларно на ова СП, имаше рак текми во групна фаза, сите три им беа очобол, па одлично против раштиманата Аргентина, па во следните три меча доволно за да ги пројдат противниците али ништо посебно и спектакуларно. Точно е тоа дека зрело одиграа и покрај тоа што генерално се млад тим, ама па кога ќе погледнеш Варан можда е млад али има се живо освоено со Реал, Гризман со Атлетико исто, Умтити кај Барса веќе си е прв играч во одбрана, Мбапе во ПСЖ, Канте во Челзи, Погба во Манчестер... Колку и да се млади сепак играат во најдобрите тимови во Европа и се носители на играта.

Како и да е не смее да им се оспори титулата, си одиграа дечките како што реков доволно и си освоија титула. Нема зима за овој тим, имаат одлично јадро и тек им доаѓаат уште подобри играчи во иднина.
 
Класичен пример за тоа што го зборев е постот над мене.А да не образложив ќе си кажав барем океј.
 
Како бе така Жури на одиграл ништо? Јас мислам дека нема топка што беше наменета за напаѓачите а да не ја спушти и да не ја пренесе играта на противничка половина, мислам дека не изгуби воздушен дуел првенствово. Добро, не даде ниту еден гол ама ете, не ни шутираше, ваљда не му ни било тоа задачата, нешто што било ваљда повеќе за Гризман и Мбапе.

Стек, Мартинез слаб тренер а освои трето место, Дешамп слаб тренер првак у Свет, ако остане за две години има да прегази се' у Европа и без примен гол ќе освои што се вика. Јас најсериозно не го сфаќам ова, како луѓето стануваат прваци а се слаби тренери/меанџери/селектори. Да кажеш за Стратев дека е слаб менаџер ќе сфатам ама за некој што станал првак во едно првенство е само и само форс.

Ова не се однесува само на тебе bratmi, него на сите останати што глумите стратези пред тастатура, па формации, па кој колку минути играл, кој што позиција требало да игра, па кој колку можел или не можел итн итн а реално не знаеме ни 3% од целата приказна во било кој тим/репрезентација.
 
Dive после кој се суди непостоечки фаул и слободен удар, а голот паѓа по несреќен обид за избивање.
Пенал, досуден со 300 колебања од позиција во која и да продолжеше топката, немаше да стигне со француски играч.
Цело прво полувреме Франција без шут на гол и со уверливо помал посед на топка.

Сума: заклучок дека тоа било "зрела" игра на Франција
Дијагноза: фудбалски експерт
Причинител: преголемо присуство на џиџи како фудбалски "експерт" на малите екрани.
 
А чекај, некој ако мисли дека Жиру не е доволно квалитетен за да игра прва постава во моменталнава Франција значи дека е прост? Добро извини Факе Линекер, се надевам дека во иднина нема да ги повредиме твоите чувства и ќе мислиме сите исто како тебе.

Жиру не ни заслужи да биде прва постава, не играше цела сезона, Лаказет требаше да биде пред него.
 
Што па овој Лаказет направи у Арсенал за да заслужи да е прва постава? Жиру е играчиште. Одработе максимално за да Мбапе и Гризман си го искористат потенцијалот, немаше потреба од негови голови.
 
Жиру не ни заслужи да биде прва постава, не играше цела сезона, Лаказет требаше да биде пред него.

Стек, не може да биде Лаказет прва постава затоа што тоа што го правеше Жиру ова првенство, Лаказет не може да направи ни 20% а од друга страна, тоа што најдобро го прави Лаказет, Гризман и Мбапе го прават едно 3-4 пати подобро.
 
Стек, Мартинез слаб тренер а освои трето место, Дешамп слаб тренер првак у Свет, ако остане за две години има да прегази се' у Европа и без примен гол ќе освои што се вика. Јас најсериозно не го сфаќам ова, како луѓето стануваат прваци а се слаби тренери/меанџери/селектори. Да кажеш за Стратев дека е слаб менаџер ќе сфатам ама за некој што станал првак во едно првенство е само и само форс.
Слаб тренер? Кај реков дека се слаби тренери? Јас реков дека Мартинез не е јак тактичар, а не дека е слаб тренер. :toe: Класика си ги извртуваш увек работите како сакаш. Зборевме со Видук нели и на крај и ја и он заклучивме дека има простор за напредок кај Мартинез зашо до сега водеше второразредни тимови, Белгија реално треба да му биде отскочна даска во кариерата и да оди само напред. Со оној тим дозволи да биде за малце исфрлен од Јапонија, да му биде тимот анемичен и да нема ќорава шанса во 1/2 финале на СП... Пак ќе кажам, НЕ Е СЛАБ тренер, ама барем за мене сега за сега е лош тактичар.

И за Дешамп го мислам истото, со тоа што за овој немам ни некое високо мислење како тренер. Ме боли кур ако освоил СП, и Ди Матео има ЛШ па не постои ни како лик ни како тренер. Се изјаснив во претходниот пост дека Франција не одигра убедливо на ова првенство. Пеја дај биди реален, денес во првото полувреме Франција даде два смешни гола, имаше нула од игра... Дешамп едноставно има на располагање квалитетен тим и му успеа да дојде до титула и тоа е тоа. Овој тим да го води некој ко Пеп, Клоп или некој друг јак тренер имаше да прегази се пред нив со многу подруга игра од оваа. Да не заборавиме каков рак беа со Австралија, Перу и Данска, уште ми проаѓаат метастази низ тело од тие мечеви.

За Жиру ме мрзи пак да се објаснувам, тоа е мое мислење и нема шанси да го сменам.
 
Види го бе,нее можен :pos:Повторно километри оддалечен од целата поента на мојот пост и зошто играл Жиру и притоа како одиграл и која му била задачата.
Не можам да верувам дека си како ној што си ја закопува главата под земја,како на цртаните.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom