Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Кои лоши последици може да ги имам доколку ставам 195-50-15 бандажи со гуми наместо стандардните 165-70-13 ... на опел корса 1.0 12V
ќе има ли зголемена потрошувачка и колку отприлика? и дали ќе страда потпирањето ово-оно?
 
Потешко се врти волано, се зголемува потрошувачката и че те лажи километражо.
 
А и ке ти закача на рабови
 
стубот помеѓу предна и задна врата :)
абе не е стуб тоа бе... плех обичен е, украсен плех така се вика... стубот е одоздола, под него... не е ова југо или стоеден или па лада па стубот да е лим свиткан од надвор и офарбан со истата боја на колата...
 
Могуче, има логика, мада кај мене гледам како стуб да е, шознам, whatever, ако тоа стасало да е гужвањац тури и пепелот :)
 
Потешко се врти волано, се зголемува потрошувачката и че те лажи километражо.
Што има врска киломтеражата ако тркалото е со ист дијаметар?

Инаку, ставање 195ка гуми на 1.0 мотор ми е малку безвеза... Веројатно, покрај зголемената потрошувачка, би имало и намалување на перформансите - додуша не би знаел колку би било приметливо тоа.
 
Ќе има зголемена потрошувачка и намалување на перформансите.Имаш поголема површина поради пошироките гуми,а поголема површина значи поголем отпор од земјата поради што ќе ти треба поголема сила за да се придвижи автомобилот.За да произведе повеќе сила автомобилот треба да ги зголеми обртаите што води до зголемена потрошувачка.Друг недостаток е тоа што и тркалото ќе има помал дијаметар (ако точно пресметав) што е уште еден минус.
Плус кај овие нови тркала е тоа што ќе изгледаат фенси и во зима ќе имаш помал проблем со мраз.
 
Значи да не се зебаам со 15ки :pos: фала
 
Кои лоши последици може да ги имам доколку ставам 195-50-15 бандажи со гуми наместо стандардните 165-70-13 ... на опел корса 1.0 12V ќе има ли зголемена потрошувачка и колку отприлика? и дали ќе страда потпирањето ово-оно?
Погоре ти спомнаа, ама не докажаа добро...
Околу возните својства : со ниски гуми (55) ќе имаш многу потврда вожња, особено на асвалтот шо го имаме измеѓу дупките.
Околу потрошувачката, незначително е... на Нивата јас имав турено 225/70 R 15 гуми, а оригинално возеше 165-ки, па немаше голема разлика. За 2 цм во ширина, нема ништо да осетиш.
Е околу страдањето на потпирањето, тука е дискутабилно. Поради намалената абсорбција на ударите, наместо на гумата се ќе се пренесува на предницата... мада опелите се познати по добри предници шо ретко паѓаат (барем на кадетот кај мене е така, јабучица/чаура неам сменато од ко го зедов, а има поминато над 70.000 со 195/55R15 гуми).
Ако одиш со големината шо ја наведе погоре, од страна на шасија единствен проблем можи да ти се јави кога предните тркала се измотани до крај во лево или во десно можно е да стружат во некој дел, мада најчесто широките бандаши се на дистанцери (екстра ширината оди надвор) па 99% дека нема да имаш таков проблем ако наместиш опелски оригинални.

Друг недостаток е тоа што и тркалото ќе има помал дијаметар (ако точно пресметав) што е уште еден минус.
Грешно пресмета...

pecification Sidewall Radius Diameter Circumference Revs/Mile Difference
165/70-13 4.5in 11.0in 22.1in 69.4in 913 0.0%
195/55-15 4.2in 11.7in 23.4in 73.7in 860 6.1%

или во превод за 6% се повисоки 15-ките. Мислам дека максималното одстапување во дозволените рамки е до 5% така да ако оди со 185-ки ќе биди во ред.
 
Дали е легално во МК затемнување на сите стакла на автомобилот?
 
306670_389202724437750_100000440780020_1251955_812283695_n.jpg

на хаубата тоа белото како платно што е мислам штитник го викаат ... епа прашањето ми беше каква функција има и одприлика колку пари е
 
Дали е легално во МК затемнување на сите стакла на автомобилот?
На претходната страна (поточно 436), првиот пост, е со одговор за ова прашање. Користете ја малку почесто опцијата за барање во тема.
--- надополнето: Apr 21, 2012 4:08 AM ---
Дечки, абе ми се замаглуваат стаклата ептен у пм. Нон стоп е замаглена колата, не за друго, коа доаѓам дома комшиите увек чудно ме гледаат... :) Чаре? За Фиат Браво се работи.
И мене ми се случува ова на Астра 1.4 од 95та. Само јас имам приметено дека многу почесто ми се случува ова кога е влажно времето (врне или врнело), кога е суво не ми се случува мислам. Ми губи и вода моторот па ставив од оноа средството за ладњаци, имаше малку ефект (вода не губи толку многу, ми губеше некои 200-300мл на 2-3 месеци, на толку време проверувам :))), а сега некои 50мл на 2-3 месеци) ама пареата си остана. Иритира МНОГУ, башка што ич не е безбедно возењето. И мене ми кажаа дека најверојатно е до некое казанче, ама уште немам проверено. Е сега, јас клима немам, така да јас летово ќе бидам раат, а ти мисли му ја :))
 
Една информација да ми дадете за патување во странство, пример Грција што документи треба да вадат освен зелен картон, некој ми спомна требало дозвола за управување на туѓо возило во случај возилото да не е личнo сопственост дали е стварно вака?

И дали мора да се вади меѓународна возачка дозвола или може да се вози со новите дозволи?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom