Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ни едното, ни другото ни третото...

Кај гољфојте, притискаш надолу и кај прва... таму е рикверц. Taка е кај моделите гољф 1 и венто, кај двојка незнам најверојатно и таму е така.

Малку да чади е нормално... ако прај облак видлив на ретровизор, то не е малку.

И најверојатно дизните ти се за менување.

И колку пари се тие дизни??Отприлика..Ако има некаква врска,уљето е таман,го проверувам и си е таман,значи не го троши.
 
тие се 1200 ден ако е така сите да ги сменам ке ме чини како да ставам ксенон :)

Незнам колку се точно ама има ... ксенон ако ти треба два сета богами солено ќе биде
 
На што да се внимава кога купуваш дизел кола?Особено од овие увезениве?На сервис ке и ги најдат мааните?
 
Ајде кајганаџиии,кажувајте од каде да купам основна опрема за у кола..мислам на маркери,триаголник,прва помош,јаже за влечење...
дали знаете да ги има негде ко комплет или башка да ги купувам,и каде е најевтино?:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Отиди во еуро стил во железара ... се на едно место имаш за коли, ќе останеш едно пола саат - саат таму :pos:
 
Незнам колку се точно ама има ... ксенон ако ти треба два сета богами солено ќе биде
подобро оваа ..иначе ако ставам ксенон најскап дел од колата ке ми биде предницата :pos: а и не ми се сигурни малце ако прегоруваат стално отидов :)
 
И колку пари се тие дизни??Отприлика..Ако има некаква врска,уљето е таман,го проверувам и си е таман,значи не го троши.
Незнам точно... За фордовите TD возила се по 800 денари една. Според она шо го знам, најверојатно и твоето е со механичка пумпа за притисок, така да сите 4 + работна рака за менување не би требало појќе од 100 евра да те фатат.
 
подобро оваа ..иначе ако ставам ксенон најскап дел од колата ке ми биде предницата :pos: а и не ми се сигурни малце ако прегоруваат стално отидов :)
Земиси од бугарските за 350ден исто света како осрамо и да прегори да не жалиш.
 
Земиси од бугарските за 350ден исто света како осрамо и да прегори да не жалиш.
богами сега видов дека 2 биле за 350 ден па ич не размишлам повеке ... ти имаш лично искуство со нив ?!
 
Незнам точно... За фордовите TD возила се по 800 денари една. Според она шо го знам, најверојатно и твоето е со механичка пумпа за притисок, така да сите 4 + работна рака за менување не би требало појќе од 100 евра да те фатат.

Од стариот тип е,1997 година ТD е,не е ЈТD,ја извозив денеска,не чадеше многу,добро само на гас кога ке дадам повеќе,и башка тоа,тато кога ставал нафта,по грешка црвена ставил,демек не го разбрала таа курвата на бензинска,па викам да не е од тоа.З
 
абе ај... по грешка ставил а... и ти го голтна тој муабет... прво и основно црвена нафта не смеат да точат по бензински... баш сега гледав дека ја затвориле некоја бензинска денес за точење црвена нафта... второ... ако сакаш црвена нафта, на некои бензински (на повекето) викаат само во туба, а на некои викаат сам да си точиш во резервоар... а муабетот дека по грешка мустваиле црвена, не ми проаѓа ама ич...

што се однесува до дизните... јас ги мењав на фордот, бошови дизни (елементи) се по 800 денара комад. плус ке треба да земеш бакарни шајбнички и надворешна и внатрешна (по 30 денари комад) и ти давам совет да ја однесеш колата кај бошиста да ги смени и среди дизните, зашто само он може да го наштелова притисокот на дизната да работи според фабричните поставки. ако ја носиш кај бошиста, не треба шајбнички да зимаш, он ке среди се... ти само дизните однеси му ги...

бошист ке те крсти околу 2000 денари... толку ме прекрсти мене стојче, во влае...
 
Еј луѓе, прашањево знам и не е баш за тука али јеби га, не ми текнуеше нишо попаметно,,, Дали некој знае за што кола беше онаа рекламата кога типче паркира некое количе и со уста ги прави звуците од сензорите за паркирање, од електриката на прозорците, алармот на колата, централната брава ... бајаги звуци беа - не ми текнува а баш ми беше топ рекламата, сакам да си ја најдам пак.
 
http://www.youtube.com/watch?v=oX_sg230VWE

Citroen C3
 
Проблем со антифризот се губи иде некаде ...а по цревата не покажува некои знаци..што може да биде веќе аман !!!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom