аллександар
Вечно ненаспан
- Член од
- 5 мај 2006
- Мислења
- 7.381
- Поени од реакции
- 2.523
моментално имам забрана за возење ... уште некои си 2 месеца.. ме интересира што би се случило ако ме сопрат џандари....?
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
моментално имам забрана за возење ... уште некои си 2 месеца.. ме интересира што би се случило ако ме сопрат џандари....?
во населба Аеродром сме полни со кршови кој стојат и 5-6 години на паркинг..
пријави во полиција и сите нерегистрирани ќе ги кренат ... не може нерегистрирано возило да стои на јавна површина, а паркинг од зграда е јавна површина (не е приватна од некого) ... така кај нас некој пријавил и дојде полицаец ги запиша регистрациите од сите и се врати со пајак за кревање на нерегистрирани ...
Делото не застарило, застарува извршувањето на прекршочната санкција, во твојот случај Забрана на управување со моторно возило во траење од 3 месеци! Значи, во рок од 2 (две) години од денот на правосилноста на пресудата (прашај во Суд кога пресудата е правосилна и нека ти стават печат за правосилност) МВР во возачката дозвола МОРА да ти ја впише забраната, инаку после тој рок од 2 години (ако не ти ја впишат забраната) настанува застареност на прекршочната санкција! Толку.Дали некој знае како иде ова со застарување на сообраќајни прекршоци?
Имено, 2009 ме фатија пијан и после следеше нормална постапка плаќање 200 еуричи, па после едно 5 месеци судска постапка и забрана од 3 месеци,
на што следеше моја жалба (по совет на адвокатот мој) со можност за условна казна, на што немаше одговор...
После цела година од приказнава, стига писмо у пошта кое наивно си го подигнав иако ме предупреди службеничката дека е од МВР, според кое
требаше итно да ја доставам возачката до МВР, што секако не го направивИ така дојде време кога отидов во странство, а МВР упорно отприлика околу денот кога беше направен прекршокот (13.12), доаѓаат на врата и ме бараат....
Прашањето е дали некад има шанси да застари ова дело?
Се е како што викаш, нема застареност, уште повеќе ако се има во предвид дека пресудата уште не е правосилна, бидејќи како што погоре беше напишано против таа пресуда е вложена жалба, а повисокиот суд сеуште не одлучувал по истата.Делото не застарило, застарува извршувањето на прекршочната санкција, во твојот случај Забрана на управување со моторно возило во траење од 3 месеци! Значи, во рок од 2 (две) години од денот на правосилноста на пресудата (прашај во Суд кога пресудата е правосилна и нека ти стават печат за правосилност) МВР во возачката дозвола МОРА да ти ја впише забраната, инаку после тој рок од 2 години (ако не ти ја впишат забраната) настанува застареност на прекршочната санкција! Толку.
Се е како што викаш, нема застареност, уште повеќе ако се има во предвид дека пресудата уште не е правосилна, бидејќи како што погоре беше напишано против таа пресуда е вложена жалба, а повисокиот суд сеуште не одлучувал по истата.
Сепак мислам дека повисокиот суд има одлучувано по жалбата, туку адвокатот го нема известено својот клиент дека судот одлучил, ЖАЛБАТА не е усвоена и дека глобата ќе треба да ја плати, а забраната да ја впише! Не знам, можеби грешам!![]()
Правосилност на пресуда е денот кога второстепениот (апелациониот) суд ја донел својата одлука со која жалбата не се уважува, а пресудата на првостепениот (основниот) суд се потврдува!Се сложувам со тебе и мислам дека е мнгоу веројатно да се има случено ова... и претпоставувам дека правосилност на пресудата настанува по одговорот од жалбата? Или грешам?
Ако е така дали во овој случај би важело ова?
З А К О Н ЗА ПРЕКРШОЦИТЕ
Член 42
(7) Застареност на прекршочното гонење настанува во секој случај кога ќе измине
двапати онолку време колку што според закон се бара за застареност на прекршочното
гонење.
Па не е тешко да дознаеш.Мислам дека ти ја одземаат возачката на подолго време.(2год.) Ништо чудно да треба да полагаш повторно.
Ако те сопрат џандари, ќе треба да платиш НОВА глоба во износ од 500 евра и НОВА забрана за управување со моторно возило во траење од 3 месеци до 1 година! А забраната од 2 месеци сеуште ќе треба да се „доотслужи“!моментално имам забрана за возење ... уште некои си 2 месеца.. ме интересира што би се случило ако ме сопрат џандари....?
1 месец е минимумот за изрекување на забраната (биди среќен што си поминал со толку)!Мислам дека не е така.Мене кога ми одредија еден месец забрана јас се пожалив дека таа ми е дел од работата и дека ќе треба да останам без работа.И дека нема друго решени.Ми рекоа епа вози и така.Реков ама ако ме фатат уште полошо.Ми рекоа не бе ако немаш друго решение веќе вози и така.Ми дадоа и други предлози демек да земам одмор за тој период.Но ми рекоа на крај вози и така.Не ми образложија што би ми се случило ако ме фатат да возам без возачка.
Но претпоставувам ќе се изрече вообичаена казна како управување на моторно возило без возачка дозвола.А за такво дело казната е 400 евра(ако се плати во рок од 8 дена е пола цена) и не се одзема возачка.
Така да за шофер на кој возачката му е дел од работата најдобра варијанта е да продолжи да вози па макар и уште една парична казна да добие за тој период додека му трае забраната.Зошто сепак ќе му истече забраната и возачката ќе се врати.Отколку да не вози и да остане без работа.Но тоа доколку некој има добро платена работа и работа која си ја сака.
Ако те сопрат џандари, ќе треба да платиш НОВА глоба во износ од 500 евра и НОВА забрана за управување со моторно возило во траење од 3 месеци до 1 година! А забраната од 2 месеци сеуште ќе треба да се „доотслужи“!
(не знам точно по кој член од Законот си казнет!!!)
http://www.mvr.gov.mk/Uploads/ZBSP- neoficijalen precisten tekst od 20.11.2012.doc.pdf
--- надополнето: 17 октомври 2013 во 00:17 ---
1 месец е минимумот за изрекување на забраната (биди среќен што си поминал со толку)!
Освен глоба, ПОВТОРНО се изрекува НОВА санкција Забрана на управување со моторно возило min 1 месец/3 месеци - max 1 година!
Така да, НЕ е баш најдобро шоферот да продолжи и понатаму да си води со впишана забрана у возачката!![]()