Види, ова што го пиша е за во посебна тема зошто има многу за дискусија. Тука за да скратам, да речеме дека се согласувам дека треба да се води грижа за спортско однесување и се разбира дека секој неспортски потег треба да се казни. Тоа не е воопшто спорно. Овде спориме дали ситуацијата со Суарез е пренадуена или не е. Според мене и некои други (во случајов сме малцинство) ова не е ништо повеќе од исклучување и редовна казна која следи за црвен картон. Пострашни работи се случуваат. Да играше во некоја друга лига немаше да се дигне толку прашина, а на Англичаниве ова им дојде како кец на десетка па сега ќе му се истурат како тој да им е крив што имаат усрана репрезентација.
Мала дигресија пред да и одговорам на Џену:
Да ама колку што прочитав тој веќе посетувал (можеби и сеуште посетува) психолог. Можеби ќе се оправи, а можеби нема лек, ко што нема за Балотели на пример. Во секој случај тоа е башка прашање, па и да не е задолжително сигурно Ливерпул веќе го натерал на тоа. Важно е да се има усул при носење одлуки рандом административци со непотребно голема моќ можат да расипат кариера. Не знам кој е меродавен да одлучи дека три гризнувања треба да се казнат со 24 месеци неиграње за репрезентација (лесно е да се удри по репрезентации како Уругвај) додека фудбалери кои прават брутални стартови никој не ги казнува додека не му скршат нога некому. Повторно, не гледам зошто е ова така страшно.
Glory Glory Man.U

Ваш, Ио.