СП 2014 Бразил - генерална дискусија

Да прашам едно прашање ако некој е запознаен....дали тоа што макс тв рекламира за светското првенство значи дека само они ги имаат правата можеби како за вторниците во лига шампиони?
Можно ли е да се случи да не можат да гледаат оние што немаат макс тв?
Некој да има информации некакви дали македонска можеби ги има откупено правата?
ЕП/СП и ЛОИ/ЗОИ оди на МТВ1.
 
Штета за Тиаго ептен го утепаа повредите ова сезона. Мислам дека прави грешка Дел Босќе што не го повикал Иско

Очекувам убав пренос на МТВ и конечно во HD
 
Не го мења фактот дека ова може да е само плус за државата.[DOUBLEPOST=1400162625][/DOUBLEPOST]
Не се остава добар впечаток, се прават пари.

да се разбереме, за да се прават пари прво треба да се остави добар впечаток пред светот и уште нешто протестите сега се поинтезивни затоа што ќе има новинари од цел светот и така другата страна од приказната може да биде слушната не само таа од ФИФА или владата на Бразил.
 
А зашто ќе биде така? Поради простата раја. Lawyered.
 
Проблемот во Бразил е што се сиромашна земја а се е*ат ко луди, односно многу зголемен наталитет имаат ...
 
Па баш и не......
Бразил според фертилитетот е послаб и од многу европски земји,само што сеуште не дошле на наплата да умираат многубројните стари генерации.
Тоа се вика демографска инерција.....одреден период на голем раст и покрај опаднат фертилитет чисто поради тоа што не дошле на ред да умираат најбројните.
Веќе накај 2030 година ги чека пад на популацијата.
 
@blanco Љоренте ќе иде на СветЦко...ако испадне нешто неочекувано, ќе му го скратам бркот небричен на стариот
 
добро е жив си бил, 2 години ти немав прочитано мислење на форумов :D

и со првиот пост одма си се извадил :cuc::vozbud:
 
Дај прајте си муабет за фудбал, не бистрите политики тука пробувајќи да се напраите паметни...Така било се просто...
 
Португалскиот селектор Паоло Бенто го соопшти списокот на фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство во Бразил.

Бенто од поширокиот список ги изостави Рикардо Кварежма (Порто), голманот Ентони Лопез (Лион), играчите од редот за врска Андре Гомеш (Бенфика) и Жоао Марио (Сетубал), дефанзивците Антуњес (Малга) и Роландо (Интер), односно напаѓачот Иван Кавалиеро (Бенфика).

Голмани: Бето (Севилја), Едуардо (Брага), Руи Патрисио (Спортинг)

Одбрана: Андре Алмеида (Бенфика), Пепе, Фабио Коентрао (двајцата од Реал Мадрид), Жоао Переира и Рикардо Кошта (двајцата од Валенсија), Нето (Зенит), Бруно Алвеш (Фенербахче)

Среден ред: Жоао Мутињо (монако), Мигел Велосо (Динамо Киев), Раул Меирелеш (Фенербахче), Рубен Аморим (Бенфика), Вилијам Карваљо (Спортинг)

Напад: Кристијано Роналдо (Реал), Едер (Брага), Хелдер Постига (Лацио), Хуго Алмеида (Бешикташ), Нани (Ман. Јунајтед), Варела (Порто), Виериња (Волфсбург).
 
требаше Португалциве на Лима да му дадат пасош, зошто Постига и Алмеида се дрва, особено првиов.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom