Струмикс
Еден...не го знаеш!
- Член од
- 9 декември 2005
- Мислења
- 13.811
- Поени од реакции
- 3.348
- Возраст
- 47
- Локација
- Струмица
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
А бре мајката се на вас ви се случуваат фантомски работи!!!!!!Не знам дали е некој вирус кој се шири на форумот или се тешки рибарски прикзани.........
Сум сменал еден куп коли и тоа повекето да не речам 95%купени од салон па не сум имал ама баш никакви проблеми и тоа возила од средна и ниска класа.Ниту проблеми со мотор ниту со подвозје нормално оддржување итн,итн....
Но дали сте ги прашале сопствениците на тие возила како е можно да се случат такви работи?Дали сте ги прашале дали возилото го користеле за орање по нива или за одење во град,а?
Еве еден пример на типична човечка(читај мочко)грешка.Шкода Фабија 1.2 со 3 клипа,5 души+товар со 4-та да ја качел Стража(читај кладба).Резултат=искривена глава,прегреан мотор и изгорена ламела.....Е па брат не е ФАП да носи 3 тона тежина....
Значи со нормална експоатација и нормален режим на работа возилото ке си тера со годиниа.Но ако сакаш да го имитираш Кен Блок или некој од тој ков,е тогаш братче ке си го одврзеш кесето.....
Значи ако производителот напишал дека максимална брзина на возилото е 200км/ч,не значи дека треба да возиш 200км/ч 30 минути.Тоа ке оди,ама последиците се трајни.......
И на Ланцерот што го имам сега пишува макс дека е 205км/ч,ама не значи дека мораш сега 200 да го тераш нон стоп......
Но со годините и паметот,барем така мене ми велеа кога имав 19 години.......И 132 на татко ми одеше 180,ама еден ден откажа послушност......
Aман бе Ево...
Не ли разбра суштината на постот?
Ај да се расплинам на долго и широко... Го бев цитирал валволин мислам или кој и да беше, не е битно, кој признава само возила од Волксваген и крај.
Е, работата е во тоа што и тие имаат глупости.
Првиот случај е на Голф од мој колега, кој го вози културно, без глупирање. И му се случило тоа. Ќе оди на сервис и ќе го средат тоа. Не е ич рибарска приказна.
Другиот случај е на Голф од мој сосед, со кого доста живеам. Му го средија, му беше под гаранција. И ден денес вози, има околу 150000 км, еднаш сервисирана глава, сега менуваше амортизери, двапати нешто на трапот...И се е тоа нормално.
Ама, се случило да имаат фалинка, нели? Уште нови, понешто им станало.
Ама, некој тоа не го рабира или не сака да го прифати. Тука беше суштината. Дека нема ништо совршено.
Работата беше дека се наоколу е ѓубре само германците вредат. А не е баш така.
Имаше еден твој пост од вчера, некни, убаво го опиша она сељачењето, овде на оваа тема.
На ист таков начин се извулгаризирани и усељачени и Мерцедес и БМВ.
Убаво си рекол дека секое возило еден ден ќе цркне. Со правилно и навремено одржување, тоа ќе се случи, ама покасно. Доста покасно.
Барем денес, нема некои драстични разлики во квалитетот на возилата. Спротивното може да го карактеризираме како рибарска приказна.