СП 2014 - Група Г (Германија, Португалија, Гана, САД)

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување
Ај кажи според тебе која репрезентација до сега прикажа совршена, доминатна игра па да може да се типува дека ќе го освои светсково? :)
Не знам брат, некако најнеизвесно ми делува ова светско, буквално секој секого може да победи. До сега Франција најдобро игра, ама јас мислам дека од Бразил тек треба да очекуваме права игра.
 
10354801_10152483365214172_3033520259891805206_n.png
 
Цела поента беше да не се повреди никој, и тие ги знаат дека Африканциве немаат граници. Прво полувреме се играше доста претпазливо од страна на Германија, избегаваа дуели, исто и почетокот од второ. Шкодран им ја заеба цела замисла, а добро им одеше. Не беше поентата да се полни Гана до врв и да се кршат носови на терен.
 
Не знам брат, некако најнеизвесно ми делува ова светско, буквално секој секого може да победи. До сега Франција најдобро игра, ама јас мислам дека од Бразил тек треба да очекуваме права игра.

Mислам дека Бразил премногу зависи офанзивно од Марсело..моментално Марсело е можеби најквалитетен играч во Бразилската репрезентација и е чудно што игра на позиција лев бек но таа е реалноста , и мислам дека повеќето тренери на другите екипи ќе увидат дека токму од него доаѓа опасноста на Бразил а не од делфинот Нејмар и Оскар...како и да е ќе биди интересно до крај
 
Не знам брат, некако најнеизвесно ми делува ова светско, буквално секој секого може да победи. До сега Франција најдобро игра, ама јас мислам дека од Бразил тек треба да очекуваме права игра.
Па тоа ми е и поентата, за сите звучни репрезентации сереме дека потфрлиле со играва и на крај шо?
Коста Рика, Америка, Колумбија, Мексико ли ќе освои? :D
За Бразил велиш тек допрва треба да очекуваме, али не знам по што си толку сигурен, од репрезентација како Мексико не можеа да писнат а не им играа нешто бункер.
Ме интересира Франција против силна репрезентација да видам како ќе се справат, ветуваат ептен сега за сега.
Во секој случај прилично неизвесно.
 
Еј Крамер па Крамер.Иако добар е,никаде не го спомнав.Сепак тој игра во средина.
Гинтер/Хеведес/Боа ќе го заменеа доколку не беше 100% Хумелс,мада испадна дека Хумелс е фит а Боа не е .А Гинтер сигурно не си го гледал,нема што да те чуди и тој да заигра.

Потценувањето на Гана е наметнат збор лично од тебе.

Јас зборев за повредите,ти ми наметна дека сум ги потценил и од нигде никаде сега ми велиш дека така било.:icon_mrgr:Да помислев на тоа,ќе пишев дека Гетце не треба да игра,бидејќи премногу е јак.
Добро ај нека биде така, иако според пишуваното и те како делува на потценување.
 
Последно уредено од модератор:
Уф у пм, заебана утакмица, али многу ми е мило што ги затресоа Германците и сите ко @kazioX што беа убедени у апсолутизмот на Германците се треса пред екран.

Убаво реков на почеток, Џордан ич не ми го праи меракот, ич нејќам такви играчи. Има играчи кои себичат, али ги бива (Суарез жив пример). Овој нит го бива, а себичи. Да ја подадеше све ќе се сменеше.

Овојпат одлична колективна игра, сите се покажаа ко што треба. Штета што Есиен и Боатенг не беа доволно фит за да ги изиграат двете утакмици фул. Со нив и те каква разлика ќе имаше. Само коа ги гледам како бранат корнери се осеќам ко пак да го гледам Ливерпул низ сезонава, ми се тресат нозете коа ќе видам корнер.

Иначе мило ми е и за Клосе, само не мораше баш против Гана да го даде, али добро, не можев ни да се нервирам у тој момент, голем момент беше за фудбалот.

Сега за Гана да иде даље шансите се многу заебани, Португалија мора да тепа без Пепе и Коентрао, а ја убеден дека нема да тепаат ја играв 1X. Али ипак ќе се навива за Португалија. После тоа Германија ќе мора да ги тепа САД, а Гана да ги тепа Португалија. Не е готово.

У секој случај, не верувам некој дека ќе се заебава за Гана и ќе ги гледа со потсмев у блиска иднина.
Се надевам дека Лев ќе ја чукне главата малку после овој натпревар и ќе направи некои измени. Со 4 штопери не бидува ја нема таа подвижност во нападот, а за Кедира што да кажам, човекот не треба да стане од клупа. И да стварно треба прав напаѓач како Клосе што има осет за гол. Гана одигра супер, но како и да е верувам дека првото место во групата е обезбедено.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom