2 прашања:
1. Која кола со бензински мотор, до 4000 еур би ја препорачале за просечно македонско семејство (со 3 член на пат), кое најзначајно му е безбеден и удобен превоз од А до Б со добар баланс помеѓу перформанси, потрошувачка и одржување. Годишна километража околу 5-6000 км.
2. Дали можеби како втора варијанта е добар избор Тојота Корола, пример 2005-6 со дизел 2.0 Д-4Д, читав дека овој модел со овој мотор се исклучително издржливи коли. Луѓе поминале и по 200-250 000 км без никакви посериозни проблеми.
П.С. 5 години се вози голф 4 1.9 тди 90кс од 98-ма и мислам дека се ближи време да се збогуваме со оваа кола, а најмногу поради тоа што ќе ни фали клима во иднина.