Можеби паметна работа е шо се изостави Ојлески....
Не знам Бутино во каква форма е во МРК,ама ако е здрав дечкото е доста солидно лево крило....
Јас не знам толку шо се крена толкава прашина,не го зеле Ојлески,леле...

Прво дечкото нема појма од играње одбрана,исто како и Манасков,двата заедно нема да изиграат како Бутино во одбрана...
Е сега шо се форсирани двата то е друга работа..
Бутино на времето беше нашето најнадежно лево крило,ама повредите,неспортскиот живот си го напраја своето...
Јак,техничар,брз,набиен шо е најважно за игра во одбрана,доста пргав,знае да истрча контра..и шо е најважно има јајца дечкото,не бега од дуел....
Ко беше Вујо во Вардар го форсираше доста,покрај Аљушот,и доста добро се покажа,после тргна надолу,се шеташе по екипите....
Затоа многумина го заборавија,одамна не го давале на пренос на ТВ,за разлика од Гоце Ојлески кој беше ИН...

Според мене добра одлука на Ивица,сепак ни требаа два различни типа играчи на таа позиција,премногу слични се во играта Манасков и Гоцката,посебно во одбрана...(со мала разлика шо Манасков има подобра техника и е побрз,ама е несериозен)...
Ама и така освен Борко ако не фрли контра тешко дека топка ќе фатат нашите леви крила,посебно ако игра Вилипче...па и Мојсо,сепак не сме ние некои Скандинавци па да имаме брзи напади,и доста да ги користиме крилата,кај нас крилата се користат кога имаме играч плус,или ако фатат некоја контра...нашиот стил е
БУШИ ПО СРЕДИНА...
Ако веќе се бараат замерки за изборот на Обрван,тогаш мора да му се замери зошто не го зеде Димитриевски од Леон,да ги одработеше подоготовките па после да одлучуваа..
Вака не дај боже да се повреди Мојсо,или да нема ден,и отиде цела лева страна јабана...
Прибак тешко може да одговори таму,исто и Миркуловски...
Подобро нека оди со поголема минутажа на Вилипче,барем ако ништо друго можеби ќе опали некоја на ќоро...
И така Мојсо повеќе од 30ина(добри)минути тешко дека ќе даде....
Тунижаните се брзи,ќе бидат доста агресивни,посебно над Мојсо и Кире,а овие двата не се толку брзи да ги избегнуваат,па можеби ќе биди добро со висината на Вилипче да пробаме нешто...
Ама шо викаат Србите
џаба широка рамена,када су муда малена...
Вилипче кутриот шутира само кога се скриени другите,најчесто без некоја изработена акција,ќе треба добро да изработат некои акции за него...
Јас да сум на место на Ивица,ќе ја базирам играта баш кај шо не очекува никој,кон левата страна...
Да се прават акции за удари за играчи кои сите ги имаат потценето,како Вилипче,Прибак...(нормално овие нема да бидат стартери ама пак ќе имаат некоја минутажа,а можеби и од нивниот учинок ќе се решаваат утакмиците)...
Зошто ако си одиме со нашата стара позната тактика
ДАЈ МУ ЈА НА КИРЕ И НЕКА СЕ БОРИ САМ(или пикер или да шутка од кај стигни тешко нас)...
Мора да ги разиграме сите,зошто веќе не научија сите...
Ни ги знаат слабите точки,и мора нешто да се менува..
Сите научија дека Миркуловски не е шутер,па ќе обрнуваат внимание на него,знаат за повредата на Мојсо,знаат за кризата во Металург,за слабостите на Ренато,и ред други работи..
Јас сум сигурен дека не знаат во детали,не сме повеќе анонимуси...
Ова се за некој мали работи,шпиунирање на противник,но не ретко решавачки за победникот,мора да се анализираат сите аспекти од играта...
Друга работа,одбраната,мора да се среди играта таму,не смееме да имаме црни дупки како првото полувреме со Чешка..
Зошто ако се случи таква работа нема да имаме ниедна победа,не се овие селекции кои ќе ти дозволат од минус 7 да се вратиш во игра...
Таа приказна нема реприза..
Посебно ќе за мачиме со Тунис и Австрија....
Затоа од круцијално значење е да се тепа Тунис,да се изигра добра одбрана против Жалуз..
Многу незгодна екипа се,брза,атлетски градена,не ни одговаат во никој случај таквите селекции..
Мора да забавиме,да не се впуштиме во трка со нив,ние да го диктираме темпото,ако дозволиме нивни стил на игра лошо ќе биди...
Ако с етепа Тунис би требало да поминиме понатаму и да имаме добра позиција за нокаут фазата....
Има време,да видиме сега како ќе поминиме во Франција на турнирот,најважно е да нема повреди...
П.С.
Хрватска...
http://makrakomet.com/?p=1465