Stallion
Папион __ •°
- Член од
- 13 септември 2010
- Мислења
- 1.150
- Поени од реакции
- 913
Момци, вака, пошто прв пат доаѓам на овој подфорум можеби и не сум ја одбрал најсоодветната тема, нејсе, ми треба мала помош или проценка при избор на автомобил*, е сега незнам како да формулирам, значи располагам со буџет од некаде 10тина - 11 илјади евра и со оглед на тоа дека сакам нешто поозбилно, реално се одлучив да идам на варијанта - половен автомобил, знаејќи што може да земам ново за тие пари. Е сега, прашањево лежи тука, што можам да очекувам подолгорочно за тие пари на нашиов пазар тука, дали е попаметно да се загризе на овдешниов пазар или подобра опција би ми била со некој од плацевите во странство (за што и некако сум заинтересиран повеќе) конкретно Словенија и/или Германија (за кои што имав некои понуди од луѓе, познаници).
Муабетот ми е дали се исплаќа за тие пари да се иде пример до таму и да се зема кола од некаде 7-8 илјади евра, за која што ако не се лажам како што читав, за префлање, обезбедување потребни документи, осигурување, Цол таблици, ТУФ, пат и останатите фиксни трошкови патарини итн, плус царинењето, би ги платил преостаните 2-3 илјади евра.
Па, што викате, дали вреди, да се впуштам во патешествие до странскиве пазари или би го добил истото на нашиов пазар?
* Имам во глава неколку опции, од кои како фаворити ми се наметнуваат Пасатот -не постар од 2005-та ; и Меганот новиот (така, многу мерачки изглед ми има
) Иначе, да потенцирам, претпочитам германски аута, али не се ограничувам само на нив, и да, ќе заборавев можеби и најбитното, моторот исклучиво дизел.
Се надевам, ќе има некој расположен форумџија, да ми ги скоцка вака на кратко работиве и ќе ме ослободи од понатамошна главоболка зато што со недели гледам понуди по пазариве, ама никако да го повлечам оној краен потег.