- Член од
- 11 ноември 2015
- Мислења
- 304
- Поени од реакции
- 118
Драги кајганџии,
Имам Опел Корса Ц Есентија 1.2 на бензин - година на производство 2004. Можеби звучи претерано бизарно, меѓутоа после две и пол години му дојде време и на моторното масло да го менувам. Знам дека сум за карање
бидејќи изминал толкав период, но, исто така, сакам да потенцирам дека колата навистина не покажува никакви проблеми - со други зборови „стегната“ е во секој поглед, ниту пак е возена премногу (главно за семејни потреби, односно два до три пати во месецот и тоа не повеќе од 30/50 км)... Па според тоа, неколку битни прашања ми се наметнуваат во себе. Како прво, дали постои можност од настанување на големи проблеми од долгата употреба на старото моторно масло (се уште вискозноста му е на солидно ниво, а бојата му е потемна - мислам темно-кафеава)? Како второ и многу битно прашање за мене, каков вид на моторно масло да употребам за да го менувам (претходно „сервисерот“ ми ставил полусинтетичко LOTOS 10W40, иако - сметам дека дебело ме зафркнал - сметам дека треба да му се стави синтетичко масло бидејќи по кажувањата на неколку специјализирани странски форуми, како и од некои мои пријатели кои работат на бензински пумпи, доколку автомобилот е произведен од 2004 па наваму, треба да користам синтетичко, но, исто така, и на опеловиот прирачник пишува дека му е ставено од фабриката SAE 5W30)? Во секој случај, направив доста истражувања на Интернетов и побарав мислење и од „поискусни“ пријатели, меѓутоа сепак решив да побарам експертиза и од Ваша страна.
Секакви укажувања, насочувања и друг вид на препораки се добредојдени
Однапред благодарам за одвоеното време!
Имам Опел Корса Ц Есентија 1.2 на бензин - година на производство 2004. Можеби звучи претерано бизарно, меѓутоа после две и пол години му дојде време и на моторното масло да го менувам. Знам дека сум за карање


Секакви укажувања, насочувања и друг вид на препораки се добредојдени

Однапред благодарам за одвоеното време!