Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ме интересира дали се става одредено количество на бензин кај дизел моторите за подобар старт при ниски температури?
Некој ми имаше нешто кажувано околу ова, ама не се сеќавам точно шо-како
 
Ја ако сум глуп не сум мутав :) Не е нормално, знам дека зуи на поголеми брзини ама претходно не беше вака, беше само гласен вентилаторот, почна пред негде месец дена да зуи погласно и поинтензивно од обично.
Епа тогаш лагерите на вентилаторот ти отишле јабана :smir:
 
Дали знае колкава е потрошната на бензин кога колата работи во место еве да речам пола сат ако просечна потрошувачка при вожња е околу 7%
 
Од пред некое време кога ги уклучувам вентилаторите во кола (без разлика дали климата е вклучена или не) на 1 работи нормално, а кога ќе уклучам над 1, значи на 2, 3 или 4, ваљда кога почнува да влече посилно воздух, се слуша звук како да е пригушен некој од вентилаторите, како зуење, отприлика звучи како кога ќе се поклопи фен со нешто од страната кај моторот (ова е најдобро објаснување што можам да смислам, пошто сум женско, па аналогијата со фенови за коса ја правам, се надевам разбирливо е). :) Филтрите се сменети пред еден месец, на редовниот сервис, ми зуеше и претходно, кога ги сменија филтрите неколку дена не зуеше, па пак почна. Што може да е проблемот?

да не ти објаснувам премногу, од прва рака ке погодам дека колава си ја купила лани, т.е. летово ти беше прво пуштање на ладење, а сега веке на греење е ставено. значи, има една клапна која слободниот проток на воздух (кога лади) го завртува да проага низ едно како хладњаче-решетка со густи ребра низ кои тече топла вода и така грее. е сега, отпорот на воздухот при проаѓање низ таа решетка е многу поголем и практично моторот се мачи за да го избутка воздухот (предвиден е тој отпор)... поради тоа и звукот на перката е поинаков и те потсека на поклопен фен кога дува... бидејки и тој тогаш се мачи, само што фенот не е предвиден за тој отпор и може да прегори, додека перкава на колата неможе да прегори...

--- надополнето ---

Дали знае колкава е потрошната на бензин кога колата работи во место еве да речам пола сат ако просечна потрошувачка при вожња е околу 7%

7%...????? седум проценти? ваљда на литри мислеше? или не... ај изјасни се прво...
 
да не ти објаснувам премногу, од прва рака ке погодам дека колава си ја купила лани, т.е. летово ти беше прво пуштање на ладење, а сега веке на греење е ставено. значи, има една клапна која слободниот проток на воздух (кога лади) го завртува да проага низ едно како хладњаче-решетка со густи ребра низ кои тече топла вода и така грее. е сега, отпорот на воздухот при проаѓање низ таа решетка е многу поголем и практично моторот се мачи за да го избутка воздухот (предвиден е тој отпор)... поради тоа и звукот на перката е поинаков и те потсека на поклопен фен кога дува... бидејки и тој тогаш се мачи, само што фенот не е предвиден за тој отпор и може да прегори, додека перкава на колата неможе да прегори...
Не, колата ми е од 2009та, минатата зима цело време грееше, не даваше ваков звук, сега дава ко да е затнато нешто.
Ќе ја однесам на сервис следнава недела, па ќе видам што е проблемот.
Фала секако :smir:
 
да не ти објаснувам премногу, од прва рака ке погодам дека колава си ја купила лани, т.е. летово ти беше прво пуштање на ладење, а сега веке на греење е ставено. значи, има една клапна која слободниот проток на воздух (кога лади) го завртува да проага низ едно како хладњаче-решетка со густи ребра низ кои тече топла вода и така грее. е сега, отпорот на воздухот при проаѓање низ таа решетка е многу поголем и практично моторот се мачи за да го избутка воздухот (предвиден е тој отпор)... поради тоа и звукот на перката е поинаков и те потсека на поклопен фен кога дува... бидејки и тој тогаш се мачи, само што фенот не е предвиден за тој отпор и може да прегори, додека перкава на колата неможе да прегори...

--- надополнето ---



7%...????? седум проценти? ваљда на литри мислеше? или не... ај изјасни се прво...
Да на литри мислев грешка :toe:
 
Да на литри мислев грешка :toe:

пак зависи како е наштеловано палење и обртаите, после температура на воздух што усисува. после дали е со електронски саух, или рачен, дали е моно инџекшнм фул инџекшн или карбуратор, ама за 1 саат се движи мегу 0,5 до 1,5 литри... знам дека ке рече некој голема разлика ама како што реков зависи од повеке фактори. во секој случај фул инџекшн моторите нај малку трошат кога работат во лер
 
Како се Opel Kadett C кај нас со делови? Дали лесно се наоѓаат? Планирам на пролет да земам некој ако најдам посочуван...
 
Па има, се наоѓаат делови (механика) оти долго време Опел ги користат моторите. За лимарија, не знам да ти кажам. Можда потешко одат лимариите...
 
Има некој Мitsubishi Lancer 1.5 или Sportback-от сеедно вака да каже колку трошат просечно.Гледам некоја акција спортбекот е за 111 евра месечна рата со повисокото ниво на опрема ама неможам да го најдам весникот а на страната старите цени се...некој повеќе нешто околу ова ?
 
Ме интересира дали се става одредено количество на бензин кај дизел моторите за подобар старт при ниски температури?
Некој ми имаше нешто кажувано околу ова, ама не се сеќавам точно шо-како
Не се тура бензин... тој шо ти кажал, те заебал. Јас возам дизелаши од ко положив, а дизел возило имаме 10 години уназад... ако тураш бела нафта нема никаква мака. Добро е да се тури адитив некаков, ама не е морално. Јас ништо не турам, цела зима колите ми стојат надвор (ги имам 3, сите се дизел) и до сега со палење неам мака.

Ама ако туриш црвена... на комшијата колата в гаража нејќеше да му пали во неделата. А беше некој 2-3 степени на сонце.

А вистина е дека турат бензин во нафтата, претежно во црвената, незнам која е дозата, ама највероватно бензинот до некаде го спречува создавањето парафин.
 
Се става бензин. Сите транспортни компании на камионите ставаат бела нафта ама дотураат бензин. И тоа многу според мене. 20% ставаат бензин. Ама ете така требало, па ене возат камионите.

Јас колку што знам, за Passat 1.9TDI брачед мој ставаше 1л на 20 литри дизел, што е некаде 5%
 
Не се тура бензин... тој шо ти кажал, те заебал. Јас возам дизелаши од ко положив, а дизел возило имаме 10 години уназад... ако тураш бела нафта нема никаква мака. Добро е да се тури адитив некаков, ама не е морално. Јас ништо не турам, цела зима колите ми стојат надвор (ги имам 3, сите се дизел) и до сега со палење неам мака.

Ама ако туриш црвена... на комшијата колата в гаража нејќеше да му пали во неделата. А беше некој 2-3 степени на сонце.

А вистина е дека турат бензин во нафтата, претежно во црвената, незнам која е дозата, ама највероватно бензинот до некаде го спречува создавањето парафин.

бензинот ја зголемува експлозивноста на црвената нафта, и ја прави да биде по течна кога ке залади, зашто згуснува. и кога ке израчунаш црвена нафта плус бензин ти доага скоро како анте за танте...
 
Вчера прв пат стаив радио во колата и го укљичив она се си работеше а звук никаков не даваше колата има ISO прикључоци сигорно е добро поврзано. Си помислив да не нема звучки ама во упаството на колата пишува дека има радио предопрема шо може да биде?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom