- Член од
- 12 јули 2011
- Мислења
- 873
- Поени од реакции
- 427
Онаа перката внатре, имала доста луфта за разлика од нормалното. Незнам каков тип на турбина, ваљда доколку се разбираш за SEAT Cordoba 1.9 TDI. Онаа половната имала возена околу 120.000 km...
Која генерација на Кордоба ? Колку кс ? Ако е 90кс тогаш има турбо со фиксна геометрија, а ако е 110, 116 или 131 тогаш има турбо со варијабилна т.е. променлива геометрија ... Сеедно, ти кажувам јас што би направил во таков случај со турбото... Ама ајде биднало, и со повеќе к'смет да си ја возиш откако ке ја средиш ...[DOUBLEPOST=1437940223][/DOUBLEPOST]
Разгледувам коли за купување и ме интересира што е разлика меѓу клима и климатроник?
Клима = ке почекаш малце до дека почне да лади/топли
Климатроник = одма лади/топли
Нема врска брзината на ладење... И кај двете штом ке го притиснеш копчето за клима веднаш се уклучува компресорот и почнува да го врти фреонот и да лади ... Разликата е чисто во командите и начинот на операција ... Кај мануелната клима имаш само копче за уклучување и исклучување и потенциометар за регулирање на температурата и брзината... Кај климатроникот сето тоа се регулира автоматски и со копчиња плус имаш дисплеј и можеш да го подесиш на конкретна температура ( од 18 до 29 степени ) ... Башка кај VW групацијата ( можби и кај другиве, но не сум видел ) на климатроникот имаш и мени за дијагностика, односно скриено мени каде што можеш да ги видиш отчитувањата од секој сензор што се наоѓа во возилото ...
Последно уредено: