@vouager за Мерцедес другарче се знае.
Легендарниот W123 со ОМ616 240ка мотор или ОМ617 легендарната тристача 300ка мотор. Без турбини без електроники без ништо. Замисли во тоа време серво волан и кочници на диск.
Со дупли ланец. Моторот го правиш генерално ланецот истиот си останува.
Оди на што сакаш, нафта зелена црвена, масло моторно прегорено, масло од фритеза...
Од него произлегува W124 е тоа е мафијашки автомобил. Тоа возило и ден денес има стил и сексипил. Фантастичниот ОМ602 мотор 250ка. Неуништлив 2.5 милиони км ги поминува без ништо да чепкаш.
Од ова произлегува Е класа.
И тука веќе имаш мотор ОМ605 ставаат две брегасти, турбина...
Малку губи квалитет сепак е добар.
Да не ја заборавиме и легендарната 190ка или W201 модел од кој подоцна доаѓа С class.
OM601 2.2 мотор одличен. Подоцна оди на ОМ604 со две брегасти и пак губи квалитет но се држи.
Проблемите настануваат кај Е class W210 и C class W202.
Почетокот е добар се додека се држат до OM604 и OM605 моторите без разлика дали е со турбо или не.
Но кога одат на CDI мотор, толку пиши пропало...
Наредна серија W211 па тоа до 2008 е промашена инвестиција. После 2008 прават редизајн има некои подобрувања.
Новите модели да не ги спомнуваме, Мерцедес со Рено мотор, трагедија у пм