Совети околу мотоцикли

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Заинтересиран сум да земам вакво кинезче.Што е подобро 2-тактно или 4-тактно?Цената е иста околу 850-900е.Најнов модел е(мислам дека копија на најновите модели на априлиа),произведен април месец.

181651_193013234053380_135057803182257_576328_3190692_n.jpg
 
види вака... со четворо-тактниот имаш помали главоболки одколку со двотактниот... зашто? па на двотактниот треба редовно да проверуваш ниво на двотактол, стално да му дотураш, понатака почесто се замастува свеќица и повисока работна температура има... четворотактниот му фаќаш ред на секои 1000 километри по литро масло и капата на страна за цело време. понатака двотактниот треба да го грееш во место барем 2-3 минути инаку за брзо време му ја еба кариката и цилиндарот, додека четворотактниот палиш, зимаш ваздух 2-3 пати (10 секунди) и тргаш одма и слободно. АМА....!!!! четворотактниот има скоро половина помалку снага од истата кубикажа на двотактниот а богами и повеќе троши. на пример 50 кубика двотактен, фабрички може да тера до 80 км на час и да троши околу 2,5 литри максимум додека четворотактниот од 50 кубика ке иде едвај 50 на час и ке троши помеѓу 3 и 3,5 литри на 100 км. и тоа ако се е во ред со карбурација ово оно, а ако нешто се ебне е тогаш идемо даље. понатака, незнам кај живееш, но ако си во некој град кој е целиот со угорнини и удолнини, двотактниот ке те извлече било каде, додека четворотактниот на некоја појака угорнина може и да не успее да тргне... цело време дискутирам за 50 кубика. за над 50 кубика (на пример 125 или 150) и четворотактен ке отиде сегде и по секоја угорнина, а парадоксот е тоа што на пример меѓу 50 кубика и 150 кубика на четворотактниот разликата во потрошња е само пола литар гориво. е ама и возачката е различна нели....

е сега ти одлучи се што ти е потребно помеѓу овие 2 типа, т.е. кој параметар ти преовладува повеќе, за што ти треба, кај ке се вози и после одлучи што сакаш. друго незнам што да додадам, можеби некој друг би сакал да додаде некоја разлика... џиш, фолци, боки или било кој...? ај да собереме информации на луѓево за престојнава летна сезона 2011... лето господово, 11-то во овој век
 
Onak да не си грешка ? јас знам дека 2 тактен троши повеќе од 4 тактен
 
Onak да не си грешка ? јас знам дека 2 тактен троши повеќе од 4 тактен

обичните скутерчиња кои се изедначени по снага не... а за спортските на пример, како априлија, двотактен од 125 кубика да речеме знае да троши и до 8 литри... ви текнува на џокчињата на времето? демек 50 кубика беа... имаше до душа и од 50 кубика ама претежно беа 80 кубика ама пишани 50 т.е. 49... тие трошеа околу 4 до 4,5 од тука можда муабетот дека двотакните трошат повеке... вие не знаете какви превари се прават со кубикажата... зборам од страна на кинезиве не од нашиве... некој негде спомна дека 150 кубика биле нај контраверзни... едни иделе како метак, други иделе како полжав... е па тоа е зашто бутаат се и сешто и можам да кажам дека 1 од 4 е стварно 150 кубика... 2 од 4 се 125 кубика и 1 од 4 е појак од 150 кубика... јбг, кинези се тоа... и од тука иде контроверзноста за различните, ама стварно глемите разлики во потрошња....
 
Јамаха 125 2Т без газење трошеше 9 литри. Со газење 12 литри. Макс 140 км/ч.

Асален кинески 150 4Т без газење 4 со газење 5 литри максимална 120 км/ч.
 
е сега ти одлучи се што ти е потребно помеѓу овие 2 типа, т.е. кој параметар ти преовладува повеќе, за што ти треба, кај ке се вози и после одлучи што сакаш. друго незнам што да додадам, можеби некој друг би сакал да додаде некоја разлика... џиш, фолци, боки или било кој...? ај да собереме информации на луѓево за престојнава летна сезона 2011... лето господово, 11-то во овој век
onaK фала на обемното инфо.Моторчево Че се вози низ Прилеп не планирам подалеку да го шетам.Битно ми е снагава моја од 115кг да ја носи и чат пат + уште 1 снага(чоек) да се качи на скутерчето :) . Е сеа што би ми препорачал ти/вие 2т или 4т 50сс.Конкретно за овој модел погоре што го постираф на сликата сум заинтересиран.(знам,бот сум на ова тема,не ме интересирала,ама дојде време да ми затреба моторче :) ) Или пак , некој ако има предлог за скутерче одприлика за оваа сума ( 800-900 ) нека препорача .
 
Јас би ти препорачал 2 тактно ... а за тие пари може да земеш Keeway F-Act nkd, јас имам racing 2 тактен, тој нкд е без пластики на воланчето и исто за тие пари некој кимко агилити или сим помалечок модел

keeway-f-act-nkd-50.jpg

kymco_agility_50.jpg
sym_fiddleII125.jpg
 
onaK фала на обемното инфо.Моторчево Че се вози низ Прилеп не планирам подалеку да го шетам.Битно ми е снагава моја од 115кг да ја носи и чат пат + уште 1 снага(чоек) да се качи на скутерчето :) . Е сеа што би ми препорачал ти/вие 2т или 4т 50сс.Конкретно за овој модел погоре што го постираф на сликата сум заинтересиран.(знам,бот сум на ова тема,не ме интересирала,ама дојде време да ми затреба моторче :) ) Или пак , некој ако има предлог за скутерче одприлика за оваа сума ( 800-900 ) нека препорача .

Совет од (можеби е нескромно да кажам, ама факт е дека сум овде) еден од најискусните:

1. Со телесна тежина од твоите 115 + совозач со просек од 70-80 Кгр, не мислиш ли дека бараш премногу од скутер со работна зафатнина до 50 ццм? Не двотактен, туку и ракетен погон да има едвам од место ќе мрдне, а и ако го прави тоа, нема да го прави за долго без оглед за каков квалитет се работи за тоа што ниеден производител не предвидува толкави оптоварувања(овие кои ти ги спомена се екстрмно големи за таа кубикажа) за скутер со мотор чија работна зафатнина не надминува 50 ццм! За тоа колку ќе страда и трансмисијата, поарно да не зборувам но замисли дека на пр. се обидуваш со врвки од патики да шлепаш комбе.
2. Точно е дека двотактните варијанти се поснажни, побрзи...но со тоа оптоварување ке имаш и барем двојно поголема потрошувачка од онаа што би ја имал во нормални услови. Приказната дека ќе поминеш со 2,5-3 литри на 100 Км заборави ја зашто со терет од речиси 200 Кгр на скутер од 50 ццм ќе има мачење да се постигнат вртежи и брзина.
3. Ако веќе сакаш да минеш евтино за превоз на 2 тркала, подобро размисли за поголема работна зафатнина иако можеби ќе ти треба полагање за а „А“ категорија. Трошокот околу полагањето финално ќе ти се исплати зашто на пр. токму поради потребата од посебна категорија поголемите работни зафатнини чинат поевтино, а доколку набавиш на пр. 125 ццм како 4-тактна варијанта во тој случај ќе имаш и машина која повеќе ќе трае а и оние 2,5-3 литри на 100 км ќе можат да ти бидат реалност.
 
Убаво ти вика Мандрак... 50 кубици < 100 kg + угорнина. За двајца, не ни помислувај. Не го бива.

Братми има веспа 150 кубици (јас му ја возам за низ град по потреба), ама е каде каде подобра од 50цц. Има ролни за старт, максимална околу 80 за низ град е доволно, ама затоа има солидно забрзување.

Е сега зависи колку имаш искуство со возењето, мада јас не би дал пари за кинеско срање со 1 цилиндар... наредно што ќе се дотркала дома ќе биди 2 или 4 цилиндри и дефинитивно нема да биди кинеско. Остај децата шо се лажат, кинеските биле исти со Honda/Aprilia... ко ќе си го видам тилот без огледало.
 
Важно ми е да ме тера мене скутерчево со мојве кг ( со тенденција на опаѓање :) ).Значи тоа нафрлено беше чат-пат 2ца да се воза на моторчето шо незначи нон-стоп(ваљда нема таксист да изигравам).Дали че ме крепи/носи вакво едно кинеско моторче/скутерче низ град угорници/удолници ?Најмногу ми треба да неодам пешки на локацииве кај што треба да фотографирам и да не влечкам на раце апарат и разни срања или пак по такси да давам пари. И во дилема сум 2т или 4т :) ? 50сс ради шо не треба возачка,затоа не сум за посилно.Да земам 150сс че треба и возачка и по ми се исплати едно количе да си земам.
 
кога си кажа за што ти е, за што ке ти служи, и делот со возачката, значи јас да сум на твое место би зел 2Т 50цц и крај на муабетот...
 
една молба до сите ако може да ми кажете нешто во врска со моторчињава сакам да земам ама да биде 50 кубика и оноа најбитно мераклија сум на џог 2 или 3 па ако знаете некој што продава да ме известите или тука или по порака
 
Стари и малечки се многу, језда изджливи и се тоа ... еве еден што го продаваат

http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=...nNp0DphIEQib4m1 yuTuNBNNGEhpRbChx1JUWS7amGVBf
 
најдов по воа странициве ама многу ретко нешто салам да видам се нешто пред распаѓање еве едно навидум зачувано но тв е табличката и ќе треба да го пререгистрирам и тоа колку пари е нова табличка ?
http://www.pazar3.mk/Listing/Detail/Index/296829?Idx=1
 
Ne znam sto se ispoisplasile lugjevo okolu polaganje za A?
A be, bez ogled dali nekoj vozi 50 kubika ili 1500 kubika itn poarno e da si zemete eena vozacka A kategorija ionaka dve godini ke nema da smeete pojke od dvajstina konja da terate legalno.
A plus od 50 kubika moze nekomu ke mu se prisaka pojaka masina i posle cvrc, nema.
A so A kategorija si teras i malo i golemo i takvio ne ti cue.

Onja prilepcaneco so 115 kila neka ne stava nikoj ni na dvo ni na cetiritaktno oti i so nego ke prdi i se maci.
Ja na mojon ako stavam nekoj kolku mene ne se maci ic deka e mokjna masina, ama ne e najubo, a mozam da zamislam na pomal, kamoli na peesce.

Polagajte be. Zemete nesto normalno za von grad, a za niz grad veke i peesce e ko za
decinja mali, bar ja bi se nerviral koga bi mi prdelo max 50-80 km na cas.
Ne gleam keif u potprdnuenje so 50-60 km pa neka e i vo mal grad.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom