СП 2015 Катар - Група Б (CRO, BIH, MKD, AUT, TUN, IRN)

  • Креатор на темата Креатор на темата Tomasino
  • Време на започнување Време на започнување

Кои четири репрезентации ќе ја поминат групата?


  • Вкупно гласачи
    226
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
И ја не сум бил овака оптимист од ЕП 2012. :giggle:

Оптимист во поглед дека можеме да завршиме втори во група и да добиеме релативно лесен противник за влез во топ8 што нели ќе значи остварување на целта.

Точно е дека тука нема да имаат поддршка и да бидат како во „втор дом“, точно е 70% од репрезентацијата е вон висока форма, точно е дека немаме значително појак состав од ланското ЕП. Што е „ама“? Групата.

Олку лесна група сме немале одамна. Да не се лажеме, освен Хрватска сите други репрезентации се квалитативно зад нас. Она што може да пресуди е иуиграноста и тоа колку Обрван ќе се покаже или подобро кажано колку ќе го слушаат, нашиве, често самобендисани момци.

Тунис и мене ме плаши. Не заради нивниот квалитет, кој не ме импресионира туку заради тоа што ни се прв противник. А традиционално имаме грч во почетните наптревари на секое ЕП/СП.

Австрија, Босна и Иран, можеме и да ги тепаме и со фамозниот фластер над Кире. Која Босна јебеш, ќе бидат пандан тотален на нивните фудбалски сонародници. Влегоа на ова СП како изненадување ќе одат напунети од сите.

Австрија ни е веќе пациент, Иран се индијанци. Секако ние нема ниту еден меч да го победиме или изгубиме „мирно“, уверен сум дека сите ќе бидат горе долу тесни.

Дури и на мечот со Хрватска не би не отпишал, пак не заради нас, туку заради нив. Релативно слаба хемија имаат во момчадот, Голужа не ужива голем респект, така да може негативно да изненадат. Иако, според индивидуалнит квалитет имаат подобар од сите останати 5 селекции во групата заедно.

Не ги преценувам нашите можности, туку не ги преценувам останативе репрезентации конкуренти за второ место, кои се реално просечни.

Буквално на нас останува сега, имаме добра група, ако ја заебеме ќе ја заебеме сами.

Само да не ни испадне ко фудбалот, каде најлесната група ја добивме кога и ние сме најутепани.
 
брате роботе и јас сум сигурен дека Босна и Иран ги добиваме, ама Тунис викаш заостанува зад наш квалитет и Австрија ни се пациенти? Грешиш... Без разлика што Австрија ни се пациенти, типците се разиграни, имаат рандом играчи тоа е ок али сите играат во бундеслигата и знаеш какви се таму натпреварите значи без разлика што се просеци сепак се воиграни и тоа од најдобрата светска лига.. Тунис најдобра Афричка репка, имаат снажна одбрана, тоа ме плаши, напред ако не го сопреме Жалуз ќе ни ебат мамата.. Затоа јас со доза на претпазливост ќе ги земам тие 2 текми со Австрија и Тунис и ако изгубиме дури и двете ако ги изгубиме нема да се изненадам.. Додека за Хрватска нема што да се збори, ептен ако ни се браќа и ако закашкаме па да ни ја пуштат ама не верувам, 5 од 5 ќе имаат чиста како суза .. За Иран нема што да се спомне, моментално само од Австралија се појаки :D
 
Голманот Митревски е едниот што сигурно нема да влезе у тие 16 играчи.
Другиот очекувам да биде Ванчо, а предност пред него да добие Никола Маркоски.
Маркоски игра во двата правца, а во одбрана мислам дека Обрван ќе го користи на позиција 3 или 4 во тие 10-15мин што ќе ги игра и во двата правца со тоа што ќе правиме само една измена.
Ако ги земе сите тројца пикери тогаш најверојатно Злате нема да е у состав.
 
Во Хрватска на Светското 2009 првата ја игравме со Тунис и изгубивме 1разлика мислам. Ако ја тепаме ќе биде нешто.
 
Тој Жалуз го направивте како господ да е :D
Они го имаат Жалуз, ние го имаме Кире и плус на скоро сите позиции сме подобро покриени од нив.
На Босанците душата ќе им ја извадиме :icon_mrgr:
 
Колку Кире игра во Барса толку Жалуз на клупа седи :icon_lol:
 
Ќе има денес пренос на тв или стрим некој од Македонија Алжир?
 
Заебани се Тунижаните....

 
Тој Жалуз го направивте како господ да е :D
Они го имаат Жалуз, ние го имаме Кире и плус на скоро сите позиции сме подобро покриени од нив.
На Босанците душата ќе им ја извадиме :icon_mrgr:
Жалуз е индијанец невиден. Неверојатна градба за ракометар али нема два грама памет. Е сеа како што сме мувли само против нас ќе му иде и ќе ни даде 15 гола. :D
 
Не прима Борко 15 гола од Жалуз бе, што ви е на вас :coffee:
 
Мене поише ми е страв од тој мечката пикер што им е, у Монпеље што игра или што би рекол еден мој другар МОНТЕПЉЕ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom