СП 2014 Бразил - генерална дискусија

што се правите мутави, стартовите се дел од футбалската игра.Е сеа пожесток и поостар старт и намерен или не намерен неможеш да го споредуваш СО НАМЕРА ДА КАСНЕШ НЕКОГО на футбалска утакмица да појдеш и со намера да каснеш некого и ај сеа ние ќе го жалиме? Можеби е малце голема казната ама не толку како што претерувате.АЈ сеа ако бил добар играч и ќе го браниме за него простување само а?
 
Erm, oва со Кин и Халанд е најголема дезинформација што се шири. Халанд се откажа од фудбал ради повреда на левото колено, не на десното. А и по секој испад беше казнуван и од клубот и од федерацијата за да на крај да лета.
Да, подоцна и јас прочитав за тоа. Сепак, стартот на видеото сам по себе е опасен.
 
Што може да направи ФИФА/УЕФА, да забрани оштри стартови? Што е тоа оштар старт? Колку оштар смее да биде? Како да процениш намера?
Тука некаде настануваат проблемите. Тоа што е полошо според едни не е според други, кој е тој што е компетентен да оцени дека гризење е посериозен прекршок од кршење нога? Она кога удираат со лакт во вилица? Што е тоа подобро од ова? Самото тоа што светското е завршено за него е огромна казна. ФИФА не е баш организација која треба да продава морал.

Ако ви текнува на едно светско (мислам во САД) секој старт од грб се казнуваше со директен црвен. И тогаш одлуката беше базирана на морал, демек старт од грб не бил примерен, спортски потег. Не им беше битно дали стартот е опасен или не туку од каде е направен. Му дадоа и некаква награда за фер-плеј на еден турски фудбалер зошто не направи старт одзади а беше последен човек во одбрана, па примија гол. Ја би го избркал доживотно од репрезентација скотот. Нејсе, по некое време видоа дека е глупаво па се вратија на старото. А на тоа светско се изнаредија црвени картони за глупости.

И згора на тоа, зошто Уругвај да ја плати сметката? Првите два пати немаа врска со репрезентација а со тоа и со ФИФА.
 
Иако првично не верував дека е тоа, сепак изгледа Суарез не може да се носи со притисоков.
На почетокот мислев дека со неговите потези сака само да испровоцира противник, ама се поочигледно е дека он уствари е жртва на неговото понашање. Или подобро, жртва на неговото минато.
Он ти е пример за личност со лошо детство, доколку се точни информациите, он пораснал по улиците, веројатно нема никакво образование, страдал, без пари во џеб, немал такви привилегии како што имале неговите врсници, можеби додека не почнал да заработува од фудбал(а тоа е кога имал околу 20 години) не знаел ни што е дискотека, ни што е кафич ни ништо.
И сега, одеднаш, од таква личност, он станува еден од најпопуларните фудбалери, станува икона на милиони навивачи, станува лидер на тим и репрезентација, од него се очекува многу... И нормално, он не го издржува се ова и пукнува, прави инциденти.

Со македонски речник, ова се нарекува, кад се сељо промангупи.... :)
 
Да, подоцна и јас прочитав за тоа. Сепак, стартот на видеото сам по себе е опасен.
Опасен е ама старт е, дел од играта, намерен, си доби казна и од клубот парична и од федерацијата. А не можеш да ставаш во исти кош стартови и гризење. Еве пример што го давам, Валенсија против Ренџерс скрши нога, на кожата му висеше ногата на два дела, ама тој од Ренџерс немаше никаква намера, се лизна ли дечкото штои и да е, нема проблем, се случува. Најсериозно гризење не е во ред, што го спречува нареден пат за врат да го гризне и да отиде артеријата?
 
што се правите мутави, стартовите се дел од футбалската игра.Е сеа пожесток и поостар старт и намерен или не намерен неможеш да го споредуваш СО НАМЕРА ДА КАСНЕШ НЕКОГО на футбалска утакмица да појдеш и со намера да каснеш некого и ај сеа ние ќе го жалиме? Можеби е малце голема казната ама не толку како што претерувате.АЈ сеа ако бил добар играч и ќе го браниме за него простување само а?
Жесток (брутален) старт (најчесто со намера) кој е опасен за кариерата на фудбалерот треба да се казнува со перманентна забрана за играње фудбал. Гризањето на фудбалер е исто или дури помалку опасно отколку намерен удар или газење на фудбалер додека лежи на трева. Како што некој оди со намера да касне некого, така некој оди со намера да скрши нечија нога, да расцвета нечиј нос, да исшутира некого, да згази некого..и тн.[DOUBLEPOST=1403796537][/DOUBLEPOST]
Опасен е ама старт е, дел од играта, намерен, си доби казна и од клубот парична и од федерацијата. А не можеш да ставаш во исти кош стартови и гризење. Еве пример што го давам, Валенсија против Ренџерс скрши нога, на кожата му висеше ногата на два дела, ама тој од Ренџерс немаше никаква намера, се лизна ли дечкото штои и да е, нема проблем, се случува. Најсериозно гризење не е во ред, што го спречува нареден пат за врат да го гризне и да отиде артеријата?
Мислам дека на оваа проблематика @Io Sono Interista има одличен пост, неколку реда над мене.
 
Глеј, можеш со клизач да му скршиш нога на некој а со нож да изгребаш малце, но не значи дека првото е полошо од другото. Суарез направи нешто што не е дел од фудбалот, уствари не треба ни да е дел од човештвото, толку години еволуција и тој каса противнички фудбалери во борба за топка а не како одмазда или што ти знам иако и тоа е безпредметно да се дискутира како оправдана причина за такво дело.
 
цц баш бишав Бен Тачер, не ви текнува на ова бе?

Види, ова што го пиша е за во посебна тема зошто има многу за дискусија. Тука за да скратам, да речеме дека се согласувам дека треба да се води грижа за спортско однесување и се разбира дека секој неспортски потег треба да се казни. Тоа не е воопшто спорно. Овде спориме дали ситуацијата со Суарез е пренадуена или не е. Според мене и некои други (во случајов сме малцинство) ова не е ништо повеќе од исклучување и редовна казна која следи за црвен картон. Пострашни работи се случуваат. Да играше во некоја друга лига немаше да се дигне толку прашина, а на Англичаниве ова им дојде како кец на десетка па сега ќе му се истурат како тој да им е крив што имаат усрана репрезентација.

Мала дигресија пред да и одговорам на Џену:

Да ама колку што прочитав тој веќе посетувал (можеби и сеуште посетува) психолог. Можеби ќе се оправи, а можеби нема лек, ко што нема за Балотели на пример. Во секој случај тоа е башка прашање, па и да не е задолжително сигурно Ливерпул веќе го натерал на тоа. Важно е да се има усул при носење одлуки рандом административци со непотребно голема моќ можат да расипат кариера. Не знам кој е меродавен да одлучи дека три гризнувања треба да се казнат со 24 месеци неиграње за репрезентација (лесно е да се удри по репрезентации како Уругвај) додека фудбалери кои прават брутални стартови никој не ги казнува додека не му скршат нога некому. Повторно, не гледам зошто е ова така страшно.

Glory Glory Man.U :)
Ваш, Ио.

Канеира вс Адриано мислам беше 2004/05, јаки тепачки имаше тогаш..
оној клошарон Боровски му ја сјеба кариерата на Висенте, година дена пред тоа беше клучен играч во освојување на дуплата круна со Валенсија..
и во повратниот натпревар Ангуло крвнички му влезе на Нелсон Валдез и доби директен црвен и кога да искочи од терен го ркна во фаца Боровски (y) еее добриот стар Ангуло, требаше да му влезе да му ја скрши ногата на Боровски и така во тоа време немаше вакви казни, и нели "око за око, заб за заб"
 
Тука некаде настануваат проблемите. Тоа што е полошо според едни не е според други, кој е тој што е компетентен да оцени дека гризење е посериозен прекршок од кршење нога? Она кога удираат со лакт во вилица? Што е тоа подобро од ова? Самото тоа што светското е завршено за него е огромна казна. ФИФА не е баш организација која треба да продава морал.

Но, прашањата за ’намера’, можат да се постават кај старт по кој ќе биде скршена нечија нога. Кај гризење не се поставува такво прашање. Не може гризиење да е фудбалски старт, оштар старт може. Тука е разликата. Уклизуваш и со тоа може некого да повредиш. Дури и не мора да се работи за опасен старт. Може на различни начини да дојде до лоша повреда, дури и при избегнување на старт. Многу е потешко да поставиш тука некоја линија.

Барем мене така ми е изгледа.

Додека, кај гризење и удирање боксови е полесно. Боксови или гризење. Напишав дека според мене гризење е поненормална, па ако сакате и понечовечка реакција од гризење.

А ФИФА секогаш на фудбалот му придавала и некакво метафизичко значење. Исто е и со МОК. Тоа никогаш нема да се промени, а секако дека тоа влијае врз казните.
 
Но, прашањата за ’намера’, можат да се постават кај старт по кој ќе биде скршена нечија нога. Кај гризење не се поставува такво прашање.
Добро ете:
- Кога ќе згазнеш фудбалер кој се превиткува има или нема намера?
- Кога го удираш со лакт има или нема намера?

Намерата не треба да биде толку релевантна колку опасноста, според мене. А овие стартови се и намерни и опасни.
 
Мешање баби и жаби до немајкаде... :facepalm:

1. Гризење - постои само намерно. Не може да постои ненамерно. Ејј Киелини ми влезе в уста и го гризнав.. Има логика?!? НЕМА
2. Старт - оди докажи дали намерно стартувал или не. Може со ненамерен старт од најмирниот фудбалер да ти отиде ногата а може и од намерен старт да се спасиш и на крај да не се докаже дека бил намерен.

Друго, првото ти е violent conduct а второто ти е harsh или horror tackle (на македонски малце глупо изгледа) осетете ја разликата. Ако човекот не е еволуиран и се однесува како куче, не му е местото на теренот и меѓу нормалните луѓе, туку во психијатрија на лечење додека не се среди.

Дисклајмер: Немам никаква намера во горенапишаното да го навредам Суарез, но не остана друг начин да се објасни разликата меѓу оштар старт и насилно однесување.
 
Пепе не доби НИКАКВА казна кога стапна на ногата на Меси. Сами споредете што е поопасно.
И кога го претепа играчот на Хетафе, доби 10 натпревара казна. А, Суарез за едно гризнување на рамо, е суспендиран 4 месеци, плус 9 натпревари за репрезентација?!? Нема логика. Не дека не заслужува казна, бидејќи се понаша ептен сељачки, ама кога ќе погледнеме какви казни се давале за многу потешки гадости во историјата, малку не ми е издржана казната.

Еве и легендата на Реал, Хуанито(за ова мислам дека добил казна од неколку години неиграње во ЛШ, по што и си заминал од Реал)
 
Ок е Че, знаеме, само у Реал играат прљави, не мора да наборош некој од друг клуб. (y)
 
Ок е Че, знаеме, само у Реал играат прљави, не мора да наборош некој од друг клуб. (y)
Еве наброј ти, ако се чувствуваш навредено.
Јас овие 2 примера ги дадов. Со Пепе, кој цел свет го знае каков е, а и видеото со Хуанито случајно пред некој ден го видов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom