Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Можно е и да ти ставиле погусто уље во мењачот(140 наместо 90), можно е и да имало влага во уљето и на нискиве температури да смрзнува влагата....а ако е истечено уљето, при изгаснат мотор треба мењачот лесно да влегува во брзина. Уљето е потребно за во движење

Можи и да е истрошен/искривен некој дел во мењачот, па на ниски температури дополнително да се стега делот и да кочи...на топло се шири и нема да биде стегнат
 
Ај ве молам препорачајте ми добар мајстор во Скопје за радио за во кола...
Се работи за Мерцедес Е класа w210, фабричкото радио не ми чита ЦД-иња.
Фала ви многу ...
 
Може и сајлата на кумплунгот да биде

Sent from my iPad Pro 9.7 using Tapatalk

Сајлата е за партизански коли и нема веќе од поновите модели туку со пумпа хидраулично понекогаш комбинација механичко-хидраулично .

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
 
Алфа 147 1.6 или 2.0 мотор? И едно просто прашање. Алфа да или не? :icon_mrgr:
 
Сајлата е за партизански коли и нема веќе од поновите модели туку со пумпа хидраулично понекогаш комбинација механичко-хидраулично .

Sent from my iPad Air 2 using Tapatalk
И оваа кола имаше хидрауличен кумплуг:ROFLMAO:

z1300-4.jpg
 
Ехееј Миле Треченто во тоа време беше новитет за одредени делови и иновативност.
И спаѓа во класата со денешниот Фиат Крома

Sent from my iPhone 6s Plus using Tapatalk
 
Дечки, прашање:

Astra GTC 2006та - кога е вклучено радиото без разлика дали на CD или станица, на секои 3-5 секунди прави долго ТИИТ, и цело време така додека не се изгаси радиото..

Чаре? :-/
 
Дали ти пишува нешто на бордот?
 
Колеги треба сега да ставам плин на колата па нели има сеа субвенции некои дали знаете како оди таа процедура дали можам да земам ваучери имало од 300EUR за плин.Euro 3 ми е колата?
 
Субвенциите беа ветување на една од политичките партии доколку победи на изборите и ќе се однесувало на возила до одредена година. Влада не е формирано така да субвенции нема сеуште.
 
Можно е и да ти ставиле погусто уље во мењачот(140 наместо 90), можно е и да имало влага во уљето и на нискиве температури да смрзнува влагата....а ако е истечено уљето, при изгаснат мотор треба мењачот лесно да влегува во брзина. Уљето е потребно за во движење

Можи и да е истрошен/искривен некој дел во мењачот, па на ниски температури дополнително да се стега делот и да кочи...на топло се шири и нема да биде стегнат

Ова не бев пробал, сега го приметив и се пуштив тука да пишам. Пред да ја запалам колата гледам се пуштил мењачот, си работи топ, се израдував. Палам кола и пак се укочи овој, камен, не мрда...

Според твоево пишано вајда е уљето. Е сега дали е проблем да ја возам 50-100км без уље и дали има начин сам да дотурам некако?
 
Највероватно има проблем на некое лежиште(лагер) во снопот од мењачот. пробај ги сте верзии и пиши:

-менување на брзини со изгаснат мотор на ладно па на топло,
-менување на брзини на запален мотор и на ладен мењач(одма) и на стоплен мењач(после 10 минути работа)

и пиши. така попрецизно ќе се знае што е проблемот. има некои запчаници и осовини во мењачот кои вртат во празно и кога мењачот е во лер(со не притиснат кумплуг)
 
На изгаснат мотор, на ладно пред да ја запалам си мења топ. На топло, кога ќе ја изгаснам после 5-10 секунди опушта и мења топ, а веднаш откако ќе ја изгаснам, првите 5-10 секунди уште е тврд.
На запален мотор цело време е камен тврд и ептен тешко мења. Ја возев сега 10тина минути, нема намера да пушти. У втора ја возев цело време.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom