Совет за нова конфигурација

  • Креатор на темата Креатор на темата Princ
  • Време на започнување Време на започнување
[MkD]Scout напиша:
Мислите ли дека следнава конфигурација ке биде доволна за ова погоре наведеново?
cpu: AMD 3800+ 64 2mb cache 939 pins BOX
MB: AM2N амд матична..Амд чипсет 939 pins
ram: 1Gb DDR II 667Mhz Kingston
VGA: Geforce FX 6600 512Mb PCI-express
HDD: 300Gb Maxtor
Power: 600 Wats ultra silent

Ваква ознака обично имаат плочи со So. AM2, не 939. И AMD не прави ниту матични ниту чипсети (освен ако се земе во предвид што го купи ATI, па нивните чипсети ги нарекува AMD). Процесорот не ти подржува DDR2 и воедно ако плочата е со So. AM2 не се компатибилни, така да провери убаво. Друго јас би земал минимум 7600GST ако склапам нова графичка, 6600 е веќе стара графичка

Dzish напиша:
Не си зел во предвид на што вртежи е HDD-то. Гледај да е SATA2 на околу 7000 (незнам точно колку беа дали 7200? пази да не те заебат има и со 5400 исти се ама овај е каде каде побавен) а ако имаш појке кеш барај и на повеќе (има и до 10.000) ама се поскапи. Види и баферот колку MB е. Има со 8 (овие SATA1), а SATA 2 мислам дека сите се со 16 MB.

Помина времето кога имаше и 5400 и 7200, десктоп HDD. Сега сите (барем јас што имам видено кај нас) се со 7200rpm. А за кеш меморијата, ретки се тие со 2MB.
 
[MkD]Scout напиша:
Мислите ли дека следнава конфигурација ке биде доволна за ова погоре наведеново?
cpu: AMD 3800+ 64 2mb cache 939 pins BOX
MB: AM2N амд матична..Амд чипсет 939 pins
ram: 1Gb DDR II 667Mhz Kingston
VGA: Geforce FX 6600 512Mb PCI-express
HDD: 300Gb Maxtor
Power: 600 Wats ultra silent

Скаут а колку кошта оваа конфигурација си видел ли ?
 
Процесор : Intel Core2Duo e6300
Графичка: Ati Radeon X1950 XTX
Рам: 1 GB 677 mhz
HDD: 160 GB 7200 rpm
Напојување:500 W
E сега чекам уште некоја добра матична да ми препорачате со конфигурацијава и ке биде супер
 
1. Тие 400 евра шо ке ги фрлиш на графичката стај ги у џеб.
2. Извади 30 евра од тој џеб и земи процесор Е6400 место Е6300.
3. Извади 100-120 евра од тој џеб и место 160гига хард, стај 2 комада од по 250гига у РАИД 0.
4. Извади го напојувањето од кукиште и фрли го.
5. Извади од џебот 60евра и фрли ги на бренд 500-600 ватно напајање, верувај ова ти е најважната компонента у компјутерот.
6. Извади уше 10-20 евра од џебот и место 667мхз земи 800мхз рам
7. Сето тоа погоре акни го на матична со 965 чипсет од Гигабајт, МСИ, Абит или Асус. (Не ти рачунам пари од џебот овде, извади од новчаник)
8. Со 180те евра шо ти останаа у џебот ке земеш некоја шит графичка за 30 евра а останатите 150 ке ги стаиш у касичка и ке чекаш април-мај да излезат евтини ДХ10 графички и ке си земеш една за 200-220евра (дур чекаш месец-два, тие 150 ке станат 200)

Нека ме исправи некој ако грешам.
 
Sephiroth убаФ тој на мајка :helou:
се е ок со ова погоре наведеново ама како не те мрзеше ваква темелна
анализа да напраиш :)
 
CPU CORE 2 DUO 2.4 LGA775 4MB 1066MHz
Ден.15.320,00
MB Epox EP-5P965-J i965p s775 PCX
Ден.7.150,00
HDD 320GB Hitachi SATA-2 HDT725032VLA360
Ден.5.420,00
DIMM 1GB DDR2 800MHz CL5 Kingston
Ден.6.160,00
DIMM 1GB DDR2 800MHz CL5 Kingston
Ден.6.160,00
Sapphire ATI PCX X1650 PRO 256MB DDR3/TVO/ DVI
Ден.7.550,00
UPS PowerCube-PowerCom 1000VA w/AVR, Advanced
Ден.6.950,00

Ставам уште 5-6 илјади за глупости (мауси, куќишта, напојување..)..

Сакам да земам и два ЛЦД поставени еден до друг (вертикално поставени), немам цена за ова.

Иначе ми треба за развој (уклучени се хттп сервери (апачи, томкет), флеш, еклипс, фотошоп, илустратор, 2-3 прелистувачи (опера, ИЕ и ФФокс), и евентуално уште некој позахтевен програм ама поретко - 3дМакс). Ова што го наброив секојдневно го користам, и сите се отворени во исто време.

Дали да одам со ваква конфигурација? Или нема потреба за нешто од овде?
 
Се` од Anhoch?

* Процесорот е нај-нај.. супер цена, супер перформанси.
* Не вреди да одиш со 800MHz меморија.. плаќаш 100% повеќе во однос на 667MHz (исто Kingston), а сигурно не добиваш 100% повеќе перформанси, па ни 50%. За цената на 1GB 800MHz Kingston, добиваш 2GB 667MHz Kingston, без голема разлика во брзина.
* За ова не сум толку упатен, ама на графичката има само еден DVI слот, така да не мислам дека би можел да возиш 2 LCD монитори на неа.. слободно нека ме поправат поупатените, ме интересира ова.

Многу слична конфигурација и јас направив деновиве, со тоа што одбрав Inno3D 7900GS како графичка. Сега уште да ограбам некоја банка.. :)

edit: x1650XT има 2 DVI, исто како и таа ја спомнав. Во врска со мониторите, имаш од 19" за 200 евра, до 22" за 300 евра.. зборам за прифатливи, човечки цени, не 17" за 400 евра со не-знам-какви можности што не ти значат ништо :)
 
P.Overdrive напиша:
* За ова не сум толку упатен, ама на графичката има само еден DVI слот, така да не мислам дека би можел да возиш 2 LCD монитори на неа.. слободно нека ме поправат поупатените, ме интересира ова. x1650XT има 2 DVI.
Абе ќе може да поврзе 2 ЛЦД монитори бидејќи со секоја саглам графичка иде VGA-DVI адаптер. Само незнам да не има загуби на квалитет.
vga_dvi3.jpg
 
Jane напиша:
Абе ќе може да поврзе 2 ЛЦД монитори бидејќи со секоја саглам графичка иде VGA-DVI адаптер. Само незнам да не има загуби на квалитет.
vga_dvi3.jpg

Епа тоа ми е муабетот.. ако поврзуваш LCD преку VGA, тогаш зошто ти е LCD монитор? :)
 
таква мн слична конфигурација мислам и јас да земам.за рамот немораш да зимаш Kingston,и Apacer се супер,а и се третина поефтини.И би ти препорачал место hitаchi да си земеш WD.
 
Фала на совет, и јас прво така помислив кога ставав рам, ама помислив ај 800 нека биде. Најверојатно ќе симнам на 667.

За графичката исто. Ќе барам со два излеза.

А за кога ќе ја купам конфигурацијава... еве сега гребам грепки :)

Ама имам во план наскоро, само се мислам меѓу лап топ и оваа. А моментално имам п4 3.2 ГХЗ, 512 рам, 200 гб сата, 19ка ЛГ монитор. Само ми успорува во последно време, не е ко шо беше.
 
Што ми е подобро и поисплатливо диск од 250 или 400 гига?
Мислам на стабилност цената на страна
Зашто знам дека 400 гига има шанси побрзо да рикне башка ако имам 400 гига податоци на него и да ми рикне нема да биде убава слика...
Се некако ми иде за истите пари да земам 250 гб и уште еден Raptor 36 гб за Виндоусот :)
 
@Mac
земи си 250 wd,па кога ќе имаш пари пак уште една таква и врзи си ги во raid ако сакаш да чуваш податоци на "топтан" 500.И јас гледав raptor,kaj нас се ПРЕСКАПИ,ама ептен,а и за таа огромна тукашна цена надвор зимаш не 36 туку 150 раптор.Не си ги троши парите на толку брз хард,туку земи си топ графичка или уште рам.или ладење,или најнакрај чувај си ги,а ако сакаш еден хард за ОС доволен ти е било кој квалитетен SATA II.Бар ја така мислам.

@cYb3rc0re
јас сепак бите советувал да си земеш ддр800.И остај тоа лаптоп.И јас прво сакав лаптоп да купам,али кога видов како бричат кај нас и каков desktop можам за тие пари да зеам баталив.
 
.. а јас пак би мрчел против земање DDR2 800MHz.. фрлање дупло повеќе пари, за 3% поголем скор на некој banchmark програм, на страна тоа што без overclock меморијата нема да му работи на 800MHz. И 533MHz, и 667MHz, и 800MHz плочки по дифолт ќе работат на 533MHz во систем со Intel Core 2 Duo процесор.

Mac)) напиша:
Што ми е подобро и поисплатливо диск од 250 или 400 гига?
Мислам на стабилност цената на страна
Зашто знам дека 400 гига има шанси побрзо да рикне башка ако имам 400 гига податоци на него и да ми рикне нема да биде убава слика...
Се некако ми иде за истите пари да земам 250 гб и уште еден Raptor 36 гб за Виндоусот :)
Јас би зел 2х250GB.. може ќе излезе 20тина евра поскапо од една 400ка, ама се добиваат 100GB плус, и модуларност. Што мислам со ова.. ако имаш 1х400GB, и ако ти се заебе/треба да го носиш кај другар/бла бла, уствари ти нема да имаш компјутер додека не го вратиш. Со 2x250GB, можеш оперативниот систем со сите програми, игри/тракатанци да ги имаш на едната 250ка, а сите филмови и песни на другата.. така да кога ќе те замоли некој другар да му префрлиш 30GB порно на неговиот компјутер, ќе го извадиш вториот HDD, а компјутерот ќе може да продолжи да работи :)
 
Ај и мене совет ми треба за нов компјутер. Имам 2 варијанти во предлог. Intel или AMD.

1. Intel Core2Duo E6550 2.33GHz 4MB cache и ми рекоа дека ќе можам да го клокнам на 3.3 или 3.4GHz
2. Thermaltake Bigwater SE
3. ram 1 ili 2GB само незнам дали 677MHz или 800MHz
4. 500GB WesternDigital SATA2 16MB Buffer
5. за матична чекам ваш предлог, се мислам помеѓу ASUS, MSI, GIGABYTE. Повеќе луѓе ми ги посочија овие две GIGABYTE GA-P35 DS3 и GA-P35 DS4R. Ме интересира што е разликата освен тоа што DS4 имала подобро ладење и имала 2 биоса и еден PCI слот помалце а разликата е околу 40 евра поскапа. Па дали вреди да се земе таа или иста работа ќе заврши и послабата. Ако имате некој друг предлог за матична пишете па ќе споредиме.
6. DVD-RW само пишете предлог што марка да ставам.
7. Графичка ќе ставам некоја не многу јака зашто за година дена ќе ја сменам. Планирам да ставам 7600GS. или па да си стаам некоја од ефтините за од 8ца серија на џифорс за 70-80 евра наместо 7600гс.
8. Куќиште. Прво ми треба некое пошироко од стандардните зашто позади треба да го монтирам кулерот од воденото ладење (12цм е нентилаторот), потоа сакам барем едната страна да е транспарентна за да се гледаат цревата како светат и плус ке ставам UV неонка зашто така се препорачува за да се добие максимален ефект заедно со зелено флуоросцентната боја од течноста во цревата.
9. Напојување. Дали да ставам Delux 600W 12cm silent fan или да ставам некое од Cooler Master. Значи за некои 25 евра би купил делукс куќиште со делукс напојување, додека ако купувам кулермастер кукјиште со 5-600W кулер мастер напојување би ме коштало повеќе од дупло во цена, а мислам дека не би добил ништо повеќе или сепак да земам кулер мастер?

Втората варијанта е со АМД процесор. Значи се исто како горе, ќе ги напишам само измените.
1. AMD Athlon 6000+ 3000MHz со 2MB cache да не го оверклокувам
5. Матична за оваа варијанта немам одбрано али би земал некоја до кај 150 евра (набавна дилерска:)) исто така се мислам помеѓу истите 3 производители. Пишете предлог некој.

Сакам коментар за секој дел посебно што чини што не чини и ваш предлог таму кај што се мислам за некој дел или па нешто сосема друго ако имате да понудите пишете и тоа.
Поздрав
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom