Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Имам дупчиња на Матизот од град што ептен почнуваат да ме нервираат кога ги гледам.Се праат ли бе на живци ми идат.И да , како ако се прават?

Се прават со извекување на лимот со електромагнет. Тоа на сервис. Ама зависно од големината на дупчињата може да се појавуват прекршувања при извлекувањето но и тоа се средува.
Јас знам еден цела кола му беше со кратери од град со големина на орев и пак ја направи и ја продаде.

skodafeliciacabrio.jpg



Денеска потполно ве измачив јас со моите луди идеи:).
Ај одприлика некој да каже колку одприлика би чинела една ваква операција.Ептен ми се свиѓа на изглед,една ваква ја средуваш тип-топ и младолички убаво да изгледа ја правиш без многу тракатанци и пластики и си имаш топ кола за низ град...според мене де.:pipi:

И најбитно треба после измените да може колата да ја поминеш на атест за да можеш да ја возиш. Гледај кој ќе ти ја прави да не биде за џабе после да не можеш да ја поминеш на атест. Ако веќе почнуваш да ја преправаш прво обрати се до машински на атест и таму ќе ти кажат што се треба да направиш за да може колата потоа да ја возиш.
Имаше едно такво црвено фичо низ градов.
 
Интерсна работа е кабрио кола ама за во лето не знам за во зима како се справува со тој платнен покрив.Има ли добра изолација?
 
Зависи кој модел... Кабрио моделите на мерцедес со мек покрив се доста квалитетни, покривот е дебел 5 цм... За другите, незнам, претпоставувам дека има големи шанси да биди хотел промаја за во зима.
 
Зависи кој модел... Кабрио моделите на мерцедес со мек покрив се доста квалитетни, покривот е дебел 5 цм... За другите, незнам, претпоставувам дека има големи шанси да биди хотел промаја за во зима.
И јас се плашам од тоа многу.Затоа кабрио најдобро е да се купи со тврд покрив.
 
сакам утре да одам да извадам онаа картичка кај што се впишуваат поени за прекршоци.
-дали има некој извадено од вас?
-што се ми треба за да се извади? бараат документи нешто?!?!
-има процедура, се чека? или е обично парче хартија што ти го издаваат одма?
-цена?
 
сакам утре да одам да извадам онаа картичка кај што се впишуваат поени за прекршоци.
-дали има некој извадено од вас?
-што се ми треба за да се извади? бараат документи нешто?!?!
-има процедура, се чека? или е обично парче хартија што ти го издаваат одма?
-цена?
ја извадив коа полагав.
-цена 550 ме фана со се возачка...
-ти требаат 2 слики од тебе,и лична карта/пасош/било шо од тебе....
-за 2 недели ги издаваат
 
А зошто воопшто сакаш доброволно да извадиш таква книшка? :)
 
подобро за тебе....место да плаќаш казни,ќе ти стават само печат...па сеа ти види си го есапот....
 
Казнени поени се впишуваат само ако не сакаш да платиш казна... Кога ке се подумам, повеќе се исплаќа да одиш да преполагаш по 2 години отколку да платиш 3 казни.

Е сега од друга страна, возач сум веќе 4 години, и немам направено прекршок (со исклучок на еднаш, возев многу низ населено место (наместо 60), и ме фатија цајкани (на радар излезе дека 92 сум возел :)) но не ми дојде казна по мојата расправија и непризнавање дека сум возел не повеќе од70). Па некако неисплатливи изгледаат двете опции, затоа памет во глава и не брзајте. На 100км пат ако возиш 100 и 70 разликата е 15 минути во пристигнувањето (едно мочање). Така да.....
 
за вадење книшка за казнени поени треба:
-2 слики
-фотокопија од лична карта и возачка дозвола
-100-200 денари, незнам точно колку, изумив
-и лично да покажеш лична карта таму =)
тољку!
 
за вадење книшка за казнени поени треба:
-2 слики
-фотокопија од лична карта и возачка дозвола
-100-200 денари, незнам точно колку, изумив
-и лично да покажеш лична карта таму =)
тољку!

да чекаш во бедната банка таму за да платиш на уплатница, и да почекаш 5 работни денови.

Иначе не се пишуваат поени на поголеми казни од 50 еура. на пр алкохол ако те фатат го јадеш
 
Едно другарче има проблем па ми се јави да погуглам па еве кај вас.Дали знаете како да ја извади пластиката на шевролет спарк за радиото.се мачи надвор жал ми падна :pos2:.Вика влечи влечи не се вади.Ај ако знае некој набрзинка нека каже...
 
треба шал таблата да се отшрафи тој дел,и да се извади внатрешно...слично е како за пластика од CD/DVD ROM на компјутерот....мора одвнатре,нема цака однадвор...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom