Мене лично (и знам дека ова не е популарно мислење) не ми прави ептен мерак светсково.
Немаме блокбастер мечеви.
Костарика-Грција, Франција-Нигерија,Аргентина-Швицарска,Германија-Алжир....ајде добро 1/8 финале...и ти следи 1/4 финале Бразил-Колумбија што не е светска веле сила и игра без најдобар играч.
Костарика-Холандија бе.. Едино Франција-Германија ќе биде единствен меч што е атрактивен пред 1/2 финале.
А у 1/2 финале Бразил и Аргентина тепаат и тоа што го реков од пред Светсково станува реалност Бразил-Аргентина финале. Predictable и не забавно.
Се надевам едно вакво финале нема да се случи али пак подобро ова да се случи него ли Колумбија-САД..
Се е океј и мене малце ми смета од таа страна. Но мора да се признае дека не играат имињата. Најсвежи примери последните 2 сезони, прво на Дортмунд, па на Атлетико. Реално појако ќе беше 1/2 финале Барса-Челзи од Атлетико-Челзи (на имиња нели) ама и тие и тие го лапнаа од тимот на ДИЕГО КОСТА.
Гледавме Холандија-Шпанија, вторите беа помочани. После тоа беа надиграни и од Чиле. Автоматски Чиле моментално е појак од Шпанија и без разлика што не е Шпанија, сепак пружеа достоен отпор против Бразил. Шпанците со таква форма пак лесно ќе го лапнеа.
Португалија не покажа апсолутно ништо, 4-0 пораз од Германците, се ваѓаа во последна секунда со САД. Костарика освои 7 поени во група со Англија, Италија и Уругва. Сите големи имиња нели, кои би гарантирале, како ги нарече...блокбастер утакмици..
Колумбија? Колумбија е најпријатното изненадување на првенството. Голем курац оти Бразил бил Бразил кога игра никаков фудбал. Колумбија за Бразил е...Бразил.

Белгија не игра ништо посебно, ама еве има играчи, а и нив не ги сметаш. Навикни се Белгија да биде во последните фази на големите натпреварувања и пикни ја и неа во репрезентациите кои би правеле блокбастер мечеви, оти имаат инзвонреден и млад тим, кој тек ќе се развива и ќе оди се подалеку и подалеку, па зошто да не и до титула на некое СП/ЕП.
