Соопштение за обложувачите

  • Креатор на темата Креатор на темата Avenger99
  • Време на започнување Време на започнување
Куров ме боли, не играм комар :icon_lol:.
 
Имам за подигање околу 100 000 денари од две кладилници. 60 000 од Копачка и 40 000 од Еврогол. Талоните беа уплатени во саботата и неделата, а се затворија во понеделникот, со Реал Мадрид. Денес бев во Копачка да си ги подигнам парите, (Еврогол не работеше) и не ми ги даваа парите без да платам данок.

Талоните беа уплатени и се затворија пред законот да стапи во сила. Дали некој правно може ова да го протолкува, и како да си ги земам парите без да платам данок?
Нема потреба да им плаќаш данок од 10%, бидејќи е уплатено пред законот да стапи во сила(Vacatio legis), можеш да ги тужиш.
 
Значи сакам некој кратко и јасно да ми објасни, тоа што ќе крадат по 10% од секој добитен лист на страна, дали на крај на година ќе ми бараат други прати, т.е двојно ќе оданочуваат, само некој да одговори на кратко ако може.

Нема двојно оданочување од ваков тип , не се физичките лица фирма па да се оданочуваат и за непризнаени расходи итн.

Сумирано , за секоја добивка ќе добиеш потврда од кладилницата дека е платен персонален данок . Сите овие потврди ќе си ги собереш до крај на годината и ќе ги внесеш на наредната даночна пријава (образец "ПДД-ГДП") која се поднесува до Управата за јавни приходи најдоцна до 15 март 2015 год во полето " Добивки од игри на среќа и други наградни игри " или можеби ќе додадат нова ставка во пријавата . Во тоа поле означуваш бруто добивка и вкупен износ на платени аконтации(персоналниот данок означен во добитното ливче-збирно)

Двојно оданочување има во смисла дека парите со кои ти уплатуваш тикет за обложување веќе се оданочени , дали од плата , претходна добивка итн. Штом плаќаш персонален данок на целата сума на добивката ти плаќаш два пати персонален во оној износ на уплатата.

Пример:
Уплата 100 ден . Добивка 150 ден. Персонален данок изнесува 15 ден (значи на целиот износ)
Ти на тие 100 ден веќе си платил данок (дали тие ти се од плата , претходна добивка итн)
Затоа е нелогично да се плаќа персонален на целиот износ и овој закон е против сите правни норми , туку треба да се плаќа на разликата од уплатата и добивката во примерот на 50 ден разлика на добивка и уплата односно 5 денари персонален данок.
 
Одлична идеја. Само наместо 10% да биде 35%. А убаво е да се плаќа такса на уплата.
Како во нормален свет. Кој добива да кешира на државата.
 
А рефундирање на 10% од секој изгубен тикет ќе има ли, поради потрошено време и изгубени нерви во 90+ мин.
 
А рефундирање на 10% од секој изгубен тикет ќе има ли, поради потрошено време и изгубени нерви во 90+ мин.


Да и боза гратис дават со секоја промашена квота над 5. :)
 
плукате сега кога бапнаа данок(не викам дека е ок законот), а кога ги делеа тикетите за на добивката да немате данок сите ќутеа??? ќе најдат решение и за овој закон, но зборот ми е гледајте реално на работите
 
плукате сега кога бапнаа данок(не викам дека е ок законот), а кога ги делеа тикетите за на добивката да немате данок сите ќутеа??? ќе најдат решение и за овој закон, но зборот ми е гледајте реално на работите
Па и треба да се делат. Шо мајка има некој да заработува на мој труд. Ај за фирми за такви работи даноци океј, ама и овде ли бе ?
 
Има тука некои финти, како што разбрав ти зимаат 10% од добивката и толку, али ако е така кој кур ќе им се наши податоци, едноставно можат да го расчистат со кладилниците.
 
Треба да имаат податок кој колку заработил.
 
Има тука некои финти, како што разбрав ти зимаат 10% од добивката и толку, али ако е така кој кур ќе им се наши податоци, едноставно можат да го расчистат со кладилниците.

Ти си обврзникот а не кладилниците , кладилниците во случајот вршат улога на собирач на данок .
 
Добро ама еве не сваќам, нека ми го оданочи листот 10% што му се него мои податоци или што ли упте не, рекетариве ќе бараат пари, ги осеќам.
 
И јас цело време тоа ви викам, они можат да го расчистат тоа со кладилниците, без да им зимаат на луѓето податоци, али работата е што има скриени финти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom