СП 2018 - Елиминациона фаза (1/8, 1/4 и 1/2 финале)

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
Тапа утакмица на Фелаини, Лукаку, Жиру. Умтити со главата како ѓезве му зеде дуел на Фелаини, неопростиво е тоа.

МОТМ се двајцата голмани.
 
Жиру мора да му е ванбрачен син на Дешамп , катастрофално игра.
 
Многу изгубени топки на Де Брујне.
 
Пак ќе кажам како се брани Франција цел турнир (ок освен против Австралија можеби) секоја чест. Секој си ја знае задачата и на кого да подаде откако ќе ја освои топката.
 
Ајде цигани Бууум! :D
Иако бев за Белгија, подобра игра пружија французиве.
 
Лукаку ептен слаба утакмица, ги нема Миранда и Т.Силва една глава пониски од него да ги магари.
 
Не беше Фелаини кривец таму,Тоби го чуваше Умтити и го пушти да му избега без контакт.Фелаини чуваше простор ,немаше играч,и во еден таков дуел секако е инфериорен наспроти играчот кој има залет во скокот.


За натпреварот,класа Мартинез,врска нема,слаб тренер.
Почнува со Фелаини Витсел и Дембеле,епа кој ќе ја турне таа топка напред?Требаше да го врати Де Брујн во средина со Витсел и Дембеле,напред Азар Лукаку и Мертенс.
Потоа прима гол и нема никаов план Б,не знае што да прави,како да нападне.
Капак на се во 84 минута го вади Фелаини,баш во периодот кога е логично да му треба висок играч у 16 метри.
 
Мајсторски изиграно од Франција, дисциплинирано, физички спремни топ, тактички надмоќни, заслужен пласман во финале. Варан, Матуиди па и Мбапе одлични. Како сакате викајте, но треба овој тим на Франција да го освои светското, повеќе одошто Англија или Хрватска кои се провлекуваа некако до оваа фаза, но како што знаеме во фудбалот не победува секогаш подобриот, поквалитетниот или позаслужниот.

Белгија беше изгубена скроз, Дембеле беше очај, Лукаку (ај за него не е изненадување, има такви утакмици) и посебно Де Брујн беа жални за гледање.

Ајде утре Хрватска да помине, па и да изгуби Франција во финале нема да ми воопшто криво ако тоа резултира со освоено светско за хрвативе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom