СП 2014 - Група Г (Германија, Португалија, Гана, САД)

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување
Абе и вие се филмате многу. Американците имаат симпатичен состав и тренер, не знам зошто толку го потценувате нивниот успех кога е заслужен. Па секоја друга земја учесник на светсково има групно следење по плоштади и стадиони. Ај да не се радуваат.
 
Јасно дека успехот е заслужен. Ама Америте во рок од 2 недели од "FUCK YEAH WE ARE WINNING EVERYTHING" ќе станат "The World Cup never bothered me anyway"
А инаку да, и мене ми е симпатична репрезентацијата.

Ама пак, да не се повторувам има разлика од радување и филмање
tagging dragonsky to get more likes
~justдоневthings~
И со мемиња почна...дај боже во влада да влезе споменик ќе ми изгради еден ден
:cuc:
 
А бе јас не али мора да признаеш дека хајпот во државава беше ненормално голем.

Хајпот во државата беше огромен,зашто критериумите ни се спуштени на сите....Затоа глава немаме кренато у фудбал...Али реалноста е поинаква..

И не само у фудбал,најголем дел од големите успеси ни се изолирани случаи,а не последица на долготрајна стратегија и план и развој...Затоа ни се дешава да направиме одреден успех у баскет на пример,и после ни се случува потоп нареден турнир пошто наредни 5 години живееме на крилата на тој успех...Едноставно критериумите ни се ниски...

Ко што вика Стелт,имаме бар за фудбал талентирани играчи,знаење и некоја традција колку толку да репрезентации ко Америка ги тртиме на дневна основа,ама коа сме си сами на себе најголем противник нема ништо од тоа.
 
Последново е крајно дискутабилно, а за другово се сложувам максимално.
 
Абе дискутабилно е ама незнам,дали дека сум голем фан на фудбалов,и стварно од срце верувам дека со прави луѓе на раководните позиции,со еден здрав план долгорочен,со искрена воља може да ја подобриме многу репрезентацијата...Верувам дека има талентирани млади деца кои би сакале да добијат шанса,и треба да се најдат и да им се даде прилика...али се ова моментално изгледа како научна фантастика.
 
image-710005-galleryV9-ecvv.jpg

Со шефицата. ;)[DOUBLEPOST=1403034423][/DOUBLEPOST]
Јасно дека успехот е заслужен. Ама Америте во рок од 2 недели од "FUCK YEAH WE ARE WINNING EVERYTHING" ќе станат "The World Cup never bothered me anyway"
А инаку да, и мене ми е симпатична репрезентацијата.

Ама пак, да не се повторувам има разлика од радување и филмање

И со мемиња почна...дај боже во влада да влезе споменик ќе ми изгради еден ден
:cuc:

Тој кретенскиот збор "soccer" не можам да им го смислам, а што е најинтересното пак тоа е британски збор.Мене воопшто не ми се симпатични, зошто Америка нема ама баш никаква традиција во овој спорт што се вика и секогаш вакви крш репрезентации успеваат на крајот со малку среќа да се пробијат.За други спортови можеби, но за овој спорт дефинитивно не.
 
Последно уредено од модератор:

Сокер го викаат спортот и во Австралија, Канада, Р. Ирска, Нов Зеланд и некои афрички земји кои биле под окупација на Британското кралство. Америка учествувала на првото светско првенство во Уругвај, значи имаат и тоа каква традиција, со тоа што имале репрезентација и успеале да стигнат до полуфиналето.
Фудбал играат повеќе од половина од децата, но повеќето од нив потоа започнуваат други спортови во средно како кошарка, бејзбол или пак американски фудбал, поради популарноста која ја носат самите спортови и секако со тоа внимание од девојките (ти кажувам ова од искуство на другар кој живееше во Америка и учеше средно таму) Но тоа не ги спречува женските фудбалерки да продолжат да тренираат и ете, заедно со Бразил и Германија се најдобри последниве неколку децении. Тоа што има сељаци на интернет кои напињаат дека не им е гајле е само за да се оправдаат за слабите резултатите и секако тролање глупости.
 
Значи пак не го негуваат тој спорт тие и самиот си пишал дека играат фудбал но на крајот секогаш се одлучуваат за нешто сосем трето, што и не е некаков си знак за тоа дека го негуваат тој спорт, а сè ти е џабе ако ти не одиш до крај.За женските фудбалерки е посебна приказна, не напишав ништо за нив, тоа е сосем друг свет.
 
Ако фудбалот не е најпопуларен спорт, не значи дека не го негуваат. Што ако кај нас е најпопуларен спорт, кога сме тиња. Америте вложуваат многу во фудбал, после СП 1994 година имаат огромен подем во овој спорт, веројатно тој тренд како што идат годините ќе продолжи. Речиси и постојано се во топ 20 на FIFA ранкингот, нешто што и не е така лошо за нефудбалска земја.
 
Со одпаѓајнето на Шпанија шансите на Германија неочекувано се покачија. Останува уште Италија како вечен кошмар. Засега добро почна Германија но групите не се мерило засега. Тешките утакмици допрво идат. И да, сеуште сум скептик за ова СП.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom