Здраво мајстори, паталци и гаталци.
Имам специфичен проблем со колата, се работи за Ford Focus 1.8 TDCI Mk1 2002г.
Симптоми:
Секое сабајле кога ја палам колата, потешко пали и кога ќе запали трокира и испушта бел дим.
Е сега, се е така додека не загрее. Откако ќе загрее колата работи како саат! Можам и до Будимпешта да ја возам, нема да пројави проблем.
Бев кај двајца маалски искусни мајстори, тие индицираат на дизни!
Бев во BOSH сервис, специјализиран за дизел, тие ми велат дека дизните ти се ОК (дури и ми покажаа на тестер), но извадија примеротк од нафтата и не можеа да утврдат дали се работи за нафта или нешто друго. Се сомневаа дека сум ставин нешто +. Значи ништо од +сот и 99% откако ја имам купено (пред точно 2 години), нафта ставам од
Lukoil - Ecto Diesel!
Како и да е, не ми е јасно како може дизна или лоша нафта да прават проблем додека колата е ладна, а откако ќе загрее, како ништо да не било???
Доколку имате некое вакво искуство споделете или ако познавате навистина добар, искусен и проверен мајстор за овие типови на дизел мотори, да ми препорачате?
Поздрав!