Совети околу мотоцикли

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Јас од таму го земав кивејот ... не ми се лупа толку кеш за априлиа :)

Ти што моделче сакаш ? Sr-r 50-че или ? тој ти е 2500 еври со новите шари

Не е за мене брат за еден мој добар другар е...Имал порано кинески ама не му го виде ајрот па сега сака некој поквалитетен...Гледавме и на еден мк сајт кивеј матрикс за 83 000ден и тој му правеше кејф па не се знае уште што ке одбере.И да важно е дека другарот сака да земе мотор на рати дека толку пари во кеш нема...така да ако некој од фирмиве дава на рати уште поубаво ке биде :)
 
Матриксот е толку 1400 евра, ф-акт е 1100 евра ... има и Sym и други марки што се поефтини од априлиата ... априлиите се ептен скапи

И јас имав пред овој кинески ама ептен се катастрофа кинеските гомца :)
 
да ме фати полиција на автопат со 50 ка скутер ке ми пише казна?
 
49 Кубика дали треба да се полага или нема полагање ??? Сајлава на километражава ми се скина,а моторот ми е сеуште под гаранција 500км има поминато...Дали сајлава ми ја даваат они или треба да си купам ја сајла,а сервисот да биде само бесплатен ?
 
Ако имаш положено за кола не треба да полагаш ... а за сајлата не верувам дека ќе ти ја прифатат под гаранција, како и да е отиди во овластениот сервис и прашај ги
 
Meiduo YB150T-15..нешто да прокоментирафте за моторчево? И ако знае некој, 2006 кога испаднале колку биле на ново? И колку се сега наново?
 
Нови околу 500-600 евра горе доле ... на старо околу 300 може и помалце ... типично кинеско моторче
 
Иам гледано видеа како е можно Keeway Matrix да се направи 90+ да оди, кит има или нешто друго е ? И бидејки не се разбирам во кит-еви и такви работи дај објаснете што е предноста освен брзината и кои се негативни страни, дали повеќе/колку троши, колку чини да ставам кит итн. Или кажете (ако има) и некои други работи кои ќе ми помогнат за зголемување на брзината.
 
Фрли го од авион... ќе оди 10 метри во секунда. Шега на страна, фул кит ќе те кошта 300-500 евра. Тука станува збор за промена на радилица, клип, цилиндар, декла, карбуратор, варијатор.... И на крај доаѓаш до моментот дека ладењето на моторот е недоволно (ако го форсираш ќе го прегрееш), сопирачките се дизајнирани за помали брзини и векот на траење им е намален...

Да не ти споменувам дека скутер е велосипед со мотор наменет за превоз на еден човек од точка А до точка Б со брзина не поголема од 50 км/ч и релација не подолга од 20 км. Што значи ако сакаш нешто побрзо, купи си моторцикл. Не прај од невеста баба. Toa ти е мое мислење.
 
Не вреди друже да се замараш да му ставаш кит ... има фулл кит од 80 кубика и скап е некаде 300 + евра, секако повеќе ќе троши бензин ... тебе ако ти е стандард може да ставиш Gianelli Carbon ауспух + ролни потешки (за крајна брзина) федерчиња, електроника и слични поефтини работи ...
 
Фала, така и мислев само пак да си прашам... сепак таман ми е не ми е за некои големи релации ама мислев ако може нешто плус оти да не :)

Фала за одговорот друже, само колку би ме коштало да ставам тоа што кажа Gianelli Carbon ауспух + ролни потешки (за крајна брзина) федерчиња, електроника одприлика ?
 
Јас прашував за мојот Keeway F-Act (focus) што ја носи истата машина од матриксот, има ауспух таков спортски Gianelli Carbon поскапиот модел сосе монтажа и ролни gianelli околу 8500 денари ... + ти се тука некои ситни работи како федерчиња, ситни додатоци во машината итн ... мене не ми се даваат 8500 за ауспух ама ич :)
 
Ми треба помош околу скутеров пред некој ден се лизна од обичните ногарки што е и го скршив стаклото на ретровизорот и задната кочница (рачката) ми е напукната. Ме интересира дали се продаваат готови такви стакла за ретровизори или треба да се направат специјално за тоа, и дали е можно и како тоа напукнатото што е да го направам некако или нова да зимам ?
 
За почеток пиши што скутер имаш :) иначе ретровизорите не се скапи и обично одат во пар, не се крои стакло и не верувам дека се продаваат само стакла + како би можел да направиш скршено стакло/огледало ? :) ... и рачка земи си нова да не ти остане во рака ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom