Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Оваа Алфа е првата верзија, а мојата е редизајн. Но бидејќи мојата нема завеса...тешко дека ова би имала

На дијагностика ја имам однесено еднаш....ми појави грешка во возење, која се испостави дека е од МАФ сензорот поради грешно отчитување. Го избриша и сега немам никаков проблем. Но и тогаш све си беше Ок, освен што покажуваше грешка на дисплејот

Воглавном во скоро 4 години сум немал скоро никаков проблем, освен промена на греачи, која се испостави дека е релето...не греачите.

35 000 имам поминато......скоро без проблеми
 
Side curtain airbag тие странична завеса...е сеа дали има или нема твојата не знам, можда е до пакет до опрема.
 
Треба повеќе да ја возиш на отворено и да не менуваш брзини на 1500 вртежи, туку пушти малку срце убаво да врти моторот на 2500 до 3000 вртежи да се менува.
Вакумот на EGR-от бил дупнат и не е можел да го отвори, го сменив вакумот пола саат машко возење и сега нема проблем, ви благодарам на помошта
 
Проблемот ти е механички. Оди на бошиста да се измери компресија, да се провери тандем пумпата и дизните. Овај проблем е околу усисниот дел. Незнам каков е звукот на моторот но можно е и да заглавува геометријата на турбина. Ако можиш снимај видео за да видиме подетално.
Само за информација, некни бев на мајстор и излезе дека трокирањето било поради проблем со инсталацијата на првата дизна.
Ја среди инсталацијата и сега нема проблем. Фала за одговорите и да кажам дека погоди дека моторот на три клипа работел :) Поздрав!
 
Вчера приметив дека кога ми е пуштена климата колата многу помирно работи (како бензинец), буквално не се осеќа дека работи.
Кога ќе исклучам клима, почнува мало тресење/вибрации на местото околу воланот. Иначе се работи мотор 1.6tdci. Може да е до каишот или затегачот?
 
Само за информација, некни бев на мајстор и излезе дека трокирањето било поради проблем со инсталацијата на првата дизна.
Ја среди инсталацијата и сега нема проблем. Фала за одговорите и да кажам дека погоди дека моторот на три клипа работел :) Поздрав!
Bitno se sredi i pomina so polesno. Uzivaj sega vo vozenjeto :ojeaa:
 
Вчера приметив дека кога ми е пуштена климата колата многу помирно работи (како бензинец), буквално не се осеќа дека работи.
Кога ќе исклучам клима, почнува мало тресење/вибрации на местото околу воланот. Иначе се работи мотор 1.6tdci. Може да е до каишот или затегачот?


Или затегачот на каишот или пак ременицата главна. До самиот каиш не е.
 
Центрирање, каде? Овде локално се е џврчки. Ми препорачаа или Охрид некој сервис Номче или Ск сервис Мето. Искуство некој?
 
Здраво дечки. Пред година ипол негде праев голем сервис, каиши, водна пумпа и летово приметив дека затегачот малце мрда лево десно и малце го имаше поткинато пк каишот иако беше само година и нешто стар. Купив нов каиш и земав нов затегач за да не ми го скине и новиов каиш. Се на се, ме фати околу 4000 со работна рака, inna затегач. Коа ја земав колата од сервис, отварам хауба (дома) глеам пак си мрда лево десно.. после некој ден бев до кај сервисот да им кажам. Вика па не е океј, ама не е страшно. Глеј ја од време на време. Сеа муабетот е дека не дадов ја 4000+ за пак да ја пазам и да проверувам да не се скине каишот или почне да тропа. Ќе ставам видео сеа, па ако некој има идеја да ми каже што би можело да биде. Се работи за голф 6, 1.4 бензин.

Сепак не може да се стави видеото, доколку некој е заинтересиран може да го испратам у дм.
 
Барај си по спецификации и гледај да биде aprooved за тој мотор, никако meet the criteria :)
А Тоталов што пишува за Тојота е во твоево "aprooved" или "meet the criteria"?
 

Attachments

  • IMG_20211203_001820.jpg
    IMG_20211203_001820.jpg
    124 KB · Прегледи: 30
А Тоталов што пишува за Тојота е во твоево "aprooved" или "meet the criteria"?
Ако пишува meet the criteria значи дека французите сметаат дека ги исполуваат условите на тојота, додека тојота за тоа нема дадено никаква изјава.

Доколку тојота кажала дека тоа и тоа масло на тотал ги исполнува критериумите тогаш ќе пишеше aproved.

Тоа meet е манипулативно зборче.
 
Абе леонов го напраевте ко спејс шатл да е, сигурно и пред да биде увезен вака се мислеле какво масло да му стават, еднаш на 30 000 км :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom