Да, неинформираноста на Батерс не е ништо ново, тоа е составен дел од неговиот лик. Во ред е ако особините на ликовите се повторуваат, тие си се, Картмен мрази Евреи, мајка му е курва, Батерс е наивен итн. Но, кога неколку пати ваквите особини ќе ги ставиш во преден план без никаков контекст станува досадно, ОСОБЕНО кога нема да понудиш ништо смешно. Ако зборуваме за Батерс како лик, да ја земам на пример 'Butter's Very Own Episode', една од моите омилени епизоди од SP која игра токму на картата 'неинформираност', но ја става во даден контекст за на крај да се добијат моменти кои се смешни, но истовремено природни, неисфорсирани и се дел од еден поголем концепт. Новата епизода ми беше тотална спротивност, како Мет и Треј да не сакале да се замараат во стилот на 'Let's just make Butters drink cum'.
Делот со Ренди не ми сметаше толку, ама не ми се ни допадна, не поради тоа што не сум упатен во ситуацијата со NFL на која правеа пародија, или поради тоа што Ренди претерува, туку поради тоа што не ми беше смешно.
Д ботом лајн, главната маана на епизодата беше што не беше смешна. Не е до повторувањето до толку, ако мислеше дека тоа ми боде очи. Сепак, со Батерс можат да смислат многу поинтересни ситуации.
И зошто би хејтал една од моите Топ 5 омилени серии џст фор д сејк оф ит? Или во мода е тоа, а ја појма немам.