Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
За 2000 евра од таа класа имаш Алфа 156ка :)
Глеам фан си на Алфа;)
Алфа не се купува со разум, а со срце. ;)
Па прва опција нормално е 156, само онака ја видов лагуната и ме интересираше потрошувачката за да си споредам дизел со плин, а прва опција е нормално 1.9јтд, според многумина еден од најдобрите дизели, а за 156ката си е таман големина на мотор, 105 коња, само добра алфа дизел е околу 2500-3000 евра, немам салам седнато да разгледам ама последно ко гледав толку се движеја, а и за одржување колкава би била разликата со, да речеме, лагуна?
 
Дотури масло и провери по две недели дали пак ќе го потроши. Ако го потроши и ако колата е каросериски добра, барај нов мотор оти ако го отвориш стариот можи да не го затвориш поради финансиски проблеми ;). Од муабети што имам разбрано тоа што му клавал "квалитетно" масло претходнио газда да не му турил масло за мењач во моторот, густо е ги затвора сите дупки и колата нема гајле, е ко ќе смениш масло излегват срањата - најискрено се надевам не е тоа случајот кај тебе.

Епа и јас да и ставам такво да ги затнам дупките.Ќе има ли нешто мака.И нели улјето треба да биде на средина некаде,никако на мин,околу средина,или да го полнам до максимум.
 
Мислење за А класа Мерцедес, првата генерација, бензин?
Ништо не испадна со Корсата, мешала уље и антифриз, ми кажа мајстор :cautious: ,така да си глеам сеа коли други, наидов на оваа кола случајно, глеам прилично евтини се.. од 2500 до кај 3000 евра се наоѓаат.
Некоја маана има, освен што како бензин во старт е поевтин? Или стари се веќе па затоа..:)
Пак ќе те цитирам, го меркав за мене ама не сум одлучен да менувам кола сеуште :confused: ... еве еден леон 04 тди, ако се точни км и ако е се во ред цената е повеќе од добра да не речам топ ... ЛИНК
 
Такси да не е возен,едно има жолта боја,друго како со фолија да е лепен ми се чини.
 
Епа и јас да и ставам такво да ги затнам дупките.Ќе има ли нешто мака.И нели улјето треба да биде на средина некаде,никако на мин,околу средина,или да го полнам до максимум.

Тоа е краткорочно решение колку да можи да ја продадеш колата, а не за да ја возиш во таква состојба. Доколку го гори маслото (троши масло) таа кола е спремна за генералка, што е исплатливо доколку планираш да ја чуваш и возиш уште долго време и како што напоменав во претходниот пост каросериски е добра. Повози ја уште некое време и види дали троши масло, па потоа одлучи што ќе правиш.

Кај исправно возило маслото треба да биде до максимум и не смее ниту милиметар да падне до наредно менување.
 
Такси да не е возен,едно има жолта боја,друго како со фолија да е лепен ми се чини.
Е што ако е жолт, баш му личи спортски изглед има и поновиот леон жолт е интересен
не ми личи мене дека е такси возен по ништо
 
Тоа е краткорочно решение колку да можи да ја продадеш колата, а не за да ја возиш во таква состојба. Доколку го гори маслото (троши масло) таа кола е спремна за генералка, што е исплатливо доколку планираш да ја чуваш и возиш уште долго време и како што напоменав во претходниот пост каросериски е добра. Повози ја уште некое време и види дали троши масло, па потоа одлучи што ќе правиш.

Да не е до самото масло?Да пробам со Селениа,или Кастрол,Шел,тие поскапите,е и тогаш ако не троши значи треба да се отвора.Ама си влече убаво,пали од прва до сега,Не чади којзнае колкави облаци.Легнав прееска под неа,гледам се е суво,освен кај картерот,кај чепот имаше една црна локва,улје е тоа.Можно ли е да го губи од таму?И имам картони под неа,се гледа дека капе по малку.
--- надополнето: 24 јануари 2013 во 01:39 ---
Е што ако е жолт, баш му личи спортски изглед има и поновиот леон жолт е интересен
не ми личи мене дека е такси возен по ништо

Добра е бојата,обично жолтите под дифолт се таксиња.Нели има и со две врати ваков модел?Ги знам овие коли,не се лоши,со алумински бандажи ако има ќе биде екстра
 
Добра вест е тоа што маслото течи од некаде. На масло не се штеди, тури му некое поквалитетно. ;)
 
Жолтиот ваков посебно со купра изглед е сеуште добар и црна и црвена боја му личи топ
иначе сите се вакви нема со 2 врати

2002_leon_sport-fr_1.jpg

leon-cupra-2005_MLM-F-3405240368_112012.jpg
 
Добра вест е тоа што маслото течи од некаде. На масло не се штеди, тури му некое поквалитетно. ;)

Капе од штопната изгледа.Ако е картерот,треба цело масло да го испуштам во некој сад,па да го носам на варење картерот,па се наново.Не е ни тоа едноставно.Ликви моли има,1200 денари е,германско пишува,може е пакувано во Бугарија.Не е слаба фирма али што знам,на наредното обавезно поквалитетно ќе му ставам,Аралот го фалат многу.

Жолтиот ваков посебно со купра изглед е сеуште добар и црна и црвена боја му личи топ
иначе сите се вакви нема со 2 врати

Ако е купра,тогаш е 150 коња мислам.Не е малку таа коњажа

Те потсредив. Џиш
 
Е што ако е жолт, баш му личи спортски изглед има и поновиот леон жолт е интересен
не ми личи мене дека е такси возен по ништо
Жолто возило или е такси, или е автобус, или е багер. Неглеам друга причина зошто некој би праел жолта.

Само се драпам, во право си, не изгледа дека е таксиран, мада треба да се провери.
 
Пак ќе те цитирам, го меркав за мене ама не сум одлучен да менувам кола сеуште :confused: ... еве еден леон 04 тди, ако се точни км и ако е се во ред цената е повеќе од добра да не речам топ ... ЛИНК
Немој :)
Убава кола, голема, ама по цената нешто ми е чудно. Знам дека Сеат е поевтин од Волксваген, ама за леон од 2004 1.9тди, 3000 евра е малце. У смисла другар купи поло 1.4тди 2003 год, од пријател од Германија со 100000км за 4000евра. А Поло е. Многу помало од Леон.
Значи, гласно размислувам... не е со 90000 км Леонот, или е утепан од возење, или нешто му фали. Моја претпоставка.
Од се што сум видел сеа, глеам дека нема добра/голема/штедлива кола за евтини пари :) Ја открив Америка.:D
 
Хахаха епа нема знам, јас кога купував не гледав најефтината на пазарот туку таа што ми направи мерак и беше меѓу најскапите половни
ај ѕирни овде
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/883822?searchID=1056632&Idx=85
 
Не е лоша корсата, ја гледам одамна ја продаваат, беше негде 2900, па 2750, 2650.. еве сеа 2450.
Не е скапо ни сеа а ни тогаш за неа, ако е со тие км. Могуче да има слаб интерес пошо е со три врати и 1.4 е.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom