Португалскиот селектор Паоло Бенто го соопшти списокот на фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство во Бразил.
Бенто од поширокиот список ги изостави Рикардо Кварежма (Порто), голманот Ентони Лопез (Лион), играчите од редот за врска Андре Гомеш (Бенфика) и Жоао Марио (Сетубал), дефанзивците Антуњес (Малга) и Роландо (Интер), односно напаѓачот Иван Кавалиеро (Бенфика).
Голмани: Бето (Севилја), Едуардо (Брага), Руи Патрисио (Спортинг)
Одбрана: Андре Алмеида (Бенфика), Пепе, Фабио Коентрао (двајцата од Реал Мадрид), Жоао Переира и Рикардо Кошта (двајцата од Валенсија), Нето (Зенит), Бруно Алвеш (Фенербахче)
Среден ред: Жоао Мутињо (монако), Мигел Велосо (Динамо Киев), Раул Меирелеш (Фенербахче), Рубен Аморим (Бенфика), Вилијам Карваљо (Спортинг)
Напад: Кристијано Роналдо (Реал), Едер (Брага), Хелдер Постига (Лацио), Хуго Алмеида (Бешикташ), Нани (Ман. Јунајтед), Варела (Порто), Виериња (Волфсбург).